NBA 2008/09

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вчера Коби беше немаше апсолутно никаква заштита од судиите во дуелот со Денвер . Да почнам од офанзивниот скок на Кармело кога ненамерно го удри Коби, нормално, несанкционирано, па се до секое чување на Коби во одбраната, и ослободувањето од него во нападот . . . само еднаш мислам беше свирен фаул во напад .

Како и да е, Лејкерс победија најмногу поради '' добрата '' игра на нивната клупа ( 27-17 скор на клупите ), и скокот во нападот, ги кинеа со офанзивни скокови, 17-7 во тој поглед .
Брајант man of the match, не дека импресионираше со реализацијата, лошо го отвори мечот, али издржа доста груба игра врз него цел натпревар и на крајот заврши како најефикасен, со 40 поени, башка ги погоди клучните слободни фрлања, последните 4 мислам, и имаше само едно промашување од линијата за слободни ( 12 од 13 погоди ) .
Ме разочара Одом, ако изгубеа Лејкерс, тој ке беше директниот виновник за тоа, грешеше аматерски, прво ги заборави оние 8 секунди за префрлање на баскетот на противничката половина, и шитна два клучни напади за Лејкерс во моменти кога резултатот се кршеше . . . истото и за Фишер ке важеше, да не беа неговите клучни поени во последната четвртина .

Се на се супер меч, Мело имаше супер реализација, 39 поени, 14 од 20 во поле, 4 од 5 за 3, 7 од 8 за слободни но ни тоа не беше доволно за триумф на Денвер најмногу поради подобрата клупа на Лејкерс, утнатите 12 слободни и добриот офанзивен скок на Ел Еј . :smir:
 
Ќе ја дава некој Кливленд - Орландо вечерва, или ќе мора да ја гледам на нет? Колку што разбрав на Алфа нема да оди.
 
Вчера Коби беше немаше апсолутно никаква заштита од судиите во дуелот со Денвер . Да почнам од офанзивниот скок на Кармело кога ненамерно го удри Коби, нормално, несанкционирано, па се до секое чување на Коби во одбраната, и ослободувањето од него во нападот . . . само еднаш мислам беше свирен фаул во напад .

:smir:

Абе не ме заебавај и ти сеа! Педер*ињата тепаа само поради тоа што во последната четвртина Коби не смееше да биде чепнат, а да не свират фаул судиите. Очигледно беше

Незаслужена победа, и остварена само поради лошите судии. Кои имаа пропусти и на другата страна но у последна четрвртина претераа
 
Леле Џејмс:vozbud::vozbud::vozbud:
Куцање,банана над Хауард и тројка,се едно по друго,ццц.
KING JAMES едноставно најдобар.
 
Абе не ме заебавај и ти сеа! Педер*ињата тепаа само поради тоа што во последната четвртина Коби не смееше да биде чепнат, а да не свират фаул судиите. Очигледно беше

Незаслужена победа, и остварена само поради лошите судии. Кои имаа пропусти и на другата страна
но у последна четрвртина претераа

Ти бе другар знаеш што зборуваш? Знаеш дека Денвер промаши 12 слободни , 12 алооо.17 офанзивни скока дозволени од Денвер. Ариза му сече аут пас на Картер на 30 секунди до крајот. И после судиите криви биле. Господи.
 
Јас сега си идам од матурска.Ај ако може некој да ми објасне што се случи во Кливленд.Како може во една таква вечер на ЛеБрон,Кавалирси да загубат?

Гледав хајлајтс и вреди да се погледне верувајте.Сеуште не сваќам како можеа да си дозволат таков кикс.Сега треба да бркаме победа во Орландо.Ќе биде тешко и се надевам остварливо
 
Не ми се верува ова, како ги заредија на крај тројките, и во последниот напад можеше да оди на два поени, незнам зошто шутираше тројка, каков кикс, и Џејмс се разочара.
 
Каков ќеф ми направија Орландо, како беше разочаран мајмунот на крајот и покрај неговото чаталење во текот на цел натпревар. Кој високо лета ниско паѓа, а мајмунот од доста високо падна:toe:
 
Ама мајмунот не се предава толку лесно, ќе ги јаде во гости.
 
После секоја утакмица на Кливленд , се посигурен сум дека нема подобар од Леброн во моментот.:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom