Народот нема леб да јаде

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Аии претерувањеее, 90 денари на ден-за 25 дена 2250 денари. Со тие пари плаќаат струја, вода, интернетов на кој моментално седат, евентуално кабелска, мобилен, фиксен...и 28 кг леб.
Во желбата да се прикаже што полоша ситуација, ние ќе ги стигнеме земјите и со по долар дневно. Имаше едно четиво за деца -Земјата Будалија каде сите се натпреваруваат во надлажување :)
 
Сигурен си дека не плакаат по 8 евра?:)

Зависи но просекот е нешто над таа цифра...
Во Франција на пример минимална саатница на легално вработен е 8,82 евра.
Што изразено месечно,без прекувремена работа или работа во втора и трета смена изнесува 1529 евра.
1529 евра минимална месечна плата (обично исплаќана неделно - 353 евра...)

Во РМ минимална плата не постои, не постои саатница, ниту е регулирана прекувремената работа.
Но не е легално да не се плаќаат придонесите и даноците од работникот и работодавачот.
Во РМ е можно да се има плата од 0,0000 денари бидејќи е сосема легално а тој “пропуст“ останува и после 18 години и менување на разно-разни “опции“ (уствари една е...)

А за шо беше темава? :)
 
Зависи но просекот е нешто над таа цифра...
Во Франција на пример минимална саатница на легално вработен е 8,82 евра.
А за шо беше темава? :)

Во Италија градежништво се плака над 8 евра од саат,сега зависи од газдата како е задоволен и што се гради воопшто.
Темава беше за тоа дека Народот "немал да јаде леб" а се трошат пари за одмори...И оттука дојде дискусијава за тоа кој колкава плата земал.
Немој некој да ме сфати погрешно.Како во првиот пост така и сега ке кажам дека постојат и луге кои навистина немаат пари ама не се жалат толку многу како оние на кои џебот им е полн а утре ги гледаш изненадно дека поагаат на одмор,или скапа гардероба.
Всушност и таков беше воведот на темава:)
 
Кукањето е една од старите македонски традиции која е жива и здрава и ќе го надживее правењето ајвар и печењето ракија веројатно...:)
Но сепак поставувачот на темата треба да се засрами.
Продава приказна дека во РМ еден дел од народот (пази чудо сега!) одел на - одмори !!!
Небаре сме жители на Северна Кореја...и оп! одмори !
Како ја почнал темата си реков ќе ја спомене Атлантида или Лемурија...но тоа ти било одење на одмор во радиус од 300км колку што е дометот на најголем дел од оние кои во РМ можат да си дозволат одмор а таквите се во многу помал број од оние кои - не можат...
Секако со акцент на оние кои “овозможиле“ рајата да оди по одмори...власта...:tapp: (voluntary lobotomy)

Просечната плата е таа кај нас - категорија на луѓе кои произведуваат реални добра и услуги - 150 евра
- категорија на луѓе кои паразитираат врз грбот на гореспоменатите - 400 евра
 
Аии претерувањеее, 90 денари на ден-за 25 дена 2250 денари. Со тие пари плаќаат струја, вода, интернетов на кој моментално седат, евентуално кабелска, мобилен, фиксен...и 28 кг леб.

Vie shto tolku znaete , shto me pravite lud , dali znaete kade e selo Dedino - Radovish ?
Internet vo Dedino , seloto vo ke se pravele bombite za Ilinden ?

A Rakitec , Oraovica ..... , i vo koja industrija se sega poraneshnite vraboteni od Jaka , shto rabotat zenite koi bile vraboteni vo zlatarata na Bucim ?

Shto mislite , kolku moze da zaraboti utre , ze cel den , poraneshen vraboten vo Samokov - Porecje na svoi 55 godini , i kade ?
 
Во Италија градежништво се плака над 8 евра од саат,сега зависи од газдата како е задоволен и што се гради воопшто.
Темава беше за тоа дека Народот "немал да јаде леб" а се трошат пари за одмори...И оттука дојде дискусијава за тоа кој колкава плата земал.
Немој некој да ме сфати погрешно.Како во првиот пост така и сега ке кажам дека постојат и луге кои навистина немаат пари ама не се жалат толку многу како оние на кои џебот им е полн а утре ги гледаш изненадно дека поагаат на одмор,или скапа гардероба.
Всушност и таков беше воведот на темава:)

Триста денари кај нас земат, оние кој обочно работат во сендвичара, слаткара, бурекчилница, кафетерија, во Германија истите земат од 7 до 8 евра, плата по еден работен час, другото е нивно бакшиш или крадење, така да сигурен сум на твоето претходно прашање :)
 
Просечната плата е таа кај нас - категорија на луѓе кои произведуваат реални добра и услуги - 150 евра
- категорија на луѓе кои паразитираат врз грбот на гореспоменатите - 400 евра

1. Работничка класа
2. Администрација (до претеризам)

но да бидеме реални почнува да заживува и делот кој заработува 500-1000+ евра плата ... IT, Економисти, Правници, нешто шо пред неколку години не постоеше ... ако сега работникот просечно зима 150 евра по провинции тогаш земаа 50-100евра макс.

@dosadno
наместо да го спомуваш Хитлер на секој пост како пред некое време .. запрашај се зошто тие кои ги наведе па и ситуацијава каква шо е денеска е таква каква шо е .. кој е тој кој го остави народот без леб буквално ! (пред 19г)
 
Кукањето е една од старите македонски традиции која е жива и здрава и ќе го надживее правењето ајвар и печењето ракија веројатно...:)
Но сепак поставувачот на темата треба да се засрами.
Продава приказна дека во РМ еден дел од народот (пази чудо сега!) одел на - одмори !!!

Jaс па мислам дека поставувачот на темата е во право...зошто темата всушност беше за оние кои се жалеле дека немале пари а одаат на одмор ама некој спомна дека постојат луге кои навистина не можат да спојат крај со крај...тоа да се согласувам.Тие луге кои немаат навистина пари за свои потреби воопшто не беа спомнати во воведот на темата.
А кукањето да,ја преминува границата,ми се смачи да слушам секој ден немам пари за ова за она...а да не спомнувам по незнам кој пат што гледаме следното утро.Мислаат дека ке им се сожали некој и ке им даде пари за потреби.А кај Македонците да се задоволат без одмор?тоа нема да го видеш.Ке отидат макар на 3 дена дур во Охрид(иако велат дека се негосопримливи)само за да не го поминат одморот во двор.

--- надополнето ---

Триста денари кај нас земат, оние кој обочно работат во сендвичара, слаткара, бурекчилница, кафетерија, во Германија истите земат од 7 до 8 евра, плата по еден работен час, другото е нивно бакшиш или крадење, така да сигурен сум на твоето претходно прашање :)

Е добро тоа е друго.Лесно е да се работи по такви локали но иди црнчи во странство пa да видеш како ке ги стискаш парите :)
 
Не работам или никогаш не сум работел во угостителство, ти давам само споредба со нашите 300 мкд дневница со германските 7,8(од час) евра за иста работа.
 
Муабетот малку ме потсеќа на состојбите во ОЗТ-ињата

Туку, покрај платата има народец и разни приходи

Vie shto tolku znaete , shto me pravite lud , dali znaete kade e selo Dedino - Radovish ?
Internet vo Dedino , seloto vo ke se pravele bombite za Ilinden ?
Имаш можности, ако немаш приходи можеш дополнително да заработуваш -продавај роба, зеленчук и цвеќе на пазар, таксирај, молерисувај...има доста разни занаети и дејности штом ти е толкава плата.
 
но да бидеме реални почнува да заживува и делот кој заработува 500-1000+ евра плата ... IT, Економисти, Правници, нешто шо пред неколку години не постоеше ... ако сега работникот просечно зима 150 евра по провинции тогаш земаа 50-100евра макс.

Мх, и не е баш така, порано беа марките кои во сооднос со еврото и денарот беа некаде на пола, но сепак во деведесетите 100 марки вредеа повеке одошто сега 50 евра, не заборавај дека и цените на материјалите и услугите се многу повисоки сега.
 
@dosadno
наместо да го спомуваш Хитлер на секој пост како пред некое време .. запрашај се зошто тие кои ги наведе па и ситуацијава каква шо е денеска е таква каква шо е .. кој е тој кој го остави народот без леб буквално !

Prvo , nemozeme da konstatirame dali ima " situacija " , dali navistina poraneshniot vraboten vo Samokov , star 55 godini , utre moze da zaraboti 300 denari vo svojot kraj , za da si go plati internetot .

E duri potoa , partiskite jurishnici da kazat koj e dosaden , koj preteruva , koj gi ukral parite vo slucajot Samokov .
 
Мх, и не е баш така, порано беа марките кои во сооднос со еврото и денарот беа некаде на пола, но сепак во деведесетите 100 марки вредеа повеке одошто сега 50 евра, не заборавај дека и цените на материјалите и услугите се многу повисоки сега.

донекаде си во право ..
сепак онаа трета класа која се развива и на која платите им се движат 500-1000+ евра не постоеше .. во таа класа спаѓаа само и само директорите и 2-3ца околу нив (обично роднински поврзани) ...

(патем интересна е Од Осака до Дижонска нели :) )
 
Jaс па мислам дека поставувачот на темата е во право...зошто темата всушност беше за оние кои се жалеле дека немале пари а одаат на одмор ама некој спомна дека постојат луге кои навистина не можат да спојат крај со крај...тоа да се согласувам.Тие луге кои немаат навистина пари за свои потреби воопшто не беа спомнати во воведот на темата.
А кукањето да,ја преминува границата,ми се смачи да слушам секој ден немам пари за ова за она...а да не спомнувам по незнам кој пат што гледаме следното утро.Мислаат дека ке им се сожали некој и ке им даде пари за потреби.А кај Македонците да се задоволат без одмор?тоа нема да го видеш.Ке отидат макар на 3 дена дур во Охрид(иако велат дека се негосопримливи)само за да не го поминат одморот во двор.

--- надополнето ---

Е добро тоа е друго.Лесно е да се работи по такви локали но иди црнчи во странство пa да видеш како ке ги стискаш парите :)

Има и категорија граѓани на кои одмор им следува теоретски, со клаузула на работодавецот “земи одмор и не се враќај„ или “одмор само за свадби и погреби давам“...
А за тие 3 дена...па воопшто да не те чуди...тоа е една од понормалните потреби...не се луѓето киборзи и андроиди...

Лесно е да се работи по такви локали

Сигурна си? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom