НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Никогаш ама баш никогаш не се драфтува според тоа кој е "најспремен". Барем не паметните тимови. Да не зборувам што многу често тие "најспремните" не се покажуваат којзнае колку спремни.
Xsago, што мислиш, дали е попаметно за колеџ играчите да преминат во НБА по првата година, како Ентони, Бош, Дурант или по втората/третата како Реј Ален, Ајверсон, Картер ? Или e релативно, во зависност од тоа за каков профил на играч се работи ?
 
Генерално зависи, ама мене ако ме прашаш треба да им дозволуваат уште од средно да одат во НБА тие што се спремни. Ако покажале дека се добри како помлади треба веднаш да одат во НБА. Не сум за непотребно оддолжено останување. Всушност, јас обично не ги сакам оние кои не биле добри во првата година на колеџ и останале додека не се добри како постари. А тие што се веќе добри не сфаќам зошто би останале.

А инаку мислам дека многу зависи од тимот во кој ќе се паднат. Ако се паднат во тим кој се грижи за нивниот развој, колку порано толку подобро, сигурно повеќе ќе научат во НБА. Ама ако се паднат во некој од заостанатите тимови кои ќе ги зафрлат на страна, нема да посветуваат доволно внимание на нив на тренинг и ќе им даваат минутажа на некои дедовци кои не се ниѓто поарни од нива само имаат име, тогаш можи да се заебат.
 
Јасно. :)

Мислам дека таков тим кајшто најлесно се развииваат играчи е Феникс, и руки и играчи со неколку pro years. Не знам како им успева, но и од играчи со релативно просечни способности знаат да створат солидни стартери.

Крајна спротивност е Милвоки. Тим кој последниве десет години константно се затупува со глупави договори. Имаа доста шанси да створат тим кој може да дотурка и до конференциско финале. Со Богут и Џенингс можеа. Со Мајкл Ред, Мо Вилијамс и Богут исто така. И наместо да трејдаат вредни играчи и изградат силен тим, ги носеа Монта Елис, О.Џ. Мејо, Вилануева итн. сите со големи договори, а безкорисни. Секоја чест.

И Вигинс да го драфтуваат годинава, џабе. Ќе потрошат само вредни години од неговата кариера.
 
Хммм не би се согласил баш. Не е се до тоа кои играчи ги купувале. Милвоки има доста солидна работа завршено последниве години со развој на играчи. Нивната грешка беше што упорно беа тим со 35 победи, а полошо од тоа не можи.

Јас би рекол дека најдобри за развој на играчи се Сан Антонио. После нив би рекол Оклахома Сити. Индијана исто така има импресивна работа завршено со George, Stephenson и Hibbert. А за лоши отсекогаш за најлоши сум ги сметал Вашингтон. Колку само таленти упропастија тие чудо едно... Инаку на пример во моментов најлош би рекол дека е Кливленд. Катастрофално ја води кариерата на нивните неодамнешни пикови...
 
А за лоши отсекогаш за најлоши сум ги сметал Вашингтон. Колку само таленти упропастија тие чудо едно...
На кој мислиш поточно ? Од овие драфтуваните, и не се нешто да кажеш дека ги упропастиле, за Nick Young и McGee одамна се знаеше дека имаат ниско кошаркарско IQ. Kwame е лош скаутинг не е до тимот.

Инаку, Ленс Стивенсон ќе биде слободен ова лето, некои предвидувања каде ќе потпише ?
 
Коби нема да игра на Ол Старот. Се чека од заменикот комесар на НБА да одлучи кој ќе игра место него. Лично јас сум за Лилард.
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 11:53 ---
:facepalm: :pos:
1505464_10153739716340277_51446403_n.png
 
На кој мислиш поточно ? Од овие драфтуваните, и не се нешто да кажеш дека ги упропастиле, за Nick Young и McGee одамна се знаеше дека имаат ниско кошаркарско IQ. Kwame е лош скаутинг не е до тимот.

Инаку, Ленс Стивенсон ќе биде слободен ова лето, некои предвидувања каде ќе потпише ?

Без разлика на ниското IQ и Young McGee можеа да бидат подобри отколку што се. Vesely (беше фантастичен во Партизан ако се сеќаваш), Seraphin, сега гледам и Porter сите доста талентирани сите ги упропастуваат. А и Wall и Beal мислам дека ќе беа многу подобри да беа развивани во друга екипа, и тие се делумно упропастени.

А за Stephenson мислам дека ќе си остани во Индијана. Се друго би било огромно изненадување, а ќе биде и погубно за неговата кариера.
 
На кој мислиш поточно ? Од овие драфтуваните, и не се нешто да кажеш дека ги упропастиле, за Nick Young и McGee одамна се знаеше дека имаат ниско кошаркарско IQ. Kwame е лош скаутинг не е до тимот.

Инаку, Ленс Стивенсон ќе биде слободен ова лето, некои предвидувања каде ќе потпише ?

Сабајле гледав ЕлЕј Пејсерс, коментаторите на 3 пати спомнаа дека Ленс ќе биде free agent летово и дека Индијана веќе спрема продолжување на договорот. ( уште не мие е јасно како до 7 успеав да гледам NBA утакмица а да не е плеј оф )
 
Втора младост живее, ебате тоа фиромецот :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom