Најголемиот светски атеист: Признавам, постои Бог!

Некои членови ептен ги помешале лончињата(особено членот Ахмед) ...
Да се биде Атеист не значи и дека автоматски тој човек не почитува ништо и никого, прави што си сака, лош е, злобен, ненормален, неморален... аман немојте со тие филозофии демек ако си неверник си лош ... а ако си верник си ангел ......... таквите филозофии само кај некоја дементна баба или кај некој дементен дедо може да бидат успешно продавани !
А што се однесува до законите, денеска државите се Секуларни што значи дека државата и нејзините институции и закони се целосно одвоени од религиската сфера и секако дека си постојат низа норми и принципи на однесување, неможе секој да си прави што си сака, јасно си се дефинирани работите што смее, а што не смее, си постојат закони ама државни/уставни закони, а не религиски и тие државни/уставни закони важат подеднакво за сите граѓани без разлика дали се Христијани, Муслимани, Атеисти... и без разлика на националната, расната и политичко-идеолошката припадност !
И аман не тропајте глупости дека Атеисти(диктатори-Атеисти) убивале луѓе во името на Атеизмот ........... смешно е ........... тоа што Сталин бил Атеист и убил толку и толку милиони народ, или пак Мао и сличните на нив тоа они не го правеле во името на Атеизмот туку од сосема други причини политички и.т.н. не од религиски причини и аман немојте Атеизмот постојано да го поистоветувате со Комунизми Социјализми бидејќи не секој Атеист е и левичар по идеологија, голем број на Атеисти се б.т.в. истовремено и анти-Комунисти како и анти-Фашисти, значи во некоја средина се !
 
;)
rottenecard_22512614_2n9qt4td38.png
 
Поправка од оригиналниот текст на интернет



Некој си замешал прсти тука и си го направил текстот согласно своите верувања и однесување да се искриви се што може за нивна корист.

Исто како што “Научниците докажаа дека душата постои“ :facepalm: или моето омилено за Биг Бенгот : “Дали конечно ќе докажат дека Господ не го создал светот. :facepalm:
 
Исто како што “Научниците докажаа дека душата постои“ :facepalm: или моето омилено за Биг Бенгот : “Дали конечно ќе докажат дека Господ не го создал светот. :facepalm:
Ај што било глупост тоа со веста.....то е ок, туку дали ти имаш две чисти за што теоретизирале Стјуард и Роџер жити кариера?
И која е таа теорија и колку знаеш ти за истата, биг бенгот нели........уствари се сведува на тоа колку ти се разбираш од наука. Или со други зборови, во која научна институција работиш?
 
Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу. Пред бројните камери овој доктор изјавил „Ја свикав оваа конференција да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.

Но каде е Он-Бог? Каков е? Еве за нас е посебен благослов што Тој се јави меѓу нас и живееше со нас... Одговор на тоа постои ли Бог или не и каков е Бог - е Христос... ( Старец Софрониј Сахаров).
 
Ај што било глупост тоа со веста.....то е ок, туку дали ти имаш две чисти за што теоретизирале Стјуард и Роџер жити кариера?
И која е таа теорија и колку знаеш ти за истата, биг бенгот нели........уствари се сведува на тоа колку ти се разбираш од наука. Или со други зборови, во која научна институција работиш?

А бе битно ти си кажа нешто...

Инаку имам, да. Инаку не би се бунела за сензационалините наслови на вестите, не?
 
Атеисти ми се праат а дома сите елките нацрвенети и чекаат дедо мраз пакетче да им донесе :LOL:
 
Атеисти ми се праат а дома сите елките нацрвенети и чекаат дедо мраз пакетче да им донесе :LOL:
Не заборавај дека по слави шетаат :P
 
Не заборавај дека по слави шетаат :P
и јадат сарми :D
е така де многу ми е гајле кој шо е дали верува или не ,колку само празни се тие внатре ги јебе хигс-босон честичката и мрак :D
 
Атеисти ми се праат а дома сите елките нацрвенети и чекаат дедо мраз пакетче да им донесе :LOL:
и јадат сарми :D
е така де многу ми е гајле кој шо е дали верува или не ,колку само празни се тие внатре ги јебе хигс-босон честичката и мрак :D
Православни ми се праат а 99,98% месо кркаат за нова година, не само сарми (од тие мрсните) :D
 
Православни ми се праат а 99,98% месо кркаат за нова година, не само сарми (од тие мрсните) :D

Атеист,

а бе не си на предновогодишната средба?...:unsure:
 
Православни ми се праат а 99,98% месо кркаат за нова година, не само сарми (од тие мрсните) :D
Баџанак искрено да ти кажам ако преживеам утре , ветувам дека ке ги постам сите пости и нема да јадам мрсни сарми, ако непреживеам одма стануем атеист :D
 
Баџанак искрено да ти кажам ако преживеам утре , ветувам дека ке ги постам сите пости и нема да јадам мрсни сарми, ако непреживеам одма стануем атеист :D

Абе ќе преживееш ти, ама треба и да се опаметиш од утре натаму:D

п.с. ДОнеси од то сармите шо нема да ги јадеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom