NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Казнс останува во Кингс со нов договор вреден 4год/62м
Многу се пари за него па овој повеќе ќе зема пари и од Пекович а Пекович е многу поконстантен со добри партии на терен и многу подобра реализација од игра има Пекович . Но тоа е тоа нема многу квалитетни центри денес во Нба па затоа и вакви центри како Казинс ќе земаат премногу пари .
 
Да многу пари се, ама несомнено е дека Казнс има огромен потенцијал. Токму поради тоа Шек инсистирал да работи со него. Пред се Казнс има неверојатни офанзивни вештини кои другите центари ги немаат, техника, пост игра исто така е и добар скокач под кошевите. Му фали малку пик-н-рол одбрана и пост одбрана. Тоа се работи што можат да се совладаат со тренинг. Но тоа што речиси нема кошаркарски мозок е друго 20. Треба малку да се смири, а не пола од пропуштените утакмици да му бидат од суспензии. Има 23 години и мислам дека има блескава иднина, но се зависи од тоа како ќе се развие. Се надевам дека Шек ќе го смири. Точно дека овој договор е ризик за Кингс но доколку порасне во нареден доминантен центар на двете страни од теренот, и те како би можел да им се исплати. Нов тренер и тренерски стаф, нови газди, и Шек како ментор на Казнс, се надевам на подобри денови во франшизата и конечно да се вратат на процесот на ребилдинг кој веќе предолго трае.
 
trt123trt :pos::pos:
1378634_10153280153825277_103295247_n.jpg
 
полека нека се планира отварање на тема за новата сезона, пошто уште 4 дена почнуваат пресезоната и веќе е почнат тренинг кампот.:)
 
Вестбрук извршил уште една артроскопска операција на десното колено со цел да ги исчисте остатоците од скинатиот менискус и да му се намали отокот на коленото. Се очекува да се врати за 4-6 недели.
 
пресезона почнува уште еден сат со оклахома-фенербахче
Бо игра за фенербахче.
 
Полека полека дојде и меѓусезоната за поголемиот број од екипите, па можеме да ја запалиме и оваа тема :)

Прв поважен настан како и секогаш е NBA Draft Combine-от каде ги мерат, тестираат и интервјуираат идните драфт пикови. Се одржува денес и утре. Годинава малку е контроверзен бидејќи тројцата највиско рангирани играчи Wiggins, Parker и Embiid одлучија да не присуствуваат воопшто.

Згодни twitter account-и за следење: Jonathan Givony од DraftExpress и Chad Ford од ESPN.
 
Exum ке присуствува, така да ќе видиме што може да понуди дечкото :)
За другиве што не присуствуваат, по мене е грешка зашто баш тука можат да се покажат колку можат и да се зацементираат на 1во место ако стварно се толку подобри од другите. Вигинс и Паркер очигледно не сакаат да ризикуваат, ама за Ембид мислам дека мораше да се појави за да им докаже на НБА тимовите дека навистина е скроз заздравен. Ќе видиме, само ждрепката кој кога пика може да биде клучна дали некој од овие оди 1/2/3 или можеби нешто подоле( не верувам дека некој од нив ќе падне под 5 место во најлош случај)
 
Embiid и Parker го имаат истиот агент и тие први одлучија да не се појават, а Wiggins само реагираше не нивната одлука, оти можеше само да изгуби а ништо да добие со оглед дека тие не се појавија. Embiid изгледа уште не е заздравен.
 
Зек Лавин од UCLA ми е интересен проспект. Неверојатна атлета и има шутерски осет но нема сила за да игра одбрана. Голем потенцијал како и да е. Супер би било ако падне до 16 за да го земат моите :D
 
Зек Лавин од UCLA ми е интересен проспект. Неверојатна атлета и има шутерски осет но нема сила за да игра одбрана. Голем потенцијал како и да е. Супер би било ако падне до 16 за да го земат моите :D

Не верувам дека ќе оди толку високо. Интересен талент, ама и доста ризичен играч. Може и тотална нула да биде...
 
Ноа Вонлех исто така ѕвероња под кошот. 7'4'' распон на рацете, просеци од дабл-дабл за 25 минути, плус може да излезе од рекет и да погоди тројка. Одлична атлетска рамка има, го проценуваат дека ќе биде во топ 5, после Вигинс, Емибд, Паркер и Ексум.
 
BntD9LzIUAAL8Pr.png

:vozbud::cuc:

Andrew Wiggins... Стварно штета е што не учествува на Combine-от, детево е лудо...[DOUBLEPOST=1400188353][/DOUBLEPOST]А еве и видео:

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom