T
trilobite
Гостин
Податокот дека сличноста меѓу DNK на човекот и шимпанзото е речиси 100% често пати се изнесува како доказ дека човекот настанал од мајмун по пат на еволуција.Се наведуваат различни степени на сличност:90%,98%,па дури и 99% во зависност од изворот на проценката.606 напиша:2. За потеклото на видовите
Денеска постојат многу различни религиозни толкувања за настанокот на видовите а не само ова што го проповеда trilobite. Во светот постојат околу 19 големи религиозни групации кои се вкупно поделени на околу 270 големи подгрупи и околу 1000 помали. Помеѓу сите овие постојат околу 100 различни учења за настанокот на видовите. Особено се интересни оние на домородното население на Северна Америка.
Впрочем веќе некаде напишав дека луѓето имаат околу 98,5% идентична ДНА со човекот и околу 93% со другите мајмуни а пак некои фрагменти од геномот на куче се исто така околу 60-90% идентични. И за ова има одговор, знам, но сепак упатува на сомнеж кон твојата теорија.
Прво,сличноста не претставува нужно и доказ за заедничко потекло(еволуција),туку може да биде резултат на заеднички творец(создавање).
Ако луѓето комплетно се разликуваат од другите живи створења,или пак сите меѓусебно се разликуваат од секого,тогаш со што би се хранеле?
Ако земаме храна за да внесеме хранливи материи и енергија за живот,што би јаделе ако сите други организми на планетава биохемиски комплетно се разликуваат?
Како би можеле да ги вариме и да ги користиме аминокиселините,шеќерите итн.,ако тие се разликуваат од оние во нашето тело? А?
Биохемиската сличност за нас е нужна баш поради исхраната.
Дали високиот степен на сличност значи дека 2 DNK секвенци имаат исто значење или функција?
Везе нема!Спореди ги следниве реченици:
Денес има голем број научници што се сомневаат во еволуциската парадигма и во нејзините атеистички и филозофски последици.
и
Денес нема голем број научници што се сомневаат во еволуциската парадигма и во нејзините атеистички и филозофски последици.
Овие реченици имаат хомологија од 97%,па сепак имаат сосем спротивно значење!
Ти текнува на примерот на отровот со глувци?
99% вода и 1% Трихин!
Методите што се користат за да се добијат бројки кои толку често се цитираат(и тоа погрешно) се многу груби.
Колку повеќе дознаваме за комплексноста на биохемиските системи во нашите клетки,тие стануваат се почудесни.
Но,дури и да ги прифатиме овие податоци како легитимни,не постои начин мутацијата да го премости јазот меѓу шимпанзото и човекот.
Шимпанзата се само животни.
Луѓето се создадени според образ Божји(ни едно шимпанзо нема да го прочита ова).:wink: