Оваа недела после падот на сите групи и губењето на сцената, па по нејзиното враќање е најдобрата за скопската тифо сцена и за скопските групи, некој покажаа класа како и се очекува од нив, други дека почнуваат полека да заживуват и да одат на патот кон враќање на своето реноме на сцената.
Комити имаа издание кое доликува на реномето и капацитетот на групата, обработено како што треба во сите аспекти, ограда, изглед на трибина, бајраците, бројка, вокално не знам не сум го гледал клипот , малку се даде форс за делот со трофеите но разбирливо така самите себе си дават дополнителен ветар во грб, а и сите тоа би го правеле на нивно место, како и да е тоа е тоа што треба да го прават и се очекува од Комити како навивачки изданиа, ништо повеќе, ништо помалку.
ФА денес прв пат ми оставија позитивен впечаток по враќањето оваа сезона, добра бројка, гледав малку 1/4 доста солидно навиваа, конечно нешто кое доликува на реномето на ФА и тоа што се очекува од нив, искрено сеуште тоа не е ФА од златните времиња но сепак каде каде ова издание поблиску до тоа него претходниве, фали искуство во групата за да напредува побрзо, вака ќе биде долг и мачен процес да се стигне до тоа ниво повторно.
СПБ за нив не знам што да кажам искрено, но чим се вели дека биле околу 100 при кој повеќето се нови клинци, а групата беше мртва со години и ова е прв реално правилно обработен натпревар за нив е океј, времето ќе покаже дали Бојси ќе се стабилизират како група или ќе преживуваат како што прават цела сезона.
Него кога сме на тема кошарка дефинитивно ми фалат Комбати на КК Вардар, овој едуциран, поткован стил, карактер, акции својот корен го влечат токму од навивањето и одењето на натпревари на КК Вардар, е сега дали Комити тоа би го дозволиле пак и дали има младина која би можела да се челичи на таков начин како што тоа го правеа Комбат НГ, со тоа или друго име си знаат самите, сепак барем мене ми фали навивачи на баскет за Вардар, дека беше една од најјаките приказни на сцената, 100 % Вардар.
Ете уште да се вратат Пирати и ДХ (ако овие две групи имат шанси за тоа) па сликата за Скопје да биде комплетна како во старите добри времиња, па да градиме идни феноменални времиња на сценава



.