Народот нема леб да јаде

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ја одам од 7 септември на Јонско море во Закинтос. Буџетот ми е 240 евра све на све. Поише не ни носам. Одам да одморам. Пензионерски. Толку е.

Ти само за тебе толку носиш во Септември?
 
Епа видиш дека за едно семејство од 3-4 члена кое ќе сака одмор во периодот 15-30 Јули ќе му требаат мнооогу повеќе од 200 евра, а такви наши ги има еден куп во гејлада
 
Колите што ги зборите, дека тооооолку многу ве боли кога ги гледате на улица се сите на лизинг. 100 евра месечно ти треба да возиш една кола онака - пристојно!

Мими, не ти текнува на 2000-3000 учество кое се уплаќа веднаш (кеш или банкарска транскација) веднаш при потпишувањето на договорот за купопродажба.
Да беше само таа 100 евра рата и јас ќе си уплатев една кола па синоќа со Џену да бркаме гага паркинзи околу парк пошто нели 40 денари е паркинг во прва и 30 денари паркинг во втора зона за еден час. Бензинот не е пресметан.
 
ВсашносТ, кој е будала да зема на лизинг ако однапред планира да Не ја исплати туку само да ја вози. Од кола 7000 со камати колку се качува, 10.000 евра? Има и такви кои не ја исплатиле па им ја земале, но човек кога иде да земе кола на кредит, тоа не му е у план. Башка, колку граѓани се имаат доселено само овие 20 години во Скопје? Најверојатно стан не купиле од беспарица :)
Една фамилија од Икс паланка земале стан кај МВР со цел синот да им учи средно приватно у Скопје. Кога разбрале дека средното е после Автокоманда (значи далечку), решиле да земат уште еден поблиску, а овој да си го задржат за себе...можеби се ретки, но јас гледам се зголемува бројот на велешани,беровчани, кратовчани, кичевчани...како мои нови колеги. Стан со креди во Скопје а без пари или со мала плата...тешко.
Пред војната во Македонија, кога ни идеа странци-консултанти не прашуваа -Вам навистина толку ви е ГДП (гледајќи ги луксузните градби, индивидуални и колективни, возилата, секојдневните турканици низ трговските и кафанчињата)?
 
Се убаво ама не ги сфаќам оние што зимаат кредит за да одат на одмор! Аман бе... Па кредит се зима за бизнис бе луѓе, да започнеш нешто да работиш, нешто како почетен капитал,да спечалиш, да ќариш и после да врати а бизнисот да ти остане а не се зима за да арчиш па после цела зима да тргаш од плата.... Незнам...
 
Како што констатиравме со една умна членка овдешна, се` додека народот НЕМА пари да си купи недвижнина макар и гарсоњера од 30 квадрати, за да се осамостои и да го продолжи животот, се` до тогаш народот нема леб да јаде. Да отидеш на одмор во Грција ти требаат 200 евра. Тоа ли ви е мерило за имање леб?

Дали си сигурна за ова, ја не би рекол баш дека е така, еве како пример ќе ги земам зградите до Мекдоналдс и Веро у близина на катастар кои што ги гради Борис Стојменов, квадрат е 1500 евра, зградите се недоградени а сите станови се веќе продадени.
 
Да не ги купи некој со просечна македонска плата од 200 евра (23 000 денари, зависи од диоптерот)?
 
Се убаво ама не ги сфаќам оние што зимаат кредит за да одат на одмор! Аман бе... Па кредит се зима за бизнис бе луѓе, да започнеш нешто да работиш, нешто како почетен капитал,да спечалиш, да ќариш и после да врати а бизнисот да ти остане а не се зима за да арчиш па после цела зима да тргаш од плата.... Незнам...

А ти што мислиш, тој кредит што ќе го добиеш за одмор дека изнесува над 3000 евра?Тебе минимум ти треба толкава сума на пари да започнеш некаков бизнис, ако не и повеќе така е тоа да започнеш бизнис, земи 500 евра кредит и оди продавај банани......


Да не ги купи некој со просечна македонска плата од 200 евра (23 000 денари, зависи од диоптерот)?

Ooops it seems that you got the point...
 
I sho zaklucivte? Deka sme extra bogata drzava ama ne znaevme, sea cekavme edni botchinja na forum da ni kazat. O zaglaven narodu probudi se. Prv pat gledam kaj sto siromastijata e zadovolna so toa sto go ima. Zatoa i sme na ova deredze. Moze inemate videno poubavo i komsijata so odi na odmor so 300 eu vi e mnogu i luksuz. Ne ste vie krivi.

Ти дечко си имаш проблеми со моралот, пошто сме сиромаштија нели неопходност е да отидеме у Грчка и да плеснеме 300 евра и да го уживаме пошто ни се може, а кога ќе се вратиме од одмор пак ќе почнеме со кукањето дека се нема пари и дека стечајците гладуваат. Не е неопходност да одиш на одмор у странство кога знаеш дека немаш, не е неопходност да зимаш кола на лизинг кога утре не знаеш дали ќе можеш да ги вратиш парите, не е неопходност да ја истрошиш цела плата по кафани а од утре да чекаш од твоите пак. Се работи за проклет македонски менталитет да се живее подобро денеска, за утре не е ни битно, колку побрзо овој народ ќе свати дека од самиот себе пати, толку подобро ќе биде за него.

--- надополнето ---

Да не ги купи некој со просечна македонска плата од 200 евра (23 000 денари, зависи од диоптерот)?

Не знам јас тоа, и самиот се чудам со што се занимаваат луѓево а пак имаат толку слободно време. А станови да не се продаваа немаше ни згради да се градат, а ја ко што гледам доста згради се градат.
 
За разлика од останатите луѓе на планетава макендончево има една дарба да заработува 100 евра месечно а да троши 300, од каде таа способност појма немам...
 
Секој може да си земе кредит и да си оди на одмор кај куxxxxx сака е сега тоа нема врска со животот во Македонија и проблемите
со платите ,меѓу луѓето и владата ,владата и стечајците ,младите и браковите ,наркоманијата или луѓето на форумот така да поентата е

проблемите се тука трујат и корнат дали ќе ги решиме од нас зависи..................
 
[/COLOR]

Не знам јас тоа, и самиот се чудам со што се занимаваат луѓево а пак имаат толку слободно време. А станови да не се продаваа немаше ни згради да се градат, а ја ко што гледам доста згради се градат.

Поентата е: Дали тие згради се градат со чесно заработени пари, или пак се градат со пари стекнати на „било кој начин“ само не на чесниот?
Од чесно се знае колку може да се има и колку може да се дозволи...
 
Поентата е: Дали тие згради се градат со чесно заработени пари, или пак се градат со пари стекнати на „било кој начин“ само не на чесниот?
Од чесно се знае колку може да се има и колку може да се дозволи...

Па види вака за да влазеш како инвеститор на зграда ти требаат едно 100 до 200 иилјади евра во зависност од тоа колку коинвеститора сте, за останатите пари кои што ќе требаат да се инвестираат откако ќе се дигне карабината, обично инвеститорите ги даваат становите кои што се во фаза на градба на продажба по нешто пониска цена. Е сега како инвеститорите дошле до тие 100 - 200 илјади евра е мистерија за нас, дали преку бизнис дали преку криминал и сега ги перат парите ,сите варијанти се можни. Она што мене ме зачудува како успеваат да се продадат сите станови уште пред да се изгради зградата, од каде им на луѓево толку пари у кеш?
 
Добро бе луѓе дали стечаец ќе си дозволи одмор во Грција со цела фамилија... Дали работник во индустрија пред колапс (пример, ОХИС) ќе си дозволи одмор во Грција со цела фамилија... Дали шивачка, пеглачка или перачка во текстилна индустрија ќе си дозволи одмор во Грција со цела фамилија... Дали човек што живее од социјална помош или бедна плата од 6.000 ден. ќе си дозволи одмор во Грција со цела фамилија? Дали земјоделец на кој не му откупуваат продуктите од нива ќе си дозволи одмор во Грција со цела фамилија? Плукајте по тој што има, а кука! Не го црнете целиот народ! Оваа група прави повеќе од 30% од населениево. Зар е тоа малку?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom