Јас пак баш напротив мислам

Го земаа Хил на 2 годишен договор од вредност 18м, од кои само 9 се гарантирани, т.е. му даваат година да се развие и докаже дека може да биде дел од тимот на долг план. Втората година му е тимска опција, т.е. ако нема перформанси кои се очекуваат од него го пропуштаат на слободниот пазар, ослободуваат голема пара (9м), а ако пак продолжи да гази, нема да му го продолжат но ќе го потпишат на пример 4 годишен договор со исто толкава сума(4години по 8-9м). Сигурно ќе прифати, бидејки ќе му биде првиот пејдеј го кариерата. Win-win ситуација, Хил лапнува големи пари и перформансите му се на ниво, т.е. се развива како што треба и е решение за центар во наредните години, додека пак Лејкерс добиваат вешт центар по поволна поради очекувањето да се зголеми капот за околу 15м за 2016-17 година од новиот телевизиски договор.
Лин го земаа како истекувачки договор, уште оваа година од 8м договор има, а со оглед на перформансите што ги прикажува до сега не ветува многу и би можел да остане на некој многу мал договор. Доколку не го сакаат Лин после сезоната, едноставно продолжуваат понатаму, и патем ослободуваат 8м од капот. Додади на тоа дека и платата на пензионерот Неш си оди од книгите, плус 4-5 играчи на минимални договори.. Лејкерс би можеле да бидат големи играчи на полето на слободни агенти најрано за 2 години. Се си имаат испланирано тие, не се од вчера, знаат како работи бизнисот.
Иначе Коби има изјавено дека само се согласил на договорот, т.е. Лејкерс го прецениле на 24м по сезона и тој само удрил потпис. Тоа може да се гледа од различни перспективи. Сакаат да му се заблогодарат за досегашните достигнувања и фановите го оправдуваат, но можел да направи и како Дирк, да го погледне договорот, да им каже дека сака намалување за да поголема финансиска флексибилност и тие да дејствуваат. Второто сепак според мене би било далеку подобро прифатено од фановите, па дури и играчите кои ќе бидат слободни агенти утре. Од една страна може да се кажи дека Коби е себичен и дека му зинал гзот за пари, но од друга страна и дека ја заслужил наградата што му ја дадоа. Како што кажав зависи од која гледна точка ја гледате ситуацијата.
Како и да е, штета е што најверојатно ќе си замине од кошарката без конкуренција за уште еден прстен. Баш би сакал да може да направи уште еден напад на титула, ама ќе треба сите ѕвезди да им се поклопат на Лејкерс за такво нешто.