Кој како му одговара така нека си прави.
Јас навивам за Манчестер Јунајтед и неможам да навивам за дурга екипа. Онака да пратам повеќе некој тим, бидејќи ми се допаѓа каков фудбал игра, бидејќи имаат квалитетни фудбалери - да, ама сепак неможам да навивам за нив како Манчестер.
Такви екипи, кои ми се симпатични, прво ќе ја спомнам Валенсија, која сепак слабо ја пратам последниве 2 сезони, ама порано ја пратев многу повеќе. Аимар, Висенте, Бараха, Албелда, Кањизарес, Кили, Aнгуло, потоа од поновите генерации тројката Силва, Мата, Виља, потоа Алба, Хоакин...итн, итн... Сепак Валенсија во овие 2 години местото на тим кој го пратам најмногу после Манчестер го изгуби од Борусија Дортмунд. Што не значи дека не ги пратам воопшто. Секогаш ми е мило кога ќе победат или кога ќе изиграт одлична утакмица како таа со Барса на Местаља оваа сезона. Повторно имаат интересни фудбалери, но на квалитет се многу послаби од поранешните играчи.
Со доаѓањето на Клоп Дортмунд се препороди во секоја смисла. Одлични фудбалери, млади пред се, одлична игра, едностано неможе човек да не се диви на оваа екипа.
Исто така од ПЛ секоја сезона си имам некоја интересна екипа која ја пратам и сакам да постигне што повеќе. Оваа сезона тие се Свонси и Саутемптон. Догодина сигурно ќе бидат други. Зависи од играта што ќе ја прикажуваат.
