NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)

  • Вкупно гласачи
    41
Прегледај го приврзокот 478918
Еве кој ќе бидат. Добро е? Ќе дуваат за Сан Антонио?
Го дувнаа Оклахома, као што би го дувнале и многу порано да немаа таква помош и гурање од судии. Ама да не ја гадиме темава, конечно ќе се гледа кошарка у финале.
 
На крајот кошарката победи.Одвратниот тим на ОКЦ си доби тоа што заслужува ,сосе судии и пак немоќни против Вемби и компанија. Конечно ке гледаме достојна кошарка а не балет и флопови од Оклахома. Ај у курац и нека се распадне како тим гетото таканаречено ОКЦ.

Финалето ке биде интересно без флопови машка кошарка кој и да победи ке биде заслужено. Моите симпатии одат кон Никси после долг период да се закитат како шампиони во НБА.

Што да се каже за Спарси млада екипа желни за победи ако се здрави ке гледаме доминација наредните години .
 
Негде у сред трета си легнав.

И двете екипи имаат играчи што играат (покрај Вемби и Шеј), за разлика од Денвер.

ееехаа, седморица со двоцифрени поени у Сан Антонио.
 
Последно уредено:
Сан Антонио Спарс стигнаа до финалето на НБА од Запад каде што ги имаш ОКЦ , Денвер, Минесота и Лејкерс со рукито Дилан Харпер, играчот кој ја игра втората сезона Стефон Касл и Вемби кој е трета сезона во НБА.
Секако тука се и недрафтуваниот Шампени, Фокс кој е долго време во лигата но со скромно плејоф искуство, Васел и Касел кои го поминаа целиот тежок процес на реконструкција на тимот а со доаѓањето на Виктор Вембањама станаа исклучително важни алки во ротацијата на Сан Антонио.
Сан Антонио треба да се најпочитуваната франшиза во лигата бидејќи создаваат тимска култура, стабилност и фокус на градење тим преку драфтувани и развој на играчи наместо купување скапи ѕвезди.
20260531_130342.jpg
 
Прегледај го приврзокот 478932
Треба да му додадат ГП на СА, стариот ги направи тим и сеуште се држат до неговата култура. Го гледам Данкан како со татко се однесува со него. Малку такво нешто има во светот на спортот.
 
Сега забележав дека Спарси ќе имаат предност за домашен терен. Четврток во 2:30.
 
За мене Спарси се благи фаворити ама искрено тотално ми е сеедно кој ќе освои, можеби би ми било малце подраго Њу Јорк да освои чисто ради тоа што ми се една од најсимпатичните франшизи, а и заслужува таков град титула.
 
И од друга страна го имаш Вемби и Спарси кои сезонава ги одраа 100 пати “шампиониве” и заслужуваат ептен.
 
За мене Спарси се благи фаворити ама искрено тотално ми е сеедно кој ќе освои, можеби би ми било малце подраго Њу Јорк да освои чисто ради тоа што ми се една од најсимпатичните франшизи, а и заслужува таков град титула.

Имаат две титули освоено во 1970 и 1973 година.
Нема да им биде прва титула ако евентуално ја добијат оваа финална серија.

Иако би кажал дека 70 - 30 се шансите во полза на Сан Антонио, иако навивам за Никси во серијата.
 
Не не, јасно е тоа, знам дека имаат две титули, ама исто така знам дека немаат 100 години освоено за разлика од Спарси. :D
 
Спарси машки изиграа и заслужено се во финалето. Се гледа дека се млади и неискусни, имаат брзоплети и неразумни потези, ама тоа што ги краси е неверојатна тимска хемија, нема его во екипата и се борат за секоја топка. Во прв плеј-оф за овој тим, да стигнеш до финалето и тоа после победа на гости кај актуелните шампионите притоа два пати соочени со елиминација, не е мала работа.
За мене се апсолутни фаворити против Никси, бидејќи западот е три нивоа над истокот.
Мислам дека ќе се повтори историјата од пред 20-тина години кога Данкан им ја донесе првата титула баш против Никс.
 
Во моменти кога морам 80% од времето да го посветам на потесното семејство (што од крајно убави причини, што од крајно неубави), кога другите 20% на работата и уште едно 20% повторно за работа - кои искрено не знам од каде ги наоѓам (математичка аномалија, 120 вака иди хахаха), моите Никси играат финале и тоа НЕ против било кого туку против Сан Антонио - кои ни се стар должник од 99 кога ни се повреди Јуинг и едноставно не им го можевме под кошевите.
Да беше стариот барем 1 полувреме во игра повеќе од сигурен сум дека таа серија ја добивавме бидејќи во сите аспекти од кошаркарската игра можевме да се надигруваме со таа екипа.

Денес, цели 25 години подоцна, се тресам дури го пишам постов бидејќи иако знам дека најверојатно нема да изгледам ниту еден натпревар од финалето АМА НИКСИ се конечно во финале. КОНЕЧНО.
Заслужено, со свој пот, на свој грб, со тимска игра, со гинење на терен, со одлична офанзива.

Стојам на ставот *што го напишав минатиот пат, дека овој СА ако ја помини Оклахома ќе биди мини чудо и ќе му е МНОГУ потешко да игра против било кој што ќе излези од истокот отколку против ОКЦ.

Истото го мислам и за Никси, не очекував да излезат победници од серијата против Кливленд и/или Детроид ама очигледно Браун испадна добар психолог и мотиватор па ги доведе до ниво да ги намачкаат на леб брадата со пајакот. Сепак Кливленд не е слаба екипа и не е за потценување.

Така да, ДВЕ мини чуда СА и Никс ќе играат повторно финале.
Од срце да им честитам на сите фанови на СА шо имаа нерви да истрпат 7 натпревари против тим кој вервам дека е омразен заради флопирањето на Ше, шо конечно дочекаа да еден Вебенјама со помош од еден куп ликови без искуство ги носи во финале и шо трпеливо градеа и градат франшиза во годините кога веќе сенилниот Поп се очекуваше да ја напушти клупата и предаде тренерската функција на некој друг (знаевме дека тој оттаму излегува само со нозете напред т.е. во ќиур и никако поинаку).
Како и да е, конечно и тие дочекаа ново НБА финале и сум поќе него сигурен оти ќе го одиграат одлично, психички растеретени и со играње на борбен, машки и вистински ПО баскет. Според тоа шо го читам од вас сите тука, според тоа што читам на кој начин се спротиставија на ОКЦ и судиите и воопшто на кој начин играле тогаш сум сигурен дека Никси се вистинскиот противник за излегување на мегдан.

За моите Никси.
Ќе ве сакам макар и изгубиле 4-0.
За мене никогаш нема да постои поубава франшиза и поубав град за играње баскет, чест секогаш ми било да се наречам фан на Њујорк и горд сум на тимот (каков и да е, иако не ми е по кеиф) шо ќе го игра ова финале.

Без грам навијачки сооднос во коментарот и без грам пристрасност мислам дека шансите се 60-40% на наша страна затоа што Тибодо очигледно направи тим што ќе се бори за секоја топка, а Браун им даде храброст дека сепак и другите може слободно да играат напад и победуваат (не само 1-2 играчи и се' да зависи од нив). Психички, мислам дека се на подобро место од СА моментално.

Мои Никси, време е за титула.
Со неа или без неа, засекогаш Ваш - Генерал.
 
Ќе биде тешко за Никси против стап од 5 метра што игра ладно на тројка ама се надевам на титула. На ОуЏи мамето ќе му се расплаче ама па тоа е ако сакаат титула после толку долго време. Knicks in 7.
 
Back
На врв Bottom