НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
И пак Вестбрук крив, дај бе или гледајте ги цели натпревари, или воопшто не гледајте ...
 
Проблемот е бенчот на ОКЦ, далеку послаб од оној на Клиперс. Се изморија Дурант и вестбрук на крајот и нормално почнаа да грешат. Не е првпат ова да се случува со ОКЦ...
 
И пак Вестбрук крив, дај бе или гледајте ги цели натпревари, или воопшто не гледајте ...
Не скроз ама делумно он е највеќе крив, не заради шутот на крај туку заради флегматичноста во последните 2-3 минути. Прво, исфорсира два шута, онака преку рака и од невозможни позиции, а втора работа попушти драстично во одбраната, али делумна кривица за тоа имаат петте фаули а и Скот Брукс кој не го стави Фишер во игра, еден од подобрите дефанзивци во тимот.
 
Ибака кој гнасен играч е... и лани и годинава на грифин му мава бокс у ташаци
 
dur westbrook saka da bide broj 1 niso nepraat oklahoma....golem igrac znae koga treba da zastane u senka...
 
Најпрво Стивенсон ќе направеше тешка глупост и ќе ја заебеше ситуацијата, а потоа Вашингтон тотално ја утнаа работата при изведувањето на аутот и им подарија посед на Пејсерси, а и изгубија 5 цели секунди. Џорџ фантастичен, сегде го имаше по теренот, и во одбрана и во напад не застануваше. Инаку Индијана имаше само 2 поени од клупа, и тоа Си Џеј Вотсон. :eek: Да бидам искрен одамна се немам сретано со ваква статистика и треба капа да им се симне на Индијана за тоа како успеаа да победат со оглед на фактот дека имаа само 2 поени од клупата... Xsago убаво кажа дека главен проблем на Вашингтон е тренерот и неискуството на тимот, што впрочем се примети вечерва. Поведоа 9 разлика на почетокот на 4/4 и кога требаше само да ја одржуваат дозволија драстичен пад и им дадоа шанса на Пејсерси за кам бек и победа.

Симпатичен тим се Визардси али повеќе од нив догодина, ем ќе бидат поискусни ем се надевам ќе го дошминкаат тимот.

П.с. Џорџ ми е еден од најомилените играчи само затоа што игра фантастична одбрана, не му е цело време паметот во напад, како на повеќето од ѕвездиве. Страшен е Џорџ и лека полека излегува од кризата во која беше во овогодинешниот плеј оф, еве конечно една партија која доликува на неговите способности.
 
Проблемот е бенчот на ОКЦ, далеку послаб од оној на Клиперс. Се изморија Дурант и вестбрук на крајот и нормално почнаа да грешат. Не е првпат ова да се случува со ОКЦ...
Да, послаб е, ама не до толку.

Работата е што Брукс воопшто не ни им дава шанса, ни да поминат некое подолго време на паркет, а ниту прави акции за нив да ги разигра.
Погледни ги последните 10тина, па и више напади на ОКЦ, Дурант на висок пост чека топка и толку, после он ја решава. Ако неможе, Вестбрук иде на влез.

А спореди ги со оние на Клиперс, Пол, Крафорд, Колисон, Грифин, на никој не му беше страв да шутне, а Пол имаше верба во соиграчите и место он да ја решава како најдобар играч вадеше надвор за Крафорд, Колисон, на пик н рол за Грифин...Дури јас бев зачуден од тоа колкава слобода имаше на крај Колисон, ама ете кога тренерот им дава шанса на играчи од клупа, му враќаат, а Брукс нека си ја тупи главата како ја изгуби утакмицава, добиена на 5 мин до крај.
 
Realno bruks ne e dovolno kvaliteten dA gi odnese do titula ni Godinava,ni ponatamu

Sent from my HTC Desire X using Tapatalk
 
Оклахома се страшно еднодимензионална екипа. Дај му ја топката на Дурант, па нека прави со неа што може и сака. Или Вестбрук со цела сила ќе се затрча накај кошот, па што биде нека биде.
Малку сум надвор од случувањата во НБА, па дали може некој да ми објасни зошто пред две-три години го дадоа Харден? Нешто беше во врска со парите?
Со Харден ќе имаа многу повеќе опции во нападот и немаше да бидат толку предвидливи. Перкинс во напад е бескорисен, Ибака е солиден на секоја трета утакмица. Вака, дури и да ги поминат Клиперси, пак ќе јадат ќотек од Сан Антонио.
 
Koj и да мине го јаде од биг 12
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom