^
Многу сте интересни...кога ке изиграат добро одма ѕверови ,ке кикснат еден натпревар -билет во 1 правед да им даде....
Еден натпревар?????? Мислиш еден натпревар добро изиграа, а на другите сите
кикснаа. Нека си пораснат уште
пар мадиња. Ако не, има WNBA. Евидентно е дека стравот од 08 е сеуште присутен во
мозокот и телото на Гасол и Одом. Кога ќе ја делат
платата за Јуни , Лејкерс нема потреба да му плати на Одом, комотно
Бостон може да му ја плати платата - затоа што
Одом е шестти играч на Бостон. Кој тоа не може да го види, гледа различно финале. Да имаш колега како
Одом е голема опасност. Неговото однесување и став може да се
рашири како зараза на другите. Ако си гледал бар едно интервју на Одом во ова Финале, Одом одбива да земе дел од бламот за оваа дупка во која Лејкерс се. Не можеш
нешто да поправиш ако мислиш дека
ништо не е расипано и се во ред.
Со
стравот мора да се соочиш да го победиш. Е сега или ќе го победиш стравот и ќе бидеш
познат како победник, или стравот ќе преовлада и ќе
паднеш. Тоа е ова Финале за Одом и Гасол. Ова е прилика да го победат стравот, и да се искачат на тронот. Но еве како што гледате сите - стравот сеуште преовладува. По толку срамен пораз во 08, по толку понижување, 80 % од тимот да игра толку лошо и да не ја сака таа одмазда е губитнички дух.
За вчерашната утакмица...
Коби откачи во напад, иако во првото полувреме пак форсираше некои шутеви. Во одбраната изигра ок. Рондо 2-3 положувања по глупавото удвојување на Гарнет од страна на Коби. Но сепак Коби беше единствен што изигра оваа утакмица. Другите сите бавно ротираа, колку само боли да ги гледаш. Коби не може сам, мора некој да помогне.
Тоа е главната точка на вчера -
Бостон 70-80 % добиваше лесни шутеви и добри позиции, а пак
Лејкерс обратно 70-80 % добиваше тешки шутеви и невозможни ситуации. Само видете ги кошевите што Коби ги даде.
Значи проблемот е во одбраната на Лејкерс.
P.S Од кога се воведе 2-3-2 Финале форматот, 6 тима биле во ваква 2-3 позиција.
4 гостински тима што воделе 3-2 , го победиле противникот во шесттата утакмица на гостински терен.
А 2 тима стигнале до седма утакмица и двата домашни тима победиле во седмата.. Лејкерс во '88 против Детроит и Хјустон против Њу Јорк во '94.
Е сега овие 2 тима што победиле во седмата утакмица, шестата Лејкерс ја добиле со 1 поен разлика - а Хјустон со 2 разлика.
Лејкерс е можно да го оствари ова, но само ако
веруваат во самите себеси. Надежтта последна умира ЕлЕј фанови...