Народот нема леб да јаде

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Не го црнете целиот народ! Оваа група прави повеќе од 30% од населениево. Зар е тоа малку?
Не е 30%

Сигурен сум дека е над 55%, само 17 илјади биле на одмор во Гејлада.
 
Ти дечко си имаш проблеми со моралот, пошто сме сиромаштија нели неопходност е да отидеме у Грчка и да плеснеме 300 евра и да го уживаме пошто ни се може, а кога ќе се вратиме од одмор пак ќе почнеме со кукањето дека се нема пари и дека стечајците гладуваат. Не е неопходност да одиш на одмор у странство кога знаеш дека немаш, не е неопходност да зимаш кола на лизинг кога утре не знаеш дали ќе можеш да ги вратиш парите, не е неопходност да ја истрошиш цела плата по кафани а од утре да чекаш од твоите пак. Се работи за проклет македонски менталитет да се живее подобро денеска, за утре не е ни битно, колку побрзо овој народ ќе свати дека од самиот себе пати, толку подобро ќе биде за него.[COLOR="Silver"]

Мислам дека тука лежи зајакот...да се живее пристојно, значи да може човек да си дозволи и по некој "луксуз" како што е на пример одењето на одмор. Значи дека можеш да се пропрцкаш по кафичи (во дневна или ноќна шема, сеедно), да си купиш некое оригинално парфемче барем еднаш у шест месеци, да седнеш у кафана на ручек...да си купиш нешто ново за носење барем еднаш во месецот, да си дозволиш по некоја ситница за блиската родбина за Нова Година, Божик, за роденден...такви некои работи. Ако одмор од 200-300 евра некој го смета за луксуз, нека се помисли уште еднаш. Вакви "луксузи" ни се потребни за да се осетиме како луѓе. Животот нема поента ако се сведе на основните потреби-да каснеш корка леб, да пивнеш голтка вода и да легнеш со некого. Тогаш не би се двоеле многу од било кое животинче. Последнава твоја реченица гаѓа точно во центар-не ми се верува дека не ја гледаш целата страхота на нашево живеење. Сакам да кажам дека живеењето од ден за ден е наша трагична реалност и ја отсликува безнадежноста, невербата дека ќе дојде подобро утре...ние само имитираме живот, живеејќи во илузии дека можеме да си дозволиме многу работи, гушејќи се истовремено во рати со камати...
Но, уште потрагична вистина, е дека "сит гладноме не верује"...обично за побогатите не постои сиромаштија и невработеност; сум слушала и во живо тандркање за непоправливата мрзеливост на нашиот народ, дека некој само ако посака може да си најде работа, дека ако ништо друго можат да се месат кифлички и да се продаваат (и така да се заработи), абе само треба човек да има живци да слуша...
...еве на пример јас-далеку сум од сиромаштија, но оваа година можам да си дозволам само целодневно пливање низ Кајгана форумот. И да, тоа многу ме фрустрира, бидејќи се скостив од работа а пари ич. И, да уште еднаш, платата ми е солидна и сум прилично штедлива...се чудам, каде грешам?
 
Па види вака за да влазеш како инвеститор на зграда ти требаат едно 100 до 200 иилјади евра во зависност од тоа колку коинвеститора сте, за останатите пари кои што ќе требаат да се инвестираат откако ќе се дигне карабината, обично инвеститорите ги даваат становите кои што се во фаза на градба на продажба по нешто пониска цена. Е сега како инвеститорите дошле до тие 100 - 200 илјади евра е мистерија за нас, дали преку бизнис дали преку криминал и сега ги перат парите ,сите варијанти се можни. Она што мене ме зачудува како успеваат да се продадат сите станови уште пред да се изгради зградата, од каде им на луѓево толку пари у кеш?

Па види, дел од тие станови одат на тие што го дале веќе земјиштето на предузимачите, а дел се продава; во секој случај работник со 12 000 денари месечна плата не може да си дозволи стан.А во Скопје живеат секакви, нормално зошто сепак ова е главен град и тука е центарот; тука се сите компании и живеат многу повеќе луѓе од било кое место во државава, и што е најтрагичното пак има од тие луѓе кои живеат мизерно и покрај тоа што е главен град и се лоцирани сите компании тука.Јас веќе напишав дека погледот треба малку повеќе да се прошири а ако мислиме дека народов има пари тогаш нека оди Скопјанецот да работи во Виница или во Кавадарци а тие што се пак од Кавадарци и од Виница нека престанат да ги полнат автобусите за Скопје......Нели, економијата ни цути, народот лаже дека нема работа и дека нема пари тогаш не би претставувало проблем да се работи надвор од главниот град нели????
 
Како и да е доаѓа криза за сите сакале или не сакале да го прифатиме тоа.

Богаташите прават бизнис ама како што тргнале работиве и нив им се пишуе црно.
 
Како и да е доаѓа криза за сите сакале или не сакале да го прифатиме тоа.

Богаташите прават бизнис ама како што тргнале работиве и нив им се пишуе црно.


Да, веќе осумнаесет години по ред им се пишува црно.....И секогаш наоѓаат начин да си го исперат црниот веш, а и веќе осумнаесет години по ред нашиве перални наместо веш перат нешто друго, зелен веш со ликот на Џорџ Вашингтон.....
 
Како и да е доаѓа криза за сите сакале или не сакале да го прифатиме тоа.

Каква криза жити се...Криза ли е тоа да се плескаат пари секоја година да се оди на одмор во Гејлада,Турција,Црна Гора...да се градаат куки по најнов модел и купување автомобили:uvo:
 
Сигурен сум дека е над 55%, само 17 илјади биле на одмор во Гејлада.
Таму леб не се јаде, се јаде гиро...поефтино е од лебот. Него стварно као што вели Мељата, мислам дека иде ама не на подобро, нема изгледи да се вработи населението, нема нови погони, инвестиции, фирми каде ќе се апсорбира повеќе работна сила, а газдите некако се пуштени од ланец па си праат што сакаат со вработените, баш газди. Врти сучи, како да се свртиш задникот е отпозади.
 
Дневница на роботник во Македонија , на црно , изнесува од 5 до 8 евра за осум часа работа - во СКОПЈЕ , во провинција таа дневнца е помала , достига и до 1,5 евра .

Неам потреба од дилема дали “ имаме леб да јадеме “ .
 
Дневница на роботник во Македонија , на црно , изнесува од 5 до 8 евра за осум часа работа - во СКОПЈЕ , во провинција таа дневнца е помала , достига и до 1,5 евра .

Неам потреба од дилема дали “ имаме леб да јадеме “ .

Да не мислиш од час се зима толку? Зашто ако тоа е дневница тогаш у провинција 1,5 евра=90дн х 30 дена тоа ти е 2700 дн.
 
како за крај да не не караат модераторите ,топло ви препорачувам да ја гледате емисија КОД со Снежана Лупевска ја има на kanal5.com.mk sekcija webtv.

Наслов колку заработиле финансиските криминалци има доста тука да се види и одговор на ТЕМАВА .

Значи и криминалците не се на раат и нив им чури главата .Не би сакал да сум на нивно место верувајте ми а немојте и вие на сите им доаѓа крај...........
 
Да не мислиш од час се зима толку? Зашто ако тоа е дневница тогаш у провинција 1,5 евра=90дн х 30 дена тоа ти е 2700 дн.

Осум евра од час не ти плаќат сега ни во Германија, просечна дневна плата за „осум“ часа надвор од Ск е 300 денари, ебани триста денари од кој 50 ти се за цигари, 30 за бурек и 15 за јогурт, 10 за кафе и 10 за потрошен материјал, запалка, патики, облека која се аби за време на работата...
Битно е дека за леб има, ама само за леб...
 
Да не мислиш од час се зима толку?
Зашто ако тоа е дневница тогаш у провинција 1,5 евра=90дн х 30 дена тоа ти е 2700 дн.


Da , tolku e , 1,5 evra dnevno , i toa ako ima sreka da go angazirash . Ako ne , ke sobira caj po planinite , ako go zemat kako ovcar , e togash go opnala sreka .
A shto da raboti koga e otpushten od rabota , firmata veke ne postoi , nema zemja , nema traktor ....
 
Да не мислиш од час се зима толку?
Зашто ако тоа е дневница тогаш у провинција 1,5 евра=90дн х 30 дена тоа ти е 2700 дн.


Da , tolku e , 1,5 evra dnevno , i toa ako ima sreka da go angazirash . Ako ne , ke sobira caj po planinite , ako go zemat kako ovcar , e togash go opnala sreka .
A shto da raboti koga e otpushten od rabota , firmata veke ne postoi , nema zemja , nema traktor ....

Не трескај глупости :tapp:

патем ти одговара ников ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom