НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Вечер Мајами - Клиперс , дај некој онлајн да има да коментираме у живо :D
 
@The Procrastinator ми се лутиш што ти ставив лајк? :D Ептен ми се свиѓаше сликата, морав. :D

Леле вчера Коби го одрав од пцуење, у живот го немам пцуено толку. Гледав со еден другар кој исто е прегорен за Лејкерси и такви си ја пратиме цела утакмица лабаво и доаѓа 4та четвртина и почињаме да се нервираме. Почна Коби да се глупира и да шутира некои безвезни шутеви и такви и двајцата: Мајмун еден подај ја бе, НЕ ИГРАЈ САМ. И влага Бузер у игра, промашува 4 по ред и почињаме: АБЕ ГЛУП ЕДЕН ПА ДАЈ МУ ЈА НА КОБИ БЕ, ШТО КУР ШУТИРАШ КОГА ТРЕБА ПОД КОШ ДА ИГРАШ. :pos: За на крај царот Весли Џонсон да ја реши утакмицата со две погодени слободни и украдена топка на Харден и фаул кош после тоа. А пред да почне утакмицата му викам на другаров: Абе како може да е толку слаб Џонсон сезонава... И нормално откако го спомнав утакмица на сезоната изигра. :D

Дефинитивно Јанг е факторот икс кај Лејкерси во овие две победи по ред. Каков цар е типот тоа е нешто немогуче... Какви шутеви погодуваше :cuc::cuc: Му замерувам на Бајрон Скот што не го игра многу Ед Дејвис а е 245 пати подобар и покорисен од онаа паштетана Бузер.


Се ми е јасно, ама Лејкерс играа во 3 и пол сабајле. Зарем другарот твој дома го имаше така сабајлечки? И уште поинтересно што е, на тоа дерење, твоите не станаа од спиење? :D
 
Се ми е јасно, ама Лејкерс играа во 3 и пол сабајле. Зарем другарот твој дома го имаше така сабајлечки? И уште поинтересно што е, на тоа дерење, твоите не станаа од спиење? :D
Стефан Коби и другарчињата Коби кога ќе дај кош во 3 сабајле
miss-philippines-o.gif
 
За сите фанови на Мајами (ко мене) еве ви попаметна работа доколку го гледате дебалот среде Американ Еирлајнс , боље глејте го ова , поинтересно е а и нема да се нервирате :D
 
Се ми е јасно, ама Лејкерс играа во 3 и пол сабајле. Зарем другарот твој дома го имаше така сабајлечки? И уште поинтересно што е, на тоа дерење, твоите не станаа од спиење? :D
Кај него гледавме, со уште двајца другари, али тие двајцата после Кавс-Спарс заспаа. :D Ја и овој ко удрени за Лејкерс коси кубеме. :D
Иначе нема проблем за дерење, чим он се дере можам и јас. :D[DOUBLEPOST=1416576252][/DOUBLEPOST]
Јас пак си гледав Кавс-Спарс сношти... у кратки црти Антонио не играат на ниво,ме разочараа со играта. Паркер одсечено некако, незаинтересирано игра , Тим прави грешки несвојствени за него, и најважно за шампионот, за тројка шутираа катастрофално, под нивното препознатливо ниво од лани... кај домаќинот што забележав е дека многу ќе зависи од тоа каква вечер има кралот Џејмс( мислам дека у 2ра 3та и 4та четвртина не постигна повеќе од 10 поени, не е доволна константноста на Кевин и Кајри , Леброн мора да се врати во форма, некако игра со страв , под притисок како да е... разбирливо донекаде по камбекот у Кливленд... и така вечер ќе се гледа Жешките против Клиповите , Блејк и Крис ги немам гледано сезонава , да видиме некоја атракција мајке му....
Пер ко да не ги знаеш Спарс, секоја година истата песна ја тераат. Си го ладат на почетокот, после накај Ол Старот ќе фатат серија од 15 победи, па пред плеј офот ќе калкулираат и ќе ги одмараат клучните играчи на неколку утакмици и во плеј офот газење. :D
 
Кај него гледавме, со уште двајца другари, али тие двајцата после Кавс-Спарс заспаа. :D Ја и овој ко удрени за Лејкерс коси кубеме. :D
Иначе нема проблем за дерење, чим он се дере можам и јас. :D[DOUBLEPOST=1416576252][/DOUBLEPOST]
Пер ко да не ги знаеш Спарс, секоја година истата песна ја тераат. Си го ладат на почетокот, после накај Ол Старот ќе фатат серија од 15 победи, па пред плеј офот ќе калкулираат и ќе ги одмараат клучните играчи на неколку утакмици и во плеј офот газење. :D
Се сложувам со напишаното . Со таа разлика што никогаш Сан Антонио не ја одбраниле титулата , дури и кога биле шампиони знаеле неочекувано да испаднат рано во плеј оф . А каква е ситуацијата на западот може пак да бидат изненадени Сан Антонио во плеј оф иако во анкетава гласав дека ќе ја освои Сан Антонио титулата оваа сезона . Реално Далас и Мемфис се тимовите што најмногу имаат шанса да го победат Сан Антонио во плеј оф на запад , Клиперси се далеку од нивото за да победат во плеј оф серија против Сан Антонио , а Оклахома ќе изгуби време кога ќе се вратат Дурент и Вестбрук во тим ќе им треба време да се сложат коцките ќе биде проблем за Оклахома да биде на 8 место на запад но верувам дека можат до плеј оф да стигнат . Портланд е солиден но немаат клупа освен Кејман а и Олдриџ против Данкан нема толку добра игра и процент на реализација на шутеви , а Хјустон против Сан Антонио исто тешко ќе добие плеј оф серија ќе пробаат на брза игра да поминат играчите на Хјустон во потенцијална плеј оф пресметка со Сан Антонио иако тоа нема да им помине на терен . А Голден Стејт играат можеби убава напаѓачка кошарка но оваа нивна игра на моменти изгледа како да се каубои на терен едноставно Стеф Кари и Томпсон нема да имаат вакви игри во плеј оф кога ќе им дојде поцврста одбрана од повеќето противнички тимови . Само Далас и Мемфис можат нешто со Сан Антонио евентуално Голден Стејт . Ќе навивам Дирк да земе уште еден прстен .
 
Разликата е што лани играше голема улога одлучувачката да се игра пред своја публика. Оклахома нема теорија да заврши пред Спарс (ако не се деси некоја голема незгода) така да не е битно толку во реглуарна сезона да се брка првото место. Од другите на запад Мемфис ми се најопасни али па очекувам на крајот да бидат под Спарс.
 
Кој им е куров со модата кај Клиперси. Глеам и Док Риверс сеа пуштил бркови ццц чија е идејата ме интересира само :D
 

Дејвис е чудовиште. Како тргнал којзнае кај му е крајот. Само да го служи здравјето. Таква тотална доминација на 21 година никогаш не сум видел. А што е најневеројатно не е ни близу до остварување на својот потенцијал. Не можам ни да замислам што ќе значи уште ако напредува...

Искрено со оглед на ситуацијата сезонава, мислам дека уште сега ќе биде главен кандидат за МВП иако претпоставувам дека ако заврши вака сезоната Steph Curry ќе има поголеми шанси бидејќи неговиот тим ќе биде меѓу најдобрите 2-3.
 
Апсолутно се слагам со Xsago. Дејвис е страшен, значи СТРАШЕН!!! (и тоа не поради веѓите :icon_lol:) Она што најмногу ми се допаѓа кај него е тоа што е голем работник и не се прави фаца, односно ѕвезда, мирен, тивок и си го остварува замисленото.

Чим сега има вакви бројки којзнае какви ќе има кога ќе созрее скроз... Само да го избегнат повредите.

Вечер има одлични утакмици и ќе се прати цела вечер. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom