Bacillus gagous напиша:
Пример 1. Дарвин , типот прво студирал теологија, ама не го земал здраво за готово учењето дека господ ги создал адам и ева, туку истрашувал ии дошол до заклучок дека човекот настанал мајмунот, нормално неговата варијанта и согледување на потеклото на видовите (бидејќи тогаш не се употребувал поимот Еволуција) , имала доста недокажани работи и по некоја и грешна работа, ама основниот принцип бил точен и сега неговото тврдење е и експериментално и на повеќе начини докажано и објаснето и сега од она што било „Потеклото на видовите” сега е „Модерна синтетичка теорија на еволуција”
".
..Така,и покрај војната во природата,и покрај гладта и смртта,непосредно произлегува највозвишениот објект кој можеме да го замислиме,имено,креирање на повозвишени животни.
Има величенственост во овој поглед на живот,со неговите различни моќи кои Творецот првобитно ги беше вдахнал во неколку облици или само во еден." Чарлс Дарвин
И покрај тоа што не се согласувал со аристотеловското фиксистичко и типолошко толкување на поимот
вид(биолошки) човеков бил свесен за некои факти кои не се двоумел да ги запише во едно од своети најпознати дела.
Таман работа дека со овој цитат ќе го бранам Креационистичкиот поглед на светот,но, го дадов за пример колку да ти бидат јасни некои работи во врска со Дарвин.
Bacillus gagous напиша:
Пример 2. Мендел, овој бил бетер од првиот не само што бил бил теолог , бил и свештеник и тоа точно кога ги извршувал испитувањата. и овој ко првиот не го земал здраво за готово тврдењето дека формата и бојата на зрното грашок е само по волја на господ, туку тој докажал дека тие се зависни од од неговите родители а не директно од господ ( но како свештеник, и башка тогаш не била молекуларната и целуларната биологија толку развиена за да се согледа зошто е тоа така, скоро сум сигурен дека викал дека господ го направил првите грашоци така што тие ќе можат да се комбинираат и индиректно тоа сепак е вољата на господ)
Бацил,ја стварно не знам што и како ве учеле за овие научници,ама стварно е срамно што го читам ова за Мендел(мислам на твојот цитат)
"Грегор Мендел таткото на Генетиката и Ботаниката,сакајќи да го прослави својот Творец преку откривањето на нови знаења за создадените нешта,довел до револуција во земјоделството и во медицината,како и во чистата наука."Г.Вебстер,еден од биографите на Мендел.Мислам дека нема потреба да објаснувам кој бил Вебстер...
Откритијата на Мендел и неговите резултати целосно ја оспориле идејата за мешано наследство-идеја дека факторите,коишто потомците ги наследуваат од своите родители,се мешаат меѓу себе и во нова,видоизменета форма се пренесуваат на наредните генерации.
Експериментите на Мендел го потврдиле токму спротивното-генетскиот материјал наследен од родителите формира привремена асоцијација само во директните наследници,а во наредните генерации генетскиот материјал повторно се раздвојува во форми во кои постоел кај првите родители.Со други зборови,генетскиот материјал не се менува.
Значи спротивно на Дарвин кој верувал дека генетскиот материјал се модифицира.
BeBe11 напиша:
и за крај брат, да не беше таа технологија немаше да седиш сеа на компјутер. немаше да се спасуваат секојдневно илјадници луѓе со операции и разни апарати. немаше ништо да имаме. што треба да ја сопреме науката и да го сопреме развојот скроз на скроз за да ја заштитиме религијата? ако е вистината некаде надвот, кога тогаш ќе се најде. али мислам дека тоа е тоа што ја плаши црквата, да не се најдат некои докази дека бог не постои, преку развој. значи да си останиме вака и да веруваме у лага, или да ја откриеме вистината, без разлика дали таа е дека бог постои или не постои? и ти самиот си кажа дека некој рекол дека колку повеќе го откривал универзумот, толку повеќе верувал во бог. што ако се докажи постоењето на бог преку наука? тогаш ќе бидеш против?
Ха,па дури и таткото на компјутерите и првите сметачки машини Чарлс Бебиџ бил Христијанин....

И шо праиме сеа....
http://www-gap.dcs.st-and.ac.uk/~history/Quotations/Babbage.html
http://www.cbi.umn.edu/exhibits/cb.html
http://ei.cs.vt.edu/~history/Babbage.html
Ja сепак мислам дека си ја промашила темата,боље би ти било да идеш у 'Виша сила" па таму да си ги споделиш искуствата.
И не ми дрндај дека нема разлика кој што и како некој верува во нешто,бидејќи има разлика својата верба да ја ставиш во нешто реално,со реална основа и доказ во материјалниот и духовниот свет,
наспроти некои искривени сваќања за некаква "виша сила" која може(а и не мора) да биде плод на нашата имагинација.
Девојко очигледно не ти е битно што се пишува на темава.
Infra убаво го согледа тоа,мислам....
И фала за црвенкото,тоа ми е мотив повеќе да се борам против искривените сваќања во врска со позицијата која ја заземам.