Срамота за Одом што дозволи Дејвис да изгледа како Шекил Онил покрај него! Срамота Одом, големо разочарување. Исто и
Нејт, покрај Фармар и Фишер го заработи својот леб. Клупата на Бостон со
20 поени повеќе од клупата на Лејкерс! Цела макотрпна работа на првата петторка ја фрлија во вода!
Тука исто и
Гасол е крив што дозволи офанзивни скокови на Перкинс и Дејвис, и се виде дека оваа физичка игра на Гасол не му годи повеќе, и вчерашниот Гасол ја имаше
сенката од 2008 Гасол. Лошо, лошо.
Коби исто треба да си го подобри својот фокус,
7 изгубени топки се недозволиви. Пак секоја чест за
одбраната над Рондо, исто и неговиот избор на шутеви е за пофалба - беше еден од ретките кој дојде да игра.
Жал ми е многу за Бајнам, се гледа дека се мачи дечкото, буквално си ја
влечка ногата по паркетот.. Штета стварно, штета. Здрав Бајнам и ќе гледавме кратка серија, но што е тука е.
П.С
Bynum said knee so swollen it was "like a basketball." Getting his personal doctor from NY to come to BOS to examine.
Ако Бајнам нема да може да игра
црно ќе е, па посебно со
ваков Одом и Гасол со неговите
6 скокови во 44 минути. Бааааааааааајнаааааааааааааам
П.П.С Прославувањето на некои играчи од Бостон ми личеше на театар на
пациенти од Бардовци... Дејвис после секој кош се дери како да е второто доаѓање на Херкулес - врв беше плунката која му се тегнеше низ цела брада, Нејт Робинсон после секој кош се стега како да е на Мистер Олимпија, Рашид на секое свирче се дери и врти кругови како пијана кокошка околу обрачот, Гарнет оди на раце и на колена...разбирам дека има емоции, но нивните движења ми изгледаа идиотски.