Најквалитетните марки според магазинот Auto Bild

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Водечкиот европски магазин го објави извештајот за квалитетот на автомобилите заснован врз издржливоста, резултатите на супертестовите и оцените на сопствениците. Изненадувања на врвот нема.
Магазинот Auto Bild го објавува извештајот за квалитетот на автомобилите уште од 2001 година. Тој претставува вреден водич за издржливоста и долготрајниот квалитет на автомобилите, како и за задоволството на сопствениците. Во извештајот се користат и податоците од претходните години, но не повеќе од 10 години. Тежиштето е поставено на возилата што се стари меѓу три и седум години. На тој начин се покажуваат слабостите кои што инаку остануваат сокриени за време на нормалните тестови на новите модели.
Вкупната оцена за секоја марка произлегува од седум одделни критериуми на оценување, кои што имаат подеднаков удел во донесувањето на крајниот суд. Се разгледуваат одговорите на сопствениците во анкетите за задоволството од нивните автомобили, извештајот од редовните технички прегледи на возилата при регистрација, резултатите од супертестовите на 100.000 и повеќе километри, како и поплаките што редакцијата на магазинот ги добива од сопствениците на возилата.
Во продолжение е ранг листата на квалитетот за дваесетте најзастапени марки на пазарот. Првото место за Toyota не е изненадување, но затоа е големо изненадување, или поверно кажано, разочарување, тоа што некои марки кои ги познаваме како квалитетни, на ранг листата се само во долната половина. Последните места се веќе со години резервирани за Fiat и Citroen.

Место

Марка

Оцена


1.
Toyota
2,17


2.
Hyundai
2,50


3.
Mazda
2,57


3.
Mercedes
2,57


5.
Mitsubishi
2,60


6.
Audi
2,71


6.
BMW
2,71


6.
Honda
2,71


6.
Kia
2,71


10.
Skoda
2,71


11.
Nissan
2,83


11.
Renault
2,83


11.
Seat
2,83


14.
Opel
2,86


15.
Volkswagen
3,0


15.
Ford
3,0


17.
Suzuki
3,17


18.
Peugeot
3,43


19.
Citroen
3,57


19.
Fiat
3,57

 
А каде е четвртото место не пишуе никаде

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Волксваген 15-ти?Нема врска ова.Каде е Алфа Ромео?
 
Значи пазете овие податоци може да се шминкани....бидејќи таквите магазини живеат од спонзорите...чисто да спомнам. :coffee:
 
Тресат гзови ова некои нивни гледања...
--- надополнето: 25 декември 2013 во 16:20 ---
Тресат гзови ова некои нивни гледања...
 
Хахахаха... шкода и сеат се пред волксваген, а шкодите имаат волксваген мотори.


Е што ако имаат Волксваген мотор. Па во други работи се подобри Волксваген. И во опрема, ентериер итн....
 
Тресење бисери.
Само цитроен не се расипува до 10 годдини и има 12 години гаранција на каросерија а е на претпоследно место:tapp:
 
Хахахаха... шкода и сеат се пред волксваген, а шкодите имаат волксваген мотори.


Имаше тест на стариот модел на Сеат Кордоба ала Поло класик,најди го Сеат подобар у се а се работи за исти возила
 
<< === Прауд папа на KIA Clarus ..... 6 место .... ооооууууу да да да да .... :нинџ:
 
абе незнам по кои критериуми ги правеле оценкиве, али волво според мене треба да ја има во топ 10, а ја нема никаде иако имаат одлични возила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom