Најубавиот гол во 2013 - ФИФА Ференц Пушкаш награда

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот фаворит ?


  • Вкупно гласачи
    86
ieF2nRe4PsI4W.gif


iAuaroxEqGR3S.gif



Рибери и тој румунот требаале да ги стават.Бомбата од румунот беше стварно јако голче.:drk:Луиз,Касами итн.Исто Ројс имаше јаки голови а Аранго лудакот секој гол што го дава е право чудо.

Головиве од жениве не се баш нешто посебно,освен што се жени.:icon_mrgr:

Од понудениве ми се свиѓа гркот како ја распали а и тој голот ала Ван Бастен ми го прави меракот.:cuc:
Сепак мислам дека тепа носоњата.
 
На Анкерсен некако највеќе ми се допаѓа, ама некако на Ибра голот е “еднаш во животот„ и мислам дека тој треба да ја земе наградата. И се согласувам и голот на Мексес треба тука да се најде
 
Започна трката за наградата "Ференџ Пушкаш", поточно, наградата за најубавиот гол во 2013 година

На листата за гласање се 10 погодоци, а првата рунда од гласењето ќе трае до 9 декември.
Во следната фаза ќе се пласираат трите голови кои до тогаш ќе освојат најголем број гласови.
Конечно победникот ќе биде откриен на 13 јануари 2014 на церемонија на доделувањето на "Златната топка"

На оваа листа се најдоа погодоците на:
- Петер Анкерсен (Есбјерг-Архус)
- Лиса де Вана (Скај Блу-Бостон)
- Антонио Ди Натале (Удинезе-Киево)
- Златан Ибрахимовиќ (Шведска-Англија)
- Панајотис Коне (Наполи-Каљари)
- Даниел Лудена (Пачука-Тигрес)
- Немања Матиќ (Бенфика-Порто)
- Луиза Несиб (Лион-Ст. Етјен)
- Нејмар (Бразил-Јапонија)
- Хуан Мануел Оливеира (Наутико-Спорт Рецифе)


Претходни добитници на оваа награда се:
- Кристијано Роналдо (2009)
- Хамит Алтинтоп (2010)
- Нејмар (2011)
- Мирослав Штох (2012)


Што мислите, дали ФИФА била објективна при селекцијата на 10те погодоци ?
Дали некој друг гол заслужи да се најде на листава пред некој од веќе номинираните ?

За вашиот фаворит можете да гласате во анкетата (да ги избегнеме таквите постови) :)

Болоња :D

Можело подобри голови да стават, на местото на оние жените и Нејмар. Одлични се сите други голови, посебно оние одличните акции на Бенфика и другиот таму не го запаметив. Сепак можеби и заради репутацијата и името, но голот на Ибра е класа така да тој добива од мене глас. Едноставно е неверојатен :cuc:
 
Болоња :D

Можело подобри голови да стават, на местото на оние жените и Нејмар. Одлични се сите други голови, посебно оние одличните акции на Бенфика и другиот таму не го запаметив. Сепак можеби и заради репутацијата и името, но голот на Ибра е класа така да тој добива од мене глас. Едноставно е неверојатен :cuc:

Фала, поправено :)
 
На Анкерсен некако највеќе ми се допаѓа, ама некако на Ибра голот е “еднаш во животот„ и мислам дека тој треба да ја земе наградата.

Исто.
Овие два ми се у најтесен круг за најбољи голови, ама пред се ради тоа шо не се гледа секој ден гол ко тој на Ибра дефинитивно тој иде на прво место.
Нормално после оној на Руни :D
 
Нејмар, и момичката од Лион ми се вишок тука.
Преценет гол ми е исто оној од своја половина. Ша што ако дал од пола терен гол, излегол голманот(негова грешка) и искористил.
Па Погба даде подобрар гол против Удинезе лани, па и пред 2 дена со Наполи(вториов веќе закаснил) од горе споменатите. Мексес можел и требал да биде во оваа листа. Сигурно има и многу други, ама не митекнуваат а и не планирам да барам. Момичката од Лион е стаена ваљда да пополни женска квота, да бидат две.

Чисто ме занима, дали некој знае за кој период се головиве? Далис е работи за период од една сезона како Август-Јули, или се работи за календарска година(иако има време до крајот на годинавав)
 
Од Луиз се силни шутови од далечина, секој месец ги има по 5 во секоја лига.

Ах што не влезе оваа :confused:

Тука Ибра без конкуренција.
 
Неможам да ве разберам..кој гол на Ибра?..тој со Англија?..па тој беше во Ноември минатата 2012 година а колку што гледам тука се дискутира за 2013 година..ако се работи за тој со Андерлехт длабоко се извинувам
 
Мораше да има место и за овој гол.
 
Ди Натале, затоа што постигна гол со послабата нога и затоа што напаѓачите што така лесно се снаоѓаат во шестнаесетник се на изумирање. Ама не е ни одблиску атрактивен ко тој на Ибрахимовиќ.
 
Ах што не влезе оваа :confused:

.

Ова другар може да конкурира, ама за најдобра акција. :)

Мене лично ми се глупи ваквите тимски акции кога се номинираат за најубави голови. Се знае бе, пукање на мрежата, кинење на пајажината или некое чудесно снаоѓање на играчот шо го дава голот. Пример види оној Андерсен шо прави.

Инаку голот на Мексес беше подобра верзија од ова на Ибра. Од понудениве Ибра, Нејмар и Андерсен.
 
Абе ајде го нема голот на Мексес против Андарлехт..(n)

Иначе според овие на ибра е фаворит, таков гол до сега не сее видело и нема да се виде :D :D

Балотели: Такви голови давам на тренинг кога ми е досадно.
 
Без никакво размислување,чепкање по анкетата и двоумење-Ибрахимовиќ.Таква атрактивност и чувство за допир со топката навистина се реткост и привилегија,едноставно Ибра е мајстор кој еднаш се раѓа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom