Пак од ова познативе(и веќе заморни) атеистички контра-аргументи, а?
Ако вака резонираме, све у животот на било кој е наметнато. Ама буквално се. Само не гледам дека некој особено си ја чука главата со тоа и си го зима као контра-аргумент за "валидноста" на своето постоење.
Сите официјални религии имаат силна заедничка нишка(али нормално треба да се читне по нешо за да се забележи тоа). Другото е ствар на избор. Слободна воља, ви текнуе?
Како што секој си одбира да речеме партнер и смета дека тој е вистинскиот, така луѓето си одбираат и вера и ја сметаат за вистинска. Дали традицијата има удел или е случајност во прашање, или пак е космичка интервенција, или карма или нешто петнаесто, за верникот е ирелевантно.
Инаку јас сум верник и сметам дека е навреда кога некој ми тврди дека поради недоволно размислување и расудување друг успеал да ми наметне да верувам. Демек јас тупа овца, без расудување, ми рекле верувај и јас верувам, а ингениозните атеисти размислиле, расудиле и решиле..не верувам. Да, да секако.
Ако верниците се brain-washed, онда подеднакво исто се и атеистите.
Викторгг напиша:
На крај прозилегува дека и верниците и неверниците се религиозни, бидејќи живеат според 10те божји (ако го земам христијанството како пример)...
Не, не значи...Религијата бара верба..И за да речеш дека си христијанин е потребно многу, ама МНОГУ повеќе од следење на 10-те заповеди.
Инаку Викторгг, која од книгите на официјалните религии ја имаш прочитано?