Букаке му направи Фила на Лејкерси вечерва. Никако не влегоа во мечот, некако без желба да се такмичат, не се бореа за изгубена топка, шутот од 3 за никаде.
Леброн се чуваше со минутажа во 3/4, а кога тој не е заедно со АД на терен ова телето се губи и нигде го нема. Ембиид буквално вџеб го стави. Не знам како сака баскет да игра во прајм години, а уствари еден дедо од 40 да му ги вади утакмиците, место да е обратно.
Подобро вечерва да одмараа двајцата, наместо некој друг ден, барем ќе си заштедеа малку од малку бламажа. Додуше Лебронтије му е гајле, ќе си брка статистики, ако им се згреши да дојди уште едно финале - добредојде, али ова гудето АД... па па па, изгубен случај.
Фила со Ник Нурс и со Макси си гази. Се препороди тимот + добро му дојде трејдот со Клиперси, ако ништо има рол плеери да менва за 2 постава. Колку значи еден трујач кога ќе ти замини од тимот и кога ќе дојде нормален тренер во главата.
Док Риверс и Брадата треба секој ден по 3 пати да му се јавуваат на Ембиид со „извини мајсторе шо ти ги ебававме годините во прајмот“ муабет.
Штета и управата не беше доволно сетена дека утка, после утка, после утка... со Фулц, со Симонс, зошто бре и со Харден?
Барем искористи го златен талент дури ти е тука и дури не го преебала кичмата, напрај му добра екипа, донеси тренер па бркај титула.
Ќе видиме дали ќе испадни нешто од сезонава за Фила ама сакам да ги гледам или во финале на исток со Бостон или пак во НБА финале. Можда е плачко Ембиид и пиче испадна шо не излегваше на мегдан со Јокарата кога се бркаа за МВП на сезона ама сепак е генерациски талент. Вистински центар во „модерната ера“, заслужува НБА финале.