NBA Finals 2012

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.772
Поени од реакции
11.790
^
Океј бе човек, после секоја победа на Мајами ти прв се јавуваш и објаснуваш како Мајами не заслужиле, победиле со судии, заговори глупости. Океј беше утакмицата, цело време беше изедначена и на крај поштено си тепаа Мајами, да не беа криви судиите што Оклахома незнаат да изведат на 10 секунди пред крај? :sick:
Скоро цел плејоф судиите се катастрофални не викам не, ама има грешки на двете страни.
Искулирај малце. ;)
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
кога ја земаа првата оклахома никој не рече дека било незаслужено, а исто имаше грешки на двете страни
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
9 промашени слободни за Оклахома од вкупно 24, Мајами само 4 промашени од 35 :sick:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Судиите се трагедија никој не вика не за тоа, ама утакмицава беа добри.
Можда евентуално 4тата на Дурант беше глупава, друго се беше на место. 5тата на Дурант е чиста како солза, се виде многу убаво дека ја мрдаше десната нога кога Леброн се заби во него.
Се на се утакмицава Мајами ја доби на искуство. Ништо посебно не изиграа, кошеви надвор од рекет дали имаа 15.
Ама на Дурант не му одеше, Весбрук средно жалосно, Харден е трагедија последниве утакмици неможе никаков шут да најде. Батие на којзнаае кои дроги е моментално, Вејд денеска изигра одлично, Чалмерс први кошеви во 4та четвртина:facepalm:Леброн стандард.
Во среда мислам дека Оклахома изедначува (настрана шо навивам за нив, за доброто на серијата ќе биде ова да се случи.)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Подобро откажите се од гледање кошарка ако викате дека влезовите на Кралот беа пробивања.:facepalm: Вејд дрво, остај тоа што не погодуваше туку и топки им даваше. Џејмс ја реши оваа утакмица ама ако игра вака сам, тешко дека ќе ги земе и другите...Дурантела стварно опасен е да го ебам...:)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Добро бе ова е страмота,РЕЗИЛ,БРУКА...дотолку сакат титулата да му ја поклонат на Мајами барем нека не играат оклахома да не се резилат вака јавно судиите...толкава помош немам видено од game 7 2010 година кога судиите му ја поколнија титулата на Лејкерси..вечерва како реприза да гледав..резил..Џејмс прави на двапати пробивање а овие кош со додатно:tapp:
Има една песна од Слаткар, со наслов "Олабави ме"... Така ќе ме олабавиш и мене, а и останатите од глупости ;)

На Мајк Милер три такви по ред му судија, наместо фаул во напад тие кош и додатно, ама нели тоа е Дурант, ова е Милер, не е ѕвезда човекот... Што тие фаули не ги спомнеш, туку си се фатил за тој на Дурант... Убаво се виде дека ја мрда левата нога и дека закасна со поставувањето... Убаво е што навиваш против Мајами, ама биди барем малку објективен ;)

Тврда утакмица, ама во клучните моменти Мајами беа присебни (иако на крајот Вејд можеше да ја заебе), и го добија натпреварот... :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.645
Поени од реакции
35.505
Заслужено добиена партија на Мајами, и покрај пропустите во судењето (кои не беа пресудни).
Повторно се покажува неискуството и младоста на Оклахома, но и на тренерот Скот Брукс.

Дурант како млад мајмун го провоцираа на глупи и непотребни фаули, со лимитирана минутажа не може да влијае на играта колку што има потенцијал неговиот талент и игра. Најлошо од се: проблемот со фаули го спречи да игра макар и пролазна одбрана врз Леброн, кој здиве со влезови.
Леброн има историја со проблеми во играта кога притисокот е најголем, и наместо OKЛ да форсира јака одбрана на Леброн тие го играат еден на еден скоро цело време. Наместо да го убијат психички ОКЛ го разиграа Леброн во таа мера да почна да игра и во 4та 4тина.
Несфатливо, тренери како Попович ќе ја изградеа целата стратегија на тој факт.
Неискуството на Брукс се гледаше најмногу на крајот од 3тата 4тина кога последните 5 минути ги играше без Вестбрук.

Против екипа како Мајами која инсистира на смал-бал игра, Брукс може да одговори само со иста мера затоа што нема ниеден висок играч кој има добра офанзивна игра. Во одбрана мора да го удвојуваат Леброн и да натераат другите да ги победат (со оглед на шутот на Батие во финалево, и тоа не изгледа претерано добро). Но сепак мислам дека Мајами паѓа и се дига со Леброн, ако го запрат него ќе го запрат Мајами.

Дека Оклахома не беше на ниво на задачата се гледа и по реализацијата на слободните фрлања: 15 од 24, додека Мајами беа 31 од 35. Дурант имаше само 4 слободни фрлања што ни кажува колку влегуваше под кош.
Пред да почнат пак муабети дека Мајами имале премногу слободни фрлања, видете кој од двата тима колку поени има дадено од под кош. Мајами поголем дел од поените ги имаше од под кош, таму и најмногу лични грешки се судат, сосема нормално.

Треба да се биде објективен. Колку да навивам секогаш против Мајами (одкога таму игра Леброн), прв ќе бидам тој што ќе честита кога ќе изграат добро. Како што нема да пропуштам да им фаќам сеир кога ќе се заебат пак.


Како и да е ќе повторам, заслужено добиена партија на Мајами.
Мака ми е кога ќе го отворам форумов и читам постови како оние на двајцата џониевци. Нема извинување за незанаењето, колку и да се продукт на една македонска средина каде коментаторите од МТВ ковот поим немаат од ниеден спорт и чиј поим за коментар се засонова на замарање со папагалско кажување кој шутнал, утнал, паднал, станал и како судиите грешат.
Во денешново време на интернет и достапност на сите утакмици, емисии и информации... да гледаат и читаат баскет колку што пишуваат (замараат) на форумов, ќе имаа некаков поим од баскет.

Ај што нема dislike опција на форумов, па автоматски да им се кријат смарањата после десетина дислајкови... вака ни изумираат по неколку мозочни келии по секој прочитан нивни пост. Барем наутро се корисни, одма ме протеруваат во тоалет нивните... „мисли„.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Се е изрежирано бе луѓее, само ме правевте луд кога ви го кажував ова и било масонски ммуабети и слично.
Баш ми е мило сеа кога ве боли како мајами го туркаат напред.Ќе земи една оклахома не се секирајте
3-2 ќе биди после дома оклкахома 3-3 и мајсторката мајами 3-4 е зема и сите среќни и задоволни затоа што гледале многу лудо финале .:tapp:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Помислив да не се замарам и да не пишувам тука бидејќи знам ан какви реакции ќе начекам но јбг не сум згрешил..како и да е не знам вие што кошарка следите воопшто и дали човек треба да ви нацрта или се правите слепи со сила..

и нормално тука сме појавува господинот дотичен ''детиште'' кој сме воодушевени од неговите стручни анализи и индиректни навреди спрема одредени личности а модераторите ко за чудо никакви мерки не превземаат поради неговите благо ретардирани постови ....одвај чекам што друго би понудил во кадар баш ме интересира..
 
G

grande-juve

Гостин
Него Споелстра нешто слабо одбрана игра, како вака сам го остава Вестбрук... :)
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
многу грда, неефикасна утакмица, ама оправдано со оглед дека беше дефанзивно ориентирана, од двете страни

клуч за победата на Мајами - одлично ги изведуваа слободните фрлања и драстичен пораст на % . Во овој сегмент Мајами беа препородени, ако земеш предвид дека цел пејоф не можат
да одат над 68-70 % од слободни и се мачат (имаа и очајни партии од 50 % шут од слободни:pos: )

Се убаво од ОКC (не им дозволуваа лесни поени на Мајами), правеа фаули намерно или ненамерно да ги носат Мајами на линија за слободни, со надеж овие дека ке бидат утки , ама тоа е, Мајами се надминаа себеси. Од друга страна па OKC имаа мизерија 62.5 %. Мајами имаа 31 vs 15 поени на ОКC од слободни, тоа е огромна разлика !

Второ полувреме, таман направија OKC посолидна предност и ја прокоцка со непотребните два фаули за 3. Не се слагам дека OKC ја изгубија партијава ради неискуство, бидејки баш најискусниот играч, Фишер, во моментите кога се одлепуваа ми прави ама ептен непотребен фаул за 3, во очај (James Jones веке беше на шут, а овој го заборави и се знаеше дека
нема шанса да го стигне= џабе фаул и поклон 3 слободни). Ама пак Фишеров не научи и не научи како се игра одбрана цел живот, тоа е (од 1.85 што сакаш)

Па добро, OKC играат против убедливо најслабиот шутерски тим оваа година во плеј=Мајами. Овие не можат да погодат за 3 и пиштол да им ставиш на глава ЗОШТО И ВО СИТУАЦИЈА КОГА УПОРНО ПРОМАШУВАА ЕДНОСТАВНО НЕ ГИ ОСТАВИШ ДА ГО ПРАВАТ ТОА, АМИ ПРАВИШ ГЛУПИ ФАУЛИ ЗА 3 И ИМ ПОКЛОНУВАШ ЕПТЕН ЛЕСНИ 6 ПОЕНИ !
наместо да одеше OKC нагоре во тие моменти и да се одлепеа на +10 и со тоа да ја запечатат утaкмицата, они го прокоцка водството на најглуп можен начин за многу кратко време!

а пак играта на Мајами беше на границата на спектакуларно, мислам очај. Само процентот од поле ко го видиш јасно е. Сепак Мајами земаа вака така уште една утакмiца со подпросечна, никаква игра!
Heat won despite having worst shooting percentage and fewest number of made field goals outside the paint in an NBA Finals game since 1997.

за судењето: Кога на "искусниов" Вејд, Сефолоша при крајот му ја украде ко на дете топката и на контра ја заби имаше влечење од Вејд по дресот. ПРЕГЛЕДАЈТЕ ЈА СНИМКАТА УШТЕ ЕДнАШ
требаше/мораше да се суди 2+1 (Вестбрук затоа и алудираше со раката за "and one" ситуација кон судиите и рипаше ко ненормален во негов стил.

OKC дека можат подобро можат, покажаа досега, а за Мајами сум прилично сигурен дека до овој момент изиграа со 95/96% од капацитетот против OKC и дека нема што да кријат и да сакаат, толку им е душата (дали играат дома или на гости)
 
G

grande-juve

Гостин
^
Дефинитивно не ја изгубија само заради неискуството, тоа што ти спомна со промашените слободните фрлања, па периодот кога почнаа да се одлепуваат за после сами да се закочат со тие фаули за три слободни, исто и во прво полувреме мајами им правеа што сакаат во рекетот, ама
првпат го гледам Дурант такви “силувани“ влезови да прави, Харден исто беше многу слаб, посебно со тој фаулот што не смееше да го направи на 16 секунди пред крај, и општо цел тим на Тандер кога се одлучуваше мечот се виде дека ги победи притисокот, а плус и што знаеме дека ОКС се одлични кога на крај е тесно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.968
Поени од реакции
116.606
Добро бе ова е страмота,РЕЗИЛ,БРУКА...дотолку сакат титулата да му ја поклонат на Мајами барем нека не играат оклахома да не се резилат вака јавно судиите...толкава помош немам видено од game 7 2010 година кога судиите му ја поколнија титулата на Лејкерси..вечерва како реприза да гледав..резил..Џејмс прави на двапати пробивање а овие кош со додатно:tapp:
Ама зошто коментираш кога не знаеш за кошарката ни малку? Зошто само да треснеш нешто?
Прво, не се вика пробивање туку фаул во напад. Пробивање е во ракометот.
Второ, тоа беше чист фаул од Дурент, така наречен блокинг фаул бидејќи не застана на време.
Трето , судиите одлично си судеа, нормално со минимални грешки али ипак луѓе се, можат и тие да згрешат. Згрешија што не му досудија фаул на Сефолоша кога му ја украде на Вејд али тоа не придонесе за поразот воопшто, никој не им е крив на ОКС што прават аматерски грешки и што не знаат да изведат топка на 20 секунди до крај.

Главниот проблем кај ОКС т.е. главните проблемИ се следниве два проблема:
1. Скот Брукс кој е супер тренер, но сега за сега во финалнава серија многу греши. На моменти лошо ја поставува одбраната и цела екипа пати поради тоа. Дурент веќе два меча по ред мака мачи со личните грешки, мора да сфати Брукс дека Кевин не може да игра цела утакмица и одбрана над Леброн и у напад да даде 30+ поени. Не може и точка. Имаше некоја статија негде читав и баш убаво беше наречен Брукс ко тренер, цитирам: "Скот Брукс е одличен тренер, но премногу е еднообразен", у смисла дека не мења многу многу во играта, само тоа што замислил тоа го тера нон стоп.
2. ЏЕЈМС ХАРДЕН- Човеков е главниот проблем во тимот на Оклахома. Фалат неговите поени од клупа а неговите грешки дополнително одмагаат на неговата екипа, а тие се во голем број во серијава. У реду е што е најдобар 6ти играч и сето тоа али човече ова е финална серија, олади бре, кај не му иде па уште како вол у слама кога ќе запне, тера до крај, додека не ја усере максимално. Треба Брукс малце да му ја скрати минутажата кога ќе почне да промашува и да греши, за да ја излади главата и да почне да игра како што треба. Се на се, заслужена победа на Мајами и честитки до нивните фанови. :)
 
А

Анноун

Гостин
Него Споелстра нешто слабо одбрана игра, како вака сам го остава Вестбрук... :)
Е баш ме потсети , кој кур влегува 2 метра у терен бе , и стои до играчот шо шутира тројка . Ебате правилата ебате .дај нека го залепеше ебаго . или оние за деконцентрција стапичињата зад кош што ги користат публиката нека ги мава. :facepalm:

Плус тоа беше шут за израмнување , при 88-85 :facepalm:
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Има една песна од Слаткар, со наслов "Олабави ме"... Така ќе ме олабавиш и мене, а и останатите од глупости ;)

На Мајк Милер три такви по ред му судија, наместо фаул во напад тие кош и додатно, ама нели тоа е Дурант, ова е Милер, не е ѕвезда човекот... Што тие фаули не ги спомнеш, туку си се фатил за тој на Дурант... Убаво се виде дека ја мрда левата нога и дека закасна со поставувањето... Убаво е што навиваш против Мајами, ама биди барем малку објективен ;)

Тврда утакмица, ама во клучните моменти Мајами беа присебни (иако на крајот Вејд можеше да ја заебе), и го добија натпреварот... :)
Чисти фаули беа на Милер сите 3 први,на сите три каснеше со поставувањето,и Дурант кога проба на Леброн да му се намести беше чист фаул кош,само 4-тата лична на Дурант беше досудена безвезе врз Вејд кога му ја дувнаа немаше фаул ама тоа е се прават грешки,лошо судење има цело финале ама вчера не влијаеше на конечниот резултат.
Како може да кажете луѓе дека финалево е лошо ,лоша кошарка се игра итн.
Па утакмициве се епски барем за мене,до сега финалево 10/10 !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom