NBA Finals 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .
Па ќе има. Јасно беше тоа.

Мемфис мора да тепа денс!
 
@eikosanoidi
Гледам си ме цитирал, и за беља го прочитав цел пост, не те знаев што си каков си и многу се заебав. Ако ти имаш нешто против Лејкерс чувај си го тоа за себе, никој не ти вели да навиваш за нив. Ова е тема плеј оф каде што секој си коментира општо за сите утакмици од плеј офот без разлика на тоа за кој тим навива. Ако сакам да напишам нешто ептен пристрасно за Лејкерс и да плукам по другите клубови тоа ќе го направам во фан клубот на Ел Еј.

Иначе, ДА мислам дека Деневер се рутина за Лејкерс зашо ако ја гледаше утакмицата вчера, а го има тоа и на хајлајтсот на нба.ком, во една ситуација коа Лејкерс прими кош, Барнс изведе од под кош а на другата половина беа Гасол, Бајнам и еден играч на Денвер, значи чим двајцата највисоки и најспори од Лејкерс ги надтрчуваат сите 5 души од Денвер јас стварно не знам кој друг збор да го употребам освен рутина. За смене смешен тим се Нагетс во споредба со Лејкерс, Мајами, Чикаго и останататите јаки тимови.

Тој муабетот за бананите на Џавеил ти е епик фејл, од сите играчи на Нагетс ти најде да ми го спомнеш најглупавиот во цел тим, а и општо во цела лига. Меги е играч со најнизок IQ од цела лига, јас и ден денес не сфаќам зошто игра во НБА. И не мора ти да кажуваш дали ние фановите на ЛА треба да коментираме тука или не, не си ти компетентен за тоа, фрустрации се лечат на друго место.
 
Чекај, нека се изиграат уште две во Денвер, па после може да се зборува рутина. Не можеш да пресудиш од две утакмици, кои се играа во Лос Анџелес. Јас сеуште стојам на тоа дека тука ќе гледаме 7 утакмици.
 
Зашто бе Марк Гасол толку слабо игра овие 2 утакмици...
 
Чекај, нека се изиграат уште две во Денвер, па после може да се зборува рутина. Не можеш да пресудиш од две утакмици, кои се играа во Лос Анџелес. Јас сеуште стојам на тоа дека тука ќе гледаме 7 утакмици.
Да де, тоа и јас сакам да го кажам. Ништо не се знае али МОЕ мислење е, бар според играта и односот на силите, ЛА сигурно ќе помине, у тоа сум убеден, е сеа дали 4-0 или 4-2 ќе видиме, пишав и претходно можно е, али не верувам, да калкулираат и да изгубат бар една утакмица за да се врати побрзо Артест и да игра во второ коло. Е сеа што не капира тој еикосаноиди тоа е негов проблем.
А веќе кога сме кај Мирослав, уште колку утакмици му останаа од суспензијата?

За синоќешните утакмици, Мемфис изедначи на 1-1 и сега за сега се исполнуваат моите очекувања дека овој ќе биде еден од најинтересните дуели во првото коло заедно со Мајами-Њу Јорк иако овој вториот далеку потфрли.
Сан Антонио ништо чудно да напраи и една метла на Јута, прејаки се за нив. Индиана го декласираше и онака тромавиот Орландо, ми се чини дека цел тим на Орландо од тренер, преку играчи, па се до управа едвај чекаат да заврши сезоната.

Вечер од 1 часот по полноќ играат Њу Јорк-Мајами, од 03:30 Далас-Оклахома. Очекувам појак отпор на Никси и посакувам да ја добијат оваа утакмица за да биде поинтересна серијата иначе со 3-0 се ќе е готово. За Мавси и Тандер не коментирам, ептен непредвидливи се Далас, ако им прдне играат добро ако не губат ко Грчка, али за доброто на НБА од се срце сакам Оклахома да пројде.
 
Дај последниве страни избришете ги. Отварам темава со мерак да читам убави постови, а тоа се карате со некоја искомплексирана личност што незнае што да прави со својот живот.

Инаку спарс во каква форма се секоја чест. Очекувам многу од нив (y)
 
Нема да му се повтори Мемфис на Сан Антонио од минатата година, 2-0 ,убедлива игра и идеме на брејк во Јута :)
 
Чекај, нека се изиграат уште две во Денвер, па после може да се зборува рутина. Не можеш да пресудиш од две утакмици, кои се играа во Лос Анџелес. Јас сеуште стојам на тоа дека тука ќе гледаме 7 утакмици.
7 ? Нема теорија, може само оној фактор, гостински терен да игра тука некаква улога али ова само ако се отслика регуларниот дел на сезоната за Лејкерс ( а сега за сега тоа не е случај, далеку подобро играат ), каде се гушеа на гости, незнам од кои причини делуваа ко Шарлот на гостински терен али како и да е нема шанса 3 да изгубат на нивни терен, ако си ги изгледал асално првиве две текми каде Денвер ниту еднаш не победоа, ќе знаеш зашто го зборам ова.

Да го имаа Нене, ај некако да ве сватам, вака јок, 10 пати се подобри Лејкерс од нив, го имаат Коби, неприкосновени се под обрачите а ко за беља на Денвер и Хил одлично се покажува, незнам што толку се бара Артест, ја овој Ибенкс би го играл пред него, човек кој игра за тимот, млад е, има потенцијал во него, одличен е во одбраната и тоа е тоа, Рон треба да е човекот од клупа.

За да Лејкерс изгубат од Денвер треба очаен приказ да има нивната голема тројка, што нема теорија да се деси во 3 утакмици, без разлика како Коби игра, и да е лош, сега неда има кој да надополни, сезонава го добија еден од најдобрите центри во НБА а со оглед како се однесуваше Хауард, Бајнам за многумина оваа година е број 1, достигнувањето што го направи на првата текма доволно говори од една страна каков ѕвер станал, од друга колку само се инфериорни на тој дел од теренот Денвер, а со таква инфериорност не гледам како би земале дури 3 натпревари, според она од првиве две средби ја не гледам нешто кое налага на некаква неизвесна серија.

Клиперс - Мемфис ќе биде сјебана серија, и Филаделфија - Чикаго, једино Далас да земе 2 дома па и таму да има неизвесност, ипак парираа многу добро во Оклахома се покажаа ко тежок залак.

едит, и Бостон - Атланта такоџе може да е со предзнак, неизвесна серија.

п.с. Сеа ме потсетија Ајсбој и Џену, и нежниот покажува грубост во плејофов, што е од големо значење за тимот !
 
Па затоа и пишав дека треба да се сочекаат двете утакмици во Денвер(евентуално една, ако тепа Лејкерс во првата). Домашен терен секогаш играл голема улога во плејофот. Ако се сеќаваш 2008 кога освои Бостон, оставарија само две победи во гости(плејоф).

За вечер го нема Стадемаер(фала Богу). Се надевам дека Никси ќе победат, за да биде поинтересено. Мада тука повеќе ми иде накај метла. Далас-Оклахома ќе биде јака и мислам дека ќе тепа Далас, иако навивам за Оклахома.
 
Син у право си за тој Ибенкс, ја тоталка заборавив на него, а стана приметлив одма после исклучувањето на Артест, како само го чуваше Дурант... Гине за тимот, одбрана корне, у напад си е сосема океј, фаќа и офанзивни, трча контри топ играч испадна. Мене лично и оној Хил ептен ме импресионираше, кај Лејкерс имаат јак центарски тандем во имињата на Пау и Бајнам па уште и овој од клупа, милина!

Сакав и вчера да спомнам само заборавив, дали памтите бар во послдниве десетина години некој тим да освоил титула а тоа да биде резултат на тимската игра, т.е. алудирам на тоа да се без вистински суперстар во тимот? Мене едино Детроит во 2003 ме потсеќа на таква екипа, другите другите шампиони од 2000 година па наваму имале некоја ѕвезда у тим.
Ова го спомнав зашо пред некој ден на фб начекав една дебата за Индијана и Филаделфија како потенцијална опасност на истокот али немањето на суперстар од рангот на Коби, Леброн, Вејд, Дурент ги исфрлува од битката за титулата(ова хипотетички кажано, не и дека не е можно).
 
Изгледа Штерн и судиите решиле да им ја дадат серијата на Мемфис...
Јебига...
 
Вечерва Далас - Оклахома на Спорклуб ќе ја има......
 
Фала богу ги пуштија СК и СК+ на Близу дигиталната, ќе можам вечер како човек да гледам :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom