Многу се јаки офанзивно Далас, вадеше некој тука статистики, биле помеѓу послабите во постигнати поени. Само што мора да ги гледаш утакмиците, статистиките се такви затоа што Лука овој плејоф имаше лош шут за три (до оваа серија). Едноставно Лука креира многу можности, имаат многу опции, во рекет, на влезови, на тројка, само фали 5% да го подигнат шутот за три и да растурат.
Доминираат и во овие два натпревари со Минесота, центрите бушат во рекет, денес имаа 87,50% реализација од игра. Лука беше фантастичен, пресвртот во трета четвртина го започна тој, штета што е повреден. Кајри го немаше и изникна како феникс во последната четвртина, мислам дека даде три тројки... Иако имаше и три промашени слободни фрлања.
Солидна игра и во одбрана, реално покрија се што можеше да се покрие, единствено што ги држеше во игра на Минесота беше одличниот шут за три на Реид.
Мислам јас сум ептен лаик, не дека се разбирам, ама Дончиќ и Ирвинг се можеби најдоминантно офанзивно бековско дуо во последниве 10-тина години. Ирвинг се препороди во оваа екипа на Далас, искрено се надевам дека ќе истуркаат до крај.