Најубавото место кое го имате посетено

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Во Македонија најубавото место што сум го посетил е црквата во Радовиш (направена од Гуштеров) а и најубава црква во државава. Бев пред 4 дена да ја видам и има што да се види. Нема што да зборам, некој ако има прилика нека појде да ја види зошто не се пропушта такво нешто.
 
Може и слики да ставате од тие места кај што сте биле, па да видиме како е. Ќе постирам јас од Венеција покасно.
 
1. Памуккале (Турција)
2. Shipwreck Bay (Грција)
3. Плитивице (Хрватска)

Заборавив и јас Памуккале да го споменам хаха. Стварно убаво место е. Имам одено.
-Сакам и на Плитвички езера да одам, било многу убаво. :)
 
Монмартр..

2djhxf.jpg
 
Австриските Алпи...
Обожавам планински мирни места.

На своја рака организација или преку агенција? (дај маршута, кешковица и слични ствари во детали)
Навистина сакам да ги видам :)
 
На своја рака организација или преку агенција? (дај маршута, кешковица и слични ствари во детали)
Навистина сакам да ги видам :)

Имаше лани организирано од планинарите на Макпетрол и цената беше симболична од 300 евра.
Еве ја понудата http://www.makpetrol.com.mk/planinari/ArhivaView.asp?NasID=321&mPage=6

Еве репортажа од нив како поминале

http://www.makpetrol.com.mk/planinari/ReportsMk/Saalbach-Jan-2011.asp

Еве за годинава 350 евра.

http://www.makpetrol.com.mk/planinari/ReportsMk/Saalbach2012Najava.asp
 
Турската чаршија во Скопје - неверојатно место со свој самобитен македонски дух. :oops:
 
Хммм... тежок избор...

На прво место веројатно Нојшванштајн. 2 саати со воз од Минхен и таму си. Алпи, прекрасни шуми, кристални езера, замоци како од бајки поставени доволно високо за целиот овој пејсаж да изгледа како на дланка. Уште еден есенски сончев ден да ви се погоди па есенските бои да дојдат до израз... Цел амбиент е бајка, изгледа крајно нереално а тука ви е пред очи.

Уште една прекрасна глетка која ми е врежана во глава од Германија се катедралата во Келн, навечер, убаво осветлена, од кејот на Рајна изгледа како од некој филм, just pure Gothic.

Трета работа на која ќе се сеќавам цел живот е Азурниот Брег. Ница, август, пријатни 27-8 степени и таа боја на морето која кога ќе ја видиш ти станува јасно зошто e „Азурен“ Брег. Прекрасно.

Најубав град кој го имам видено за мене е Прага. Ако катедралата во Келн реков дека е just pure Gothic не знам што да кажам за Прага. Цел стар дел од градот е како заглавен во време. Плоштадот, Карлов Мост, замокот...

Уште Истанбул ќе го издвојам - Аја Софија и Сината Џамија една спроти друга, погледот од Топкапи кон Босфорот, подземните византиски цистерни, старите ѕидини на Константинопол, крстарење до околните островчиња... Има толку многу историја тука што глава боли, многу моќно изгледа.

Чисто би ги ги спомнал и Бамберг (како музеј на отворено е градот, целосно зачуван, ни една бомба не паднала тука во WWII, па во оргинал зачувани се градското собрание, две прекрасни катедрал, средновековен дворец, барокна палата и еден куп други интересни градби па ми делува како една мала Прага од тој аспект само дефинитивно со свој, поинаков дух и изглед) и Дрезден (обратно од Бамберг - разрушен до темел па повторно изграден верно на стариот изглед) во Германија, Венеција и Рим од Италија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom