Најубавото место кое го имате посетено

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Оние што ја пишале Венеција најверојатно немаат отидено подалеку. Азурниот брег, пред се Ница, тоа не може да се опише, таа сина небесна боја........рај за душата и очите. Виена и Минхен како да застанале во времето векови наназад, прекрасна архитектура, хигиена на завидно ниво итн. Потоа Париз, за да го истражиш цел град (најбитните работи) ти треба најмалку 1 месец, само за Версај ти требаат 10 денови, потоа Лувр, Монмартерот, Шанселизе, катедралата итн итн...........
Преку барата Њу Јорк. Мојот омилен град одсекогаш ми бил, ми е, и ќе ми биде. Стигнав на аеродромот во Бруклин вечерта во 9 часот и заминав веднаш да го шетам Менхетен. Шта да ти причам, се движам во Бродвеј и ми течат солзи од возбуда, така ми немаа течено од како мал кога јадев ќотек дома :) (е сеа не до толку де), се движам по улица и во глава ми врти песната од Френк Синатра. Се движам батка и се тресам целиот, околу мене високи облакодери, светлечки реклами на сите страни, врвца од жолти такси возила со отворени прозори од каде што се слуша индиска музика, возачите сите Пакистанци со густи бркови и по некој Индиец со чалма на главата. На секој ќош мексиканци продаваат хот-дог за еден долар, пици, буритос. Одиш по улица и ја осеќаш топлината од пареата од метрото, кое што има вентилација на секои неколку метра. Пишете на јутуб
Tom & Jerry - Mouse In Manhattan (1945) и гледајте, таа вечер јас бев Џери.
 
Санкт Петербург со своите бели ноки - дефинитивно.
 
Париз без конкуренција, мојот омилен град. Мислам дека е сувишно да кажувам било што, мора да се види и да се доживее.
Потоа Виена, Барселона, Фиренца, Каиро....има многу, но ниту едно место не е како Париз
 
Лисабон, а по него Стразбур. Во принцип не ги сакам главните градови, а Лисабон е единствената престолнина што ми лежи на срце. Нема високи згради, нема огромни булевари, но затоа има многу тесни улички низ кои може со мерак да се изгубите, а сите градби се „обоени“ со посебни декоративни плочки. Кога ќе седнете на пијалак, келнерите буквално ве служат со песна. Едноставно, има посебен дух.

Кога би можела, дефинитивно би го посетила повторно, воедно и Верона, Порто и Бриж.
 
Иако се малце несредени сепак нема поубави градови од Итаљанските. Кога би морал би да одбирам би ја избрал Фиренца.
 
Уште не сум прошетала многу ама Дубровник ми остави некој посебен шмек. :)
 
Виена, со чудово на чело.

hundertwasserhaus-austria.jpg
 
Кратово. Град музеј. Зад секое ќоше извира историја, традиција и култура. Град кој нуди неверојатни мотиви и детали.
--- надополнето: 29 декември 2013 во 14:11 ---
А од она што е надвор од Македонија досега најголем впечаток ми оставил Порто. И секако Плитвичките Езера.
 
Дефинитивно Рим. За главен град и како една најпозната посетена дестинација од туристи од целиот свет, има некој посебен шмек градот. Таква енергија не сум почуствувала на ниту едно друго место на кое сум била. Ги обожавам малите улички, преплавени со локалните ресторанчиња/кафулиња на секој чекор. Џелато во Рим, непроценливо искуство! :love: Се надевам еден ден дека пак ќе му се вратам. На подолго време овој пат, за да можам да го истражам и прошетам цел град, до последен милиметар.

А во Македонија, Радожда ми е на прво место. Каков мир ти дaва тоа место, покрај самиот охридски брег. Само за одмор е и за бегање од секојдневните обврски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom