Навивање за повеќе од еден клуб

  • Креатор на темата Креатор на темата I.N.S.I.D.E.R
  • Време на започнување Време на започнување
Низ форумов не пронајдов нешто слично па затоа и отворив ваква тема.Па,какво е вашето мислење на оваа тема.Јас,на пример навивам за Јувентус и Арсенал и некако тие два тима да ги двојам,што мислите вие? :)
Едниот тим ти го плескаат во осмина финале, другиот во четврт финале...:icon_lol:
 
Кој како му одговара така нека си прави. :)

Јас навивам за Манчестер Јунајтед и неможам да навивам за дурга екипа. Онака да пратам повеќе некој тим, бидејќи ми се допаѓа каков фудбал игра, бидејќи имаат квалитетни фудбалери - да, ама сепак неможам да навивам за нив како Манчестер.

Такви екипи, кои ми се симпатични, прво ќе ја спомнам Валенсија, која сепак слабо ја пратам последниве 2 сезони, ама порано ја пратев многу повеќе. Аимар, Висенте, Бараха, Албелда, Кањизарес, Кили, Aнгуло, потоа од поновите генерации тројката Силва, Мата, Виља, потоа Алба, Хоакин...итн, итн... Сепак Валенсија во овие 2 години местото на тим кој го пратам најмногу после Манчестер го изгуби од Борусија Дортмунд. Што не значи дека не ги пратам воопшто. Секогаш ми е мило кога ќе победат или кога ќе изиграт одлична утакмица како таа со Барса на Местаља оваа сезона. Повторно имаат интересни фудбалери, но на квалитет се многу послаби од поранешните играчи. :)

Со доаѓањето на Клоп Дортмунд се препороди во секоја смисла. Одлични фудбалери, млади пред се, одлична игра, едностано неможе човек да не се диви на оваа екипа. :)

Исто така од ПЛ секоја сезона си имам некоја интересна екипа која ја пратам и сакам да постигне што повеќе. Оваа сезона тие се Свонси и Саутемптон. Догодина сигурно ќе бидат други. Зависи од играта што ќе ја прикажуваат. :)
 
Секако за Челзи, а ги симпатизирам и Милан :)
 
Не сум го искусил самиот, од кога знам за себе навивам за Јуве, не ми се случило за друг клуб такви емоции да доживеам, али што знам...ваљда е возможно :). У секој случај и јас имам симпатични екипи по првенствава Арсенал, Њукасл, Леверкузен, Валенсија, ама да навивам како што навивам за Јуве, тешко! :D
 
Јас навивам за повеќе фудбалски клубови :D Вардар, Динамо, Реал Мадрид - златна тројка :P
 
Не се залажувајте дека со иста љубов можеш да навиваш за повеќе клубови.

Од еднаш може да сакате две или повеќе девојки?
За сакање зборам, не за симпатишање.

Јас симпатизирам и други клубови, ама во срцето има место само за еден.
 
И што кога ќе ви се сретнат двата тима?

Тогаш ќе бидеш неутрален навивач и ќе уживаш во фудбалот, едноставно е.

Иначе од кога знам за себе навивам за Милан и тоа е тимот кој никогаш нема да го променам, тој тим има Save as во дното на душата, некаде метри позади него е Фиорентина.
 
Навивач =/= фан

Фан сум на Милан навивач на никој, инаку ги симпатизирам и Вардар, Рединг и Борусија Дортмунд.
 
секој си има матичен клуб од местото каде е роден и растен,не можеш да се правиш Каталонец или Мадриѓанец од Канатларци :facepalm:

али ако си вистински љубител на фудбалот и го пратиш ондак сигурно во секоја лига ќе навиваш или симпатизираш некого........смешно е да навиваш за два клуба од иста лига,исто смешно е да се признаваш за Милановец од Маџари.........
 
Jас не можам да го сварам тоа навивање за два тима, па кога ќе ме прашаат од таа и аа лига за коj навиваш или симпатизираш :tapp:

Jас лично не ни симпатизирам ниту еден друг тим и како што спомна некоj член претходно дали можеш да сакаш две девоjки подеднакво? Некоj што себеси се нарекува страствен навивач ни 0,01% од своjата посветеност не би jа дал на друг тим. Секако дека е можно онака трезно да гледаш фудбал и да имаш симпатии кон некоj или друг тим, ама да навиваш не можеш.
--- надополнето: 19 март 2013 во 19:19 ---
Навивач =/= фан

Фан сум на Милан навивач на никој, инаку ги симпатизирам и Вардар, Рединг и Борусија Дортмунд.
А коj е македонскиот превод на зборот фан? Зошто да не користиме наш термин кога веќе го имаме?
 
Jас не можам да го сварам тоа навивање за два тима, па кога ќе ме прашаат од таа и аа лига за коj навиваш или симпатизираш :tapp:

Jас лично не ни симпатизирам ниту еден друг тим и како што спомна некоj член претходно дали можеш да сакаш две девоjки подеднакво? Некоj што себеси се нарекува страствен навивач ни 0,01% од своjата посветеност не би jа дал на друг тим. Секако дека е можно онака трезно да гледаш фудбал и да имаш симпатии кон некоj или друг тим, ама да навиваш не можеш.
--- надополнето: 19 март 2013 во 19:19 ---

А коj е македонскиот превод на зборот фан? Зошто да не користиме наш термин кога веќе го имаме?

Незнам кој е и дали воопшто има ама правете разлика со навивач и обичен фан..
И незнам што безвеза зборувате страствен, посветен ваков наков кога секоја утакмица ја гледаш на ТВ :)
 
Навивач и фан не е исто

Еве според мене што е навивач а што фан.

Навивач е личност која секој натпревар на неговиот тим оди на стадион, не пропушта натпревар, има полно реквизити, е дел од навивачката група на клубот и слично, а фан е еден вид обичен навивач, натпреварите ги следи во живо, има реквизити но за џабе му се, ги користи само кога гледа утакмица групно, не е дел од навивачката група. Ете тоа е фан, а навивач е нешто сосема друго.
 
Незнам кој е и дали воопшто има ама правете разлика со навивач и обичен фан..
И незнам што безвеза зборувате страствен, посветен ваков наков кога секоја утакмица ја гледаш на ТВ :)
Во македонскиот jазик не постои зборот фан. Не секоj може да има прилика да поjде да навива лично на секоj натпревар како што претпоставувам дека дефинираш навивач. Ограничувањето во jазикот не треба да те тера да се правиш помодерен и да се нарекуваш „фан“, кога си имаме наш збор иако не е целосно соодветен т.е. jа има изгубено таа дефинициjа баш поради тоа што премногу се користи зборот фан и се случува баш тоа што ти го кажуваш.

Врати се низ времето пред 30 години и прашаj некоj македонски навивач на Милан што има поjдено на само еден натпревар дали е навивач или дали е фан и се обложувам дека нема да те разбере што сакаш да го прашаш.

Фан = помодарство. Почитуваjте си го jазикот бе аман.
 
И физиката, ако сакате да се вратиме во времето. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom