Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Повеќето од овие нешта што се набројани се состојат во само еден од нив: слободата. Според мене тоа е ултимативната нирвана на телото и духот по која за жал Човекот уште долги векови ќе трага. Штета што е само утопија, зошто денес сите сме робови на општеството. Оваа шарена илузија за слобода на модерниот свет која моќни механизми секојдневно ни ја сервираат не ме задоволува. Кога би се раскинале тие пранги, човекот би имал се`, и љубов, и спокој, и среќа, и мудрост, и успех, а за моќта и славата нема простор меѓу високите вредности во животот.
 
Нема највисока вредност. Ако се достигне, ќе бараме нешто ново, затоа што на тој начин ќе означиме дека сме го достигнале совршеното, а совршеното е досада.
 
Ne sum ama ja postuvam nivnata filozofija i odnosot prema zivotot.Makedonce sum.
 
И да бидеш горд , ама Македонците имаат и други врлини , не за џабе апостол Павле прво овде дошол.
 
Гласав за спокој (НЕ упокој).
Мислам дека ако некој е доволно мудар и среќен да ги има, цени и љуби пријателите, слават и парите ќе дојдат сами по себе. И повторно, ако е доволно мудар, нема да дозволи да го вознемират парите и славата туку ќе го задржи својот спокој.
Се согласувам.
 
На некој начин сите овие вредности се поврзани во животот. Но не се стремат сите кон истите вредности подеднакво. Поединец наоѓа задоволство во сите овие особини, но само неколку навистина ќе го исполнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom