Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Вистински вредности?

Што подразбирате и кои се според вас ,,вистински вредности,, во животот?
 
Ја би одел на среќа, среќата е можеби единствената вредност која што е еднаква на збирот од сите горенаведени вредности, без можеби слава и моќ. На кој му треба слава и моќ за да биде среќен?
 
Covekot koj e mudar ke umee da ja prepoznae vistinskata vrednost, da ja izgradi srekata na zivotot i da se otvori za ljubovta. Patot kon mudrosta e patot kon slobodata i sposobnosta za spokojno podnesuvanje na udarite na sudbinata i migovite na golemiot uspeh, slavata i mokta.
Точно,но мудрост неможеш да имаш ако немаш спокој.
 
животна вредност.

многу категории горе наброени можат да бидат вредности ама краткорочни.

да се живее за идеалот..тоа е вредноста, ама има проблем малку тука..прагматичноста на егзистенцијализмот го нарушува идеалот во изворната форма...значи би рекол мечта за идеалите...тоа е вредноста.

мечтата или ај да зголемам фантазијата мора да е нереална тоа е гориво, зошто во оној момент кога ќе го најдите она што го барате повеќе тоа не можете да го посакувате, за да може да постои мечта таа мора да ги држи своите цели недостижни, всушност не е ``она`` што го бараме туку мечтаење по ``тоа``...или ај да поврзиме со среќа како негој ``оргазам`` на состојба кај личност...ние сме вистински среќни само во оној момент кога мечтаеме за идната среќа.
да се живее по желби не се добива среќа,да се биде човек значи да се бориш за идеали а не да го ``мериш`` истиот.
 
Одбрав среќа, но мислам длабоко во себе мудрост, ама тие две нешта се контрадиктуваат, зошто колку човек е поглупав толку е посреќен, правопропорционално на глупоста и незнаењето е среќата, колку повеќе размислува за последиците од своите постапки толку повеќе се ограничува себеси и е несреќен, но сепак мудроста ни дава предзнаење за она што а најважно во животот, диференцијација, спознание на важното од неважното е клучен фактор во избегнување на потресување и секирации за непотребни неважни работи во тоа лежи мудроста, сепак животните удари не се поднесуваат подобро доколку си мудар, удари си се удари па без разлика дали ги примил мудрец или кретен.
 
Од се по малце :) Иначе одбрав срека..онака
 
хммм
успехот и среќата ми се така поопшти може да се вклопат кај сите преостанати
оти за некој богатството е успех но го прави и среќен
за некој љубовта е среќа и успех (нели си посакуваме успех во ова она и во љубовта)

инаку од другите преостанати може да се прават итересни комбинации

нели Пријателството е Богатство
или поскувана кариера е комбинација од Слава и Богатство

славата и моќта некако ми одат во кобинација оти значат вршење одредено влијание врз животите на другите луѓе .

Слобода би избрал за себе .(иако се премногу елементи понудени како прифатливи )
 
Гласав за љубов, затоа што мислам дека кога имаш љубов се друго си доаѓа само по себе. И среќата, и богатството и успехот и се. Доколку немаш љубов и подршка од најблиските ништо неможеш да постигнеш во животот.:toe:
 
Успех. Успешен си кога сите други работи ќе ги оствариш.
 
Оној кој никогаш немал премрежија со здравјето и за момент не бил на границата со живот и крај на живот, би требало да знае дека највисока вредност во животот е здравјето. Се другото е после тоа, така што здравјето за мене е највисока вредност и предуслов за останатите вредности.
 
Фрајхајт, Либерте, Фридом...
Слобода - без неа нема ништо друго, ни здравје ни среќа ни успех, без разлика како секој ги дефинира овие работи.
 
Би рекол моќ во смисол духовна моќ која обединува љубов, слобода, спокој, среќа, совладување на стравот... а ако вклучува и некоја натприродна моќ дотолку повеќе.
Ако се мисли на политичка или робовладетелска или слична бедна „моќ’’ тогаш не. Тогаш би рекол богатство баш затоа што е минливо, а се друго е бесплатно и горе долу го имам. :)
 
Гласав за мудроста, ја сметам за највискоа вредност во животот. Ако си мудар, тогаш ке го избереш вистинскиот пат на кој ке бидеш среќен.
 
srekata e se vo zivotot...ako ne si sreken togas dzabe ti e se
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom