Наметната религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Абе цела ли филозовија на Христијанството се заснива на закана...суд, судење и такви ти дрангулии. Што проповедате или по наше или мамичето ќе ви се... Што вистина ширите...апсолутна вистина од книгата на браќата Грим ...ајде де...
За судења, закани, репресии и слични работи не мора да ни кажуваш, полно е со примери што им се случувале на тие што и за милиметар ќе отстапеле од догмите, вечните погрешни вистини.
 
Спасението не зависи ос тоа дали е некој е христијани или не е, туку зависи од МИЛОСТА Божја.

Тоа влече на протестантство, кое вели дека човек најнапред се спасува благодарејќи на Божјата милост, а не поради своите добри дела. Добро е ако биде така, бидејќи немам баш со што да се пофалам, дури можеби...
:smir:
 
Аха...покрај пророци, има и судии...Одлично! Станува забавно!
Се согласувам, може тоа и Мухамед да го кажал,арно ама, Мухамед кажал-и умрел! А Христос кажа, умре-и воскресна! Не случајно Неговите зборови се духовна храна за оние кои во Него веруваат. „ Не се живее само од леб, туку и од секој збор кажан од устата Божја„.
 
Почитувани форумџии, немам намера да Ви забележувам на тврдоглавоста, за да не ја навредам Иконата Божја во Вас, а не заради Вас. Сметајте дека НИКОЈ не се родил како верник; и верните беа тврдоглави ама се опаметија, оти Го бараа и Го најдоа вистинскиот Бог!
Поздрав и дочитање.
 
Аха...покрај пророци, има и судии...Одлично! Станува забавно!
Се согласувам, може тоа и Мухамед да го кажал,арно ама, Мухамед кажал-и умрел! А Христос кажа, умре-и воскресна! Не случајно Неговите зборови се духовна храна за оние кои во Него веруваат. „ Не се живее само од леб, туку и од секој збор кажан од устата Божја„.
шубо си го кажвиш ова...
го видов бе...баш ко воскресна тука бев...:pos2:
 
Ај за крај, и јас малку да се :pos2:
 
Не заради мене, разбира се.
 
нема да ти реплицирам на ова само дај да се вратиме на темава...
да не не искараат администраториве:pipi:
 
Иако гледам развиена дискусија, јас од почеток.

Секоја религија е наметната и тоа е факт. Некој спомна се раѓаме нерелигиозни, што е точно, во секако ниедно дете не расте во планина со волците. А и таму, ќе развие одреден тотемизам, и некаков култ кон природата, што значи... и не е толку нерелигиозно.

Во нашето “современо“ општество погледите на свет ни ги формираат родителите, медиумите и улицата... па сметам дека од религијата не може да се избега како и да е. Оние кои ќе посакаат да размислат подлабоко за работите во еден момент во најмала рака ќе се запрашаат дали е вредно и вистински да се биде верник.
По тој момент на “иницијација“ ако може така да го наречам, човек одлучува дали ќе се сврти на атеистичката страна и силата ќе ја бара во земни работи, или ќе остане верен на религиските постулати. И едниот и другиот ќе бидат во право. Првите бидејќи (според мене) сфаќаат дека сликата за Господ (како што ни е наметната) е нереална, одлучуваат да живеат по општествени принципи, норми и закони, а вторите остануваат блиски до духовната храна која религијата ја нуди (па од таа гледна точка ќе бидат нијанса посреќни од првите), и ќе се придржуваат до религиските (божји) заповеди и принципи на кои модерното општество практично се потпира.

На крај прозилегува дека и верниците и неверниците се религиозни, бидејќи живеат според 10те божји (ако го земам христијанството како пример)...
 
или пак верниците не се религиозни и се водат според Етиката ? можи и вака а ?
 
Фала и слава Богу, ама ТОЈ (Бог) самиот ПРОМИСЛИЛ да се родам во овие околности: како македонец, крстен во Црква, кој ПОВЕРУВАЛ во вистинскиот Бог. Затоа. НЕМАМ проблем со изборот на мојата вера. А што би било кога би се родил на друга „географија„? Па, факт е дека ТОА не се случило, а плус тоа, тоа е можност за шпекулирање по принципот „што би било кога би било„.

А јас мислам дека Господ те пратил на форумов да не убиеш сите од смеење. Читајќи ги и останатие твои постови ти се замислуваш како некој пророк? Сакаш да воскреснеш? Be my guest :zable:

Исто така многу себично од тебе што ги нарече другите религии лажни. Па од каде знаеш дека токму Христијанството е вистинската религија?
 
Тоа влече на протестантство, кое вели дека човек најнапред се спасува благодарејќи на Божјата милост, а не поради своите добри дела. Добро е ако биде така, бидејќи немам баш со што да се пофалам, дури можеби...
:smir:

Цело време ми беше пред очи ама сега приметив, овој Мики лажно се претставува за православен, од некоја од сективе изгледа е, тие се така упорни во верглањето едно те исто,работат на норма во врбување нови овци.
Православен не би го правел тоа, си имаат своја самопочит.
 
Пак од ова познативе(и веќе заморни) атеистички контра-аргументи, а?
Ако вака резонираме, све у животот на било кој е наметнато. Ама буквално се. Само не гледам дека некој особено си ја чука главата со тоа и си го зима као контра-аргумент за "валидноста" на своето постоење.

Сите официјални религии имаат силна заедничка нишка(али нормално треба да се читне по нешо за да се забележи тоа). Другото е ствар на избор. Слободна воља, ви текнуе?

Како што секој си одбира да речеме партнер и смета дека тој е вистинскиот, така луѓето си одбираат и вера и ја сметаат за вистинска. Дали традицијата има удел или е случајност во прашање, или пак е космичка интервенција, или карма или нешто петнаесто, за верникот е ирелевантно.
Инаку јас сум верник и сметам дека е навреда кога некој ми тврди дека поради недоволно размислување и расудување друг успеал да ми наметне да верувам. Демек јас тупа овца, без расудување, ми рекле верувај и јас верувам, а ингениозните атеисти размислиле, расудиле и решиле..не верувам. Да, да секако.

Ако верниците се brain-washed, онда подеднакво исто се и атеистите.

Викторгг напиша:
На крај прозилегува дека и верниците и неверниците се религиозни, бидејќи живеат според 10те божји (ако го земам христијанството како пример)...
Не, не значи...Религијата бара верба..И за да речеш дека си христијанин е потребно многу, ама МНОГУ повеќе од следење на 10-те заповеди.
Инаку Викторгг, која од книгите на официјалните религии ја имаш прочитано?
 
Back
На врв Bottom