НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Одвај чекам на Атланта - ГСВ. Тогаш ќе се види колку и дали навистина е Атланта добра годинава.

Пред тој натпревар има 8 други. Според досегашната игра би требало Атланта да помине лесно со Индиана, Оклахома, Минесота, Бруклин, Портланд (хмм), Филаделфија и Вашинтон дома, и Њу Орлеанс во гости

Блиску бев. 7/8... Next Warriors... :)
 
Топ 4 ако бидат Хјустон, Харден дефинитивно МВП е.. Кари ги има Клеј и најдобрата ротација во лигата.. Хјустон е.. Харден[DOUBLEPOST=1423102030][/DOUBLEPOST]https://vine.co/v/OFXIq3Laex6
tumblr_n7e070jpJa1r33r0fo1_500.gif

Не те разбирам....тогаш зошто Коби добиваше МВП награди а покрај себе го имаше Шек? Зошто Леброн добиваше МВП награди а покрај себе ги имаше Вејд, Бош, па и една од подобрите клупи во последните неколку сезони?
МВП е чисто индивидуална награда, без разлика во кој тим играш и кои се твоите соиграчи. Еве на пример синоќа Кари имаше 51 поен, и постигна 10 тројки. Кој придонес во статистикава на Кари го имаше Клеј?
 
Топ 4 ако бидат Хјустон, Харден дефинитивно МВП е.. Кари ги има Клеј и најдобрата ротација во лигата.. Хјустон е.. Харден

Хјустон е 14ти офанзивен тим во лигата и 3 дефанзивен.

Логиката дека "Хјустон е... Харден" ми е нејасна....
 
Не те разбирам....тогаш зошто Коби добиваше МВП награди а покрај себе го имаше Шек? Зошто Леброн добиваше МВП награди а покрај себе ги имаше Вејд, Бош, па и една од подобрите клупи во последните неколку сезони?
МВП е чисто индивидуална награда, без разлика во кој тим играш и кои се твоите соиграчи. Еве на пример синоќа Кари имаше 51 поен, и постигна 10 тројки. Кој придонес во статистикава на Кари го имаше Клеј?
Коби има само едно МВП, 2008 кога Крис Пол требаше да земи.. Леброн тука нема шо да биди спомнуван бидејќи освен првата сезона 2010-2011 кога Вејд сеуште беше меѓу најдобрите играчи останатите разлика помеѓу Леброн и втората/трета опција на тимот беше огромна..
Мајами 2011- Џејмс, Вејд, Бош, Биби, Хаслем, Илгаускас, Чалмерс, Џоел Ентони, Аројо, Милер
Вориорс 2015 - Кари, Томсон, Богут, Барнс, Грин, Ли, Игудала, Спејтс, Ливингстон, Барбоса

Кај ќе одиме :icon_lol:

Томсон нема придонес на статистиката на Кари но има ОГРОМЕН придонес на скорот на Вориорс како и останатиот тим. Неможи истото да се кажи и за Хјустон каде што Хауард пола сезона ја пропушти а и тогаш кога играше беше прилично дупка..
После губењето на Ашик и Лин и неможноста да се донеси Мело, памтам еден куп луѓе Хјустон го имаа и надвор од плејофот, но еве ги топ 3 се, без Хауард и со ЏОШ ФАКИНГ СМИТ

Хјустон е 14ти офанзивен тим во лигата и 3 дефанзивен.

Логиката дека "Хјустон е... Харден" ми е нејасна....
Па баш дека се 14ти.. ако не беше Харден кај ќе беа?
Слична ситуацијава е како со Роуз во 2011 кога зеде МВП само што Хјустон има послаб ростер и тренер.. Добри одбрани и двете екипи но зависат од само еден играч во напад. Добар напад>добра одбрана секогаш во спортот.. Добро скоро секогаш, неќам Марли да замара со 04 Пистонси сега. Или да се јави некој фан на Мурињо :unsure:
 
^ Баш обратно е, има поговорка која вели одбраната ги носи титулите. Без квалитетна одбрана, џабе ти е секогаш. Ајде кажи ми еден единствен тим кој само со run&gun кошарка, без одбрана успеал да освои нешто?
 
Па баш дека се 14ти.. ако не беше Харден кај ќе беа?
Слична ситуацијава е како со Роуз во 2011 кога зеде МВП само што Хјустон има послаб ростер и тренер.. Добри одбрани и двете екипи но зависат од само еден играч во напад. Добар напад>добра одбрана секогаш во спортот.. Добро скоро секогаш, неќам Марли да замара со 04 Пистонси сега. Или да се јави некој фан на Мурињо :unsure:

1. После се чудиш зошто некои те напаѓаат за Грифин и Клиперси. Ова болдираното ама апсолутно не е точно особено не на тимско ниво. За тимовите одбраната и нападот се подеднакво важни. Ако сметаш на ниво на играч, нападот е за нијанса поценет ама само затоа што и најслабите одбранбени играчи не се до толку очајни во одбрана колку што се најслабите офанзивни играчи во напад, а не затоа што нападот е пвоажен од одбраната.

2. Јас не реков дека Харден не е добар. Напротив е еден од тие 4-5 играчи кои ќе се борат за МВП годинава и без него нападот ќе беше секако доста послаб. Ама апсолутно не се согласувам дека сам го носи тимот затоа што тимот е добар затоа што играат одлична одбрана сезонава, а одлична одбрана сигурно не играат заради Харден. Ако играат одбрана како што Харден игра поединечно сега ќе беа 12ти на западот, а не меѓу кандидатите за титула. Добра одбрана имаат заради Howard, Ariza и Beverly, донекаде и Motiejunas. Без неа тешко нив ќе беше.

П.С. Мене ако ме прашате јас MVP би му дал на Дејвис иако тимот најверојатно нема ни до плејоф да дотурка. Ама во секој случај е рано и трката е блиска. Davis, Curry, Harden, LeBron, Paul и M.Gasol се сите сеуште во игра.[DOUBLEPOST=1423155522][/DOUBLEPOST]
Ајде кажи ми еден единствен тим кој само со run&gun кошарка, без одбрана успеал да освои нешто?

Run & Gun Кошарка не значи кошарка без одбрана. Голден Стејт играат некој вид на тоа што вие го сфаќате како run & gun сезонава, па пак ја имаат најдобрата одбрана во лигата.

А за титула треба се, и одбрана и напад.
 
Не сакав да се мешам ама Сад на последното светско играја ран анд ган и ги прегазија сите со 20 - 30 разлика
 
Дејвис нема никаква шанса за МВП.Тимот тешко и плејоф да фати а башка што МВП секогаш се бира од првите 3-4 екипи.Се одвоија до сега Кари и Харден ма да ако продолжат вака Кливленд и Џејмс може да се вброи ма да не верувам пред овие двајца да иде...
 
Дека така ќе биде тоа се подразбира. Всушност дури би одел дотаму дека ако во овој момент се бираше Curry ќе беше 100%. Ама има уште 40% од сезоната да се доигра па многу работи може да се сменат. Во секој случај ене ако ме прашаш најмногу МВП сезонава заслужува Дејвис без разлика што тимот му е 15ти наместо во топ 3-4.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom