како голем фан на фудбалската игра,не можев а да не ги пратам сите поважни лиги и натпреварувања во љубовта на мојот живот........така од секоја појака лига симпатизирав/ам поедина екипа(Јувентус,Барселона,Баерн М,Њукасл).....арно ама светот на фудбалот се смена,повеќе не се игра за трофеи и престиж,ами колку газдите на клубовите ќе пикнат приходи во својот џеб.....
Барселона може комотно да се издвои од другите екипи,пошто таа се смета за гордост на Каталонија,со посебен статус на спортски клуб........Барселона не е само обичен спортски клуб,ами функционира како посебна држава
Јувентус го засакав како една од подобрите италијански екипи,тогаш Милан и Јувентус се менуваа во освојувањето на Калчото,а мене посебно ми оставија впечаток Виали,Раванели,Перуци,Ди Ливио,Дешамп
за Баерн нема што многу да се прикажува,отсекогаш го имал кремот на германски таленти и играчи,во свое време играчи како Матеус,Клинсман,Мехмет Шол и останатите не можеа а да те остават рамнодушен
во тоа време Англија беше можеби последна од појаките европски лиги,отепана поради многугодишната казна за настап на нејзините клубови во европските лиги заради инцидентите предизвикани од англиските хулигани во кои често имаше тешко повредени,па дури и жртви.....чест имав да го гледам Давид Жинола - оттука и јас за Њукасл