NBA 2008/09

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
а моментално Филаделфија води против Орландо се игра 2-ра четвртина
 
Го имаме првиот полуфиналист на Истокот во името на Кливленд Кавалирс...
КАВС:ПИСТОНС 99:78 чисти како солза 4:0
ЛеБрон 36 поени,13 скока,8 асистенции,две украдени и една блокада

За Бостон:Чикаго шо да се каже драма не видена,две продолженија.Со неверојатните тројки најпрво на Реј Ален за прво продолженије и уште почудесната тројка на Бен Гордон за второто продолжение.На крај Хепи енд за Чикако и серијата е 2:2.Интересно е да се види дали Булси имаат сили да го победат шампионот на гости
Па веќе еднаш го сторија тоа , зошто не би го направиле тоа и по втор пат..:helou:
 
Нема многу што да го фалиме ние, противничките играчи и тренери го фалат.
Еве Џери Слоун тренер во НБА повеќе од 20 години, си кажа поштено :
"Who said that we stoped Kobe Bryant? He can only stop himself, in my 20 years of coaching i have never felt that we really stoped Kobe"
Не се чудесни 38 поени на Коби, туку начинот на кој ги постигнуваше и си поигруваше со противничките играчи.

Химселф а? А 2004? Сопрен беше на 5 утакмици освен на втората шо ја лупна 3ката у последна секунда.За финалето зборам. Значи,не се чудесни Детроит,туку начинот на кој го сопреа и Коби и Шек и цел Лејкерс.:):)
Ок.Тоа беше пред неколку години. Коби си е играчиште,факт си е тоа мада мислам дека Леброн е боље.
Али може па на другите страв им е да не ги силува па му попуштаат.
 
Како играа синоќа Булси ме интересира, дали некој ја следеше утакмицата?
Вака според статистика гледам жустра била...

atanase нешто повеќе друже?:)
 
Еј ај ако може некој да ми даде линк да си ја симнам Чикаго-Бостон. Некој торент ако има некој.
 
Како играа синоќа Булси ме интересира, дали некој ја следеше утакмицата?
Вака според статистика гледам жустра била...

atanase нешто повеќе друже?:)

Па да бидам искрен од сите 58 мин (нели поради продолженијата) ги следев последните 20 минути.Предходно а следев онлајн статистиката и ме заинтересира.Чикаго со серија трејдови при крајот на регуларниот дел направија солиден тим и ваквиот расплет не ме изненадува мада мислам со Гарнет,Бостон ќе немаше поголем проблем.За тие 20 мин шо да ти кажам драма.Најпрво во последниот напад од регуларниот при водство на Чикаго +3 сите очекуваа да се бара позиција за Реј Ален но и покрај тоа овој се протна и доби позиција за шут и погоди со истекот.Подоцна истата случка со обратни улоги.Овој пат на почудесен начин Бен Гордон го врати Чикаго на нерешено со таа разлика шо на Бостон му останаа уште неколку сек за напад кој подоцна не го реализираа и така второ продолжение и на крајот пак можеше да се случи чудо но шутот на Пирс заврши во блокадата на еден кошаркар на Чикаго и ништо.Сега е 2:2 но предноста на домашниот терен а има шампионот.И лани се тегавеше Бостон со сите и на крај освои.Не смеат да се отпишат и оваа година мада под кошеви се чуствува отсуството на Кевин и ако го минат Чикаго ќе нема кој да се справи со Двајт Хауард
***************************************************************
Вечерва две интересни утакмици.Мајами:Атланта и посебно Денвер:Њу Орлеанс.ЛАЛ:Џез е само формалност
 
Единствено нешто што можам да кажам за претходната партија на Чикаго и Бостон е Пирс си го предаде својот тим. Кога најмногу требаше го промаши победничкото слободно фрлање. А во продолжените кога требаше да шутира, му подаваше на Глен Дејвис и Рондо??? Пффф ајде ви се молам.
 
Можеби советите од тренерот биле такви односно се знае дека речиси секоја топка оди кон пирс па риверс пробал друга тактика односно насочил друг играч за шут т.е дејвис или рондо бидејки вниманието на играчите на чикаго беше свртено кон пирс и ален па останатите имаа повеќе слободен простор, а за слободното фрлање што го промаши тоа може да се случи на секому.
 
Честитки до фановите на Лејкерси.

Ајде Далааас :)Победа вечер и 4-1 против Сан Антонио:vozbud:
 
Единствено нешто што можам да кажам за претходната партија на Чикаго и Бостон е Пирс си го предаде својот тим. Кога најмногу требаше го промаши победничкото слободно фрлање. А во продолжените кога требаше да шутира, му подаваше на Глен Дејвис и Рондо??? Пффф ајде ви се молам.

Шо знам даа.Мислам дека тоа е дел од играта од моменталниот занес.Не верувам дека може Пол Пирс по 10 години во Бостон на направи нешто такво намерно со цел да наштети
 
Шо знам даа.Мислам дека тоа е дел од играта од моменталниот занес.Не верувам дека може Пол Пирс по 10 години во Бостон на направи нешто такво намерно со цел да наштети

Тоа сигурно не беше намерно, ама да подаваш чисти позиции, а да си Пол Пирс познат по својот ладнокрвен шут на крајот...

Денвер буквално ги масакрира Хорнетси, и тоа на нивни терен. 121-63. Знам дека Крис Пол има кошмари, го осеќам :)
 
Вечерва Сан Антонио мора да ги победи Далас:vozbud:. Со евентуален брејк мислам дека можеме да ја добиеме серијата. Има некој информација дали ќе ја даваат на ТВ или ќе мора да ја гледам на нет?
 
Вечерва Сан Антонио мора да ги победи Далас:vozbud:. Со евентуален брејк мислам дека можеме да ја добиеме серијата. Има некој информација дали ќе ја даваат на ТВ или ќе мора да ја гледам на нет?
значи алфа многу ме изнервираа, прво кажаа дека во пренос ќе оди натпреварот што се игра во 4 сабајле (портланд-хјустон), а сега гледам на нивнава страна, преносот почнува од 01:30, значи орландо-филаделфија. Баш се израдував дека портланд ќе си го гледам на тв, сега изгледа на интернет ќе мора да се бара :nerv::nerv:
 
НБА Плеј-оф на Алфа ТВ
Среда 29.04.2009 04:00 ч. Портланд - Хјустон
Натпревар 6 Сабота 02.05.2009 01:30 ч.
Конференциско полуфинале Натпревар 1 Среда 06.05.2009 01:30 ч.
Конференциско полуфинале Натпревар 2 Сабота 09.05.2009 01:30 ч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom