Очекував многу подобра игра уште на стартот за Лејкерси ама нешто слабо , рано е да прогнозирам ама со ваква игра нема да догураат до плејоф а поготово па у западот каде што ке биде тепање за плејоф и многу е потежок западот...слабо слабо лејкерсииии
Плејоф????


Абе дечки ви реков јас дека последни ќе бидат Лејкерс, ме праевте улав

Дури и полоши се од што очекував. И не да плачите бидејќи тоа е најдоброто нешто што можеше да му се случи на тимот оваа сезона. Ако го изгубат драфт пикот кој му го должат на Феникс (топ 5 заштитен), Лејкерс нема уште 5 години да се опорави.
Друго, има некој посебна причина зошто толку ги потценувате Јута? Не се ни приближно толку слаба екипа како што мислите. До плејоф не можат во таа конкуренција на западот сеуште, ама далеку се од 2ри најслаби.
И не се согласувам дека истите 8 на западот ќе поминат во плејоф. Чекајте има време ќе има повреди и сл. Веќе се осеќаат разлики од минатата сезона кај многу тимови - некои на подобро некои на полошо.[DOUBLEPOST=1415291944][/DOUBLEPOST]
Irving и Waiters.
Кливленд моментално изгледа како Њујорк под Мајк Вудсон. Сите сами играат (освен Лав и Варежао). Дури и Леброн е во очајна форма на стартот на сезоната.
Ќе ги среди Блат ама ќе треба време. Делуваат како да немаат јасен концепт што треба да прават моментално во напад. А во одбрана, се знаеше дека ќе биде тоа подолготраен процес. Реално немаат капацитет за којзнае каква одбрана да играат со само тројца квалитетни дефанзивци во цела екипа (Леброн, Варежао и Мерион).
П.С. Со Јута имаа 6 асистенции. Тоа се опишува за екипата моментално. 6 асистенции и 12-13 изгубени топки за 48 минути.