НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Напишав погоре што е за мене подобро, очигледно на различни начини сфаќаме што е добро во кошарката, така да не наметнувам мислење на никого
 
padnal na sportska ne e timot :D
Да и тоа е ама и за Галата е мислам,инаку какви се овие глупости дека Евролига била лоша кошарка.вашиот проблем е тоа што се научени на атракции,затоа не ви чини.
 
Евролига, за разлика од ова личи на кошарка. Во Нба кошарката престана да биде главна цел од пред 7-8 години.

Тоа си е твое лично мислење. Не знали дека е така.

Јас повеќе од сите други би сакал да има квалитетна кошарка и во Европа, ама Евролигата за жал е светлосни години зад НБА моментално од квалитетот на кошарката, преку изенадченоста на тимовите па се до нивото на организираност.
 
Евролига ако сака да се доближи до НБА, прво треба да воведе НБА правила. Вака кога ќе изгледаш една утакмица од Евролига, па одма после тоа утакмица од НБА изгледа како да гледаш два различни спорта.
 
Да и тоа е ама и за Галата е мислам,инаку какви се овие глупости дека Евролига била лоша кошарка.вашиот проблем е тоа што се научени на атракции,затоа не ви чини.

Нема никаква врска тоа со атракции туку исклучиво со нивото на кошарка која се игра, нивото на организираност на тимовите и лигата па дури и нивото на деталино аналитичко следење на кошарката како спорт. Сите тие за жал се незамисливи за Евролигата моментално. Не се правете сега како да не сме погледнале ние Евролигашки натпревар и не знаеме каква кошарка се игра. Единствена предност на Евролигата во однос на НБА е што има подобри навивачки групи на трибините. Ама тоа е битно само ако си во салата, за на ТВ и не ти менува многу.[DOUBLEPOST=1423245269][/DOUBLEPOST]
Евролига ако сака да се доближи до НБА, прво треба да воведе НБА правила. Вака кога ќе изгледаш една утакмица од Евролига, па одма после тоа утакмица од НБА изгледа како да гледаш два различни спорта.

Не дека правилата се до толку различни, ама тие неколку ситници создаваат доволно суштински разлики кога ќе го гледаш спортот. А не се секирај ФИБА и НБА веќе подолго време работат на изедначување на правилата (макар што од досега тоа што е тоа во главно оди на промена на ФИБА правилата и нивно адаптирање како НБА).
 
Добра е и европската кошарка,посебно Евролига.Сега нормално дека нема шанси да се споредува со НБА,каде има премногу пари и е развиена многу.Како англиската лига во фудбал,пари како танкери имаат и затоа им е најразвиена лигата и има доста изедначени натпревари.Така и Евролигата спрема НБА.Разликата е очигледна,а тоа е парата.Парата прави инфрастуктура,парата носи ѕвезди,парата едноставно прави се да личи како што треба.Не секогаш е пресуден кешот,ама во 90% од случаите тоа е така.Без пари и од дома не се излага.:)

Кој е љубител на одбрана,нормално преферира европска кошарка.Сигурно нема да го гледа Казнс и Леброн кај што си одмараат.Такви грешки и одма на клупа 2 четвртини ќе спие.

НБА е атракција самата по себе,од ѕвезди до луди потези.Играат 8 минути повеќе и паѓаат доста кошеви.Европската кошарка доколку го смени тоа правило,ќе цркнат играчите.Немаат толку широка ротација,не е изводливо доколку не влезе некоја посериозна пара.А и не се такви атлети како америве и осталата багра во НБА.
Кошарката е на друго ниво таму,а и играчи имаат на тон.Како Бразил во фудбалот.Низ цел свет бразилци,извезуваат нон стоп.Тоа е Америка во кошарката.

ЦСКА и Реал со уште некој играч во ротација имаат шанса да се носат во НБА,но реткост се вакви тимови во Европа.

Мене искрено не ми е жал за разликата,бидејќи сепак си има шмек и оваа "послабата" кошарка.
 
НБА , Ал Стар пратам од забава а далеку повеќе ја почитувам европската кошарка . НБА ми е интересно кога ќе стане посериозно у плеј оф.
Не знам колку пратите ама Евролига е досга атрактивна у последни години сепак не може да се спореди со НБА прво заради парите.
А НБА судиите нејќам да ги споменувам и штитењето на некои звезди.
 
И Евролигата е доста изедначена,секоја година повеќе тимови се во конкуренција за прво место и често се случува некој аутсајдер да изненади и да освои( Олимпијакос пред 2/3 години, лани Макаби итн.). Правилата се многу слични, и не гледам причина за нивна промена. Европа си е различен свет од Америка,ако сакаат нека играат они и по 30 минути четвртина и нека прават концерти на полувреме од по 2 саата, ама нема зашто Евролига да ги менува правилата според Нба. Мене ми е 10 пати поинтересно да гледам утакмиц со тактичко надмудрување, зони,изработени акции и слично, За разлика од играње 1на1 од ѕвездата во тимот или кој повеќе пати ќе ја закуца. Порано беше нешто, ривалство имаше,сега се е за пред камери и маркетинг , да ти се одмили да гледаш.
 
Кога ќе се слули она на Клеј,Кари,Ирвинг сеознава шо здивеа у утакмица ќе гледам Евролига цела а не како досега само фајнл фор.Инаку плејофот е 80тина утакмици,тоа ти е како уште една сезона така да па е два пати подолга од евролига
 
Не е точно дека во Евролигата се игра појака одбрана отколку во НБА никако. Ни приближно. Има одредена разлика во правилата + 8 те минути пократките натпревари кои можеби ви прават илузија дека е така.

Тоа што европската кошарка имаше на некој начин предност во однос на НБА беше потимскиот стил на игра кој одамна преовладуваше во Европа но не и во НБА. Но со одредени ппромени на правилата кои ги донесоа американците пред некои 10 години и тоа почна доста да се менува и сега и голем дека од НБА тимовите имаат воведено па дури и усовршено некои тактики кои бе почести во Европа во минатото. Пред се тоа е заслуга на Сан Антонио ама сега скоро сите до одредена мера одат во таа насока.

А инаку немаат никакви шанси најјаките Евролигашки тимови со НБА тимовите. Во еден натпревар можеби може некогаш да се случи да победат особено ако овие не се замараат, ама да ја префрлиш пример ЦСКА во НБА последни ќе бидат. Дури и да имаат играчи темпото на игра од 4 натпревари од по 48 минути неделно и ~100 натпревари по сезона во просек е незамисливо за европска екипа и тотално ќе се распадне уште во вториот месец.
 
НБА го менува плеј-офот
Изразената неизрамнетост на квалитетот на екипите на Истокот и Западот во НБА лигата, водечките луѓе во ова натпреварување ги наведе да бараат нов начин на одредување на екипите што ќе се пласираат во доигрувањето.
Според новиот предлог, во завшницата ќе одат најдобрите 16 екипи, без разлика од кој дел од Северна Америка доаѓаат.
Извор on.net.mk

Дај бе финале Далас - Сан Антонио :cool:
 
Извор on.net.mk

Дај бе финале Далас - Сан Антонио :cool:

Нема нов официјален предлог сеуште туку по вторпат Силвер изјавува дека очигледно е потребна промена, што е од километар очигледно и дека веќе има некои интерни разговори. Се шпекулира нешто со 6те шампиони на дивизиите гарантирано место во плејоф а другите 10 по скорот да се подредат. Ама и тоа не е сигурно со оглед дека се разгледува и евентуално менување на конференциите општо земено.

Битно е дека некои измени ќе има најверојатно, а претпоставувам дека дури и од идната сезона, ама не се знае сеуште какви ќе бидат.
 
Кога ќе се слули она на Клеј,Кари,Ирвинг сеознава шо здивеа у утакмица ќе гледам Евролига цела а не како досега само фајнл фор.Инаку плејофот е 80тина утакмици,тоа ти е како уште една сезона така да па е два пати подолга од евролига
Па значи ти гледаш само на секој игра посебно,колку коша ќе даде асистенции и слично.Па еве пример,си го гледал Навара Серхио Родригез какви потези прави?да му позавидат многу Нба играчи.Овде е друга работа вкус е у прашање,а за вкусови нели не се расправа,овој муабет еднаш е веќе правен
 
Еј, дај прекинете со дискусијата околу Евролига и НБА. Факт е дека тоа се следи по вкус, на кој, што му одговара. Тоа е исто како да правиш муабет зошто слушаш ваква музика, зошто ти е овој омилен глумец, или зошто за овој клуб навиваш. Доста е дискусија околу ова, пошто се се врти околу една точка - вкус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom