Најголемиот светски атеист: Признавам, постои Бог!

A зошто мислиш дека знаат понаку?

:)
Не мислам ништо,знам отприлика како стојат работите.Само чудно ми е што некои верници на таков начин го поимаат Бог,кога тој би требало да биде поим за љубов,почитување на останатите,макар и да се со дијаметрално спротивставени гледишта.Мене никако не ми е јасно како некој што верува во Бог би поверувал дека тој Бог би барал убиства на хомосите,неверниците и слично.Многу лоша претстава за семоќно битие.
 
Аргумент за што? Темата е за атеизам, нема потреба да изнесувам цитати, јас само укажав на класичен стереотип кој е присатен кај македонските христијани, доволно е да напишам еден збор кој е лош и веднаш да мислите на смрт убивање, а никако не мислите на полошото од тие работи, а тоа е вечната казна, или вечното спасение и слично..можееби грешам,ама пропагандата доста влијае во вашите глави и можеби ние муслиманите навистина ништо не сме придонеле да тој стереотип го намалиме кај вас..како и да е размислете дека светот не е црн или бел..има и сивоа и и работи кои што ти мислиш дека се темни,а се најголемото светло
 
Не мислам ништо,знам отприлика како стојат работите.Само чудно ми е што некои верници на таков начин го поимаат Бог,кога тој би требало да биде поим за љубов,почитување на останатите,макар и да се со дијаметрално спротивставени гледишта.Мене никако не ми е јасно како некој што верува во Бог би поверувал дека тој Бог би барал убиства на хомосите,неверниците и слично.Многу лоша претстава за семоќно битие.
Таков е Исламот помирете се,милитаристичка доктрина.
Нема поинаку,агресија,војна тоа се нивните начини за променување на мнението кај индивидуата.
--- надополнето: 18 декември 2012 во 15:42 ---
Аргумент за што? Темата е за атеизам, нема потреба да изнесувам цитати, јас само укажав на класичен стереотип кој е присатен кај македонските христијани, доволно е да напишам еден збор кој е лош и веднаш да мислите на смрт убивање, а никако не мислите на полошото од тие работи, а тоа е вечната казна, или вечното спасение и слично..можееби грешам,ама пропагандата доста влијае во вашите глави и можеби ние муслиманите навистина ништо не сме придонеле да тој стереотип го намалиме кај вас..како и да е размислете дека светот не е црн или бел..има и сивоа и и работи кои што ти мислиш дека се темни,а се најголемото светло
Смешен си.
Пропагандата?
Не изнесуваш цитати,хммм?

Ти не полемизираш ти труеш со цитати од Куранот,кој би рекол и самиот не ги разбираш,но тоа ти го имаат зацртано во Џамија како цел.
 
Цело време на сите форуми кои што ги гледам размислувате за класичен шеријат или политички настани, а дали сте размислиле дека тоа произлегува и доаѓа од некаде, шеријатот е за Верници кои го сакаат, и припаѓа на верниците и е почаст да се дојде до него, но не се спроведува врз луѓе кои незнаат, јас и голем број на муслимани немаме проблем да разговараме и ги повикаме и хомосексуалците да се спасат и тие се човечки суштества и нормално е дека светот денес не е ист и дека сите луѓе не се исти дека треба да се има толеранција кон многуте девијации, не во смисол на тоа да се дозволи, туку во смисол да се укаже и да се советуваме како да направиме подобра иднина. и нормално е да како муслимани го презентираме Исламот, бидејќи сме убедени во неовата вистинитост, но таа презентација, била добра или лоша треба да донесе корист за сите нас, доколку ти немаш корист за себе како човек, тогаш или јас сум лошиот презентер или ти си лошиот слушател или не не бива..
 
Naprotiv netreba da se ubie.Treba da mu se dade Kuran da cita.treba da go procita prvin, a ako go odbie Kuranot, e posle e losho.
После треба одма да му скине главата со тап јатаган, а џелатот со тоа аутоматски има резервирано сепаре кај Алах со 29 осумгодишни девици. јеаххх
 
Ете гледате врвот на знаењето кое е кај овој човек..браво, си успеал да ме насмееш,а верувам кој ме читал мене и неколкуте цитати од Куранот ќе разбере што сакам да ви укажам..слепилото е болест, која не познава лек ..но вистинскиот слепец не е оној кој што негледа со очи..туку со срцето
 
Ете гледате врвот на знаењето кое е кај овој човек..браво, си успеал да ме насмееш,а верувам кој ме читал мене и неколкуте цитати од Куранот ќе разбере што сакам да ви укажам..слепилото е болест, која не познава лек ..но вистинскиот слепец не е оној кој што негледа со очи..туку со срцето
Слепец да му кажеш на Атеист е смешно.
Не патат Атеистите од апатија.

;)
 
Се е ок,само што упатството на многу сомнителен начин ни доаѓа...за разлика,можел да направи секој да се раѓа со спознание за Бог за да нема сомнежи...или да не направи суштества кои нема да бидат во можност да се сомневаат...итн.
Упаството е насекаде, погледни го светот, Куранот не е само книга, Куранот е Објава или знак, а тоа е Овој Бесконечен Пртекрасен Универзум толку сложен и толку ефикасен да во тој Универзум живееме и ние на една мала планета во еден мал Сончев систем , во една Мала Галаксија..а сепак се стремиме кон Големи цели, а тоа е да Го славиме и Му се заблагодаруваме на Единствениот Прекрасен Дизајнер на Сето ова, Семоќниот Создател и Вистинскиот Владател..Упаството не е од мене, тоа е од Бог и зависи колку ти го бараш..што повеќе бараш, повеќе и подобар одговор ќе најдеш..
 
Упаството е насекаде, погледни го светот, Куранот не е само книга, Куранот е Објава или знак, а тоа е Овој Бесконечен Пртекрасен Универзум толку сложен и толку ефикасен да во тој Универзум живееме и ние на една мала планета во еден мал Сончев систем , во една Мала Галаксија..а сепак се стремиме кон Големи цели, а тоа е да Го славиме и Му се заблагодаруваме на Единствениот Прекрасен Дизајнер на Сето ова, Семоќниот Создател и Вистинскиот Владател..Упаството не е од мене, тоа е од Бог и зависи колку ти го бараш..што повеќе бараш, повеќе и подобар одговор ќе најдеш..
Баш убаво го опиша Универзумот,нашиот сончев систем и нашата мала планета Земја-колку се само прекрасни,фасцинантни,совршени.Е сега од друга страна имаш Бог кој сето тоа го создал,хипотетички кажано,а бара убиство на хомоси кои се негова креација и бесење на тие што се неверници?Не одат заедно Универзумот и тој Бог во кој ти веруваш,барем според мене.
 
Голем број од атеистите од пред компјутер немате излезено надвор да видете во светот што се случува. Има луѓе кои читаат книги имаат библотека дома, не велам не, ама поголемиот дел се „википедаши“ и „гугловци“. Се само виртуелен некаков си фантастичен , „научно-атеистичко-дарвинистички“ свет живеете, реалноста е сосема поинаква пријателе, дарвинизмот веќе не е на врвот како сакате уште да го славите и величате, како што нацизмот изумрел одамна, иако имаш поедини скинхецови по град кои мислат дека ќе се роди новиот хитлер и ќе завладее повторно со европа и светот, така ти сонуваш за свет во атеизам, и мислиш тогаш народите сите ќе се смират и ќе се сакаат а? Демек само религијата(во случајот исламот) е слепило за народот, се друго е цвеќе за мирисање, а низ историјата милијардииииии изумреле поради национализмот, атеизмот, фашизмот , расизмот, и тн да не набројувам си знаеш ти убаво. Друго, ако него некој му зацртува од џамија така, тогаш тебе сигурно некој друг ти зацртува како да бркаш „вехабии“ и „баба роги“ по форуми, сепак мора од некаде пари да земаш, од форум седење цел ден и бркање постови тешко дека ќе го раниш семејството кое го немаш, нема од небо да ти паднат пари. Исламистички ислам, селефизам,вехабизам, шизофренизам, и што уште не, да бе, пред исламот немало војни, не се знаело што е тоа војна, атомска бомба тоа исламистите ја фрлиле над јапан пу, затоа јапонциве никад тоа нема да му го простат на американциве, атеизмот јапонски со американскиов во конфликт да не се од втора светска војна........:eek:
 
Голем број од атеистите од пред компјутер немате излезено надвор да видете во светот што се случува. Има луѓе кои читаат книги имаат библотека дома, не велам не, ама поголемиот дел се „википедаши“ и „гугловци“. Се само виртуелен некаков си фантастичен , „научно-атеистичко-дарвинистички“ свет живеете, реалноста е сосема поинаква пријателе, дарвинизмот веќе не е на врвот како сакате уште да го славите и величате, како што нацизмот изумрел одамна, иако имаш поедини скинхецови по град кои мислат дека ќе се роди новиот хитлер и ќе завладее повторно со европа и светот, така ти сонуваш за свет во атеизам, и мислиш тогаш народите сите ќе се смират и ќе се сакаат а? Демек само религијата(во случајот исламот) е слепило за народот, се друго е цвеќе за мирисање, а низ историјата милијардииииии изумреле поради национализмот, атеизмот, фашизмот , расизмот, и тн да не набројувам си знаеш ти убаво. Друго, ако него некој му зацртува од џамија така, тогаш тебе сигурно некој друг ти зацртува како да бркаш „вехабии“ и „баба роги“ по форуми, сепак мора од некаде пари да земаш, од форум седење цел ден и бркање постови тешко дека зимаш пари. Исламистички ислам, селефизам,вехабизам, шизофренизам, и што уште не, да бе, пред исламот немало војни, не се знаело што е тоа војна, атомска бомба тоа исламистите ја фрлиле над јапан пу, затоа јапонциве никад тоа нема да му го простат на американциве, атеизмот јапонски со американскиов во конфликт да не се од втора светска вјна........:eek:
Тебе ти се измешале работите,па би сакал да ти појаснам две работи.Првин,атеизмот нема допирна точка со дарвинизмот,иако сите верници се обидуваат да го протнат тоа на мала врата но сепак безуспешно и јалово.Втора работа е тоа што никој не тврди дека само Исламот не е цвеќе за мирисање,факт е дека и за други религии и идеологии се убивало луѓе,но никогаш тоа не било во име на атеизмот,како што ти тврдиш.А ако имало војна и убиства на невини луѓе во име на атеизмот,слободно приложи материјал,па ќе дискутираме на посебна тема,можеш да отвориш штом тврдиш така.
 
И да каже некој отворено јас сум атеист, еве овој „светски атеист“ да каже такво нешто, убивам во име на атеизмот, вие ќе кажете тој е будала, поединците не го представуваат атеизмот, всушност атеизмот никој не го представува, не овечувам некој поинаков одговор од овој. Патем, како што тоа беше со Брејвик, кого никој не го обвини за христијански тероризам, иако се знаеше неговата цел што беше како беше и кој беше и што беше Брејвик.
--- надополнето: 18 декември 2012 во 16:20 ---
Атеизмот е полош од војна пријателе, прави што душа ти сака, не одговарај за ништо, прави што ти е ќеф, прави неред на земјата, закони секој нека си донесува сам. Ако кажеш дека ова не е атеизам, дека атеизмот е демократија, правда и така натаму, тогаш и демократијата денеска одишла некаде да војува за да се наметне, нели?
 
И да каже некој отворено јас сум атеист, еве овој „светски атеист“ да каже такво нешто, убивам во име на атеизмот, вие ќе кажете тој е будала, поединците не го представуваат атеизмот, всушност атеизмот никој не го представува, не овечувам некој поинаков одговор од овој. Патем, како што тоа беше со Брејвик, кого никој не го обвини за христијански тероризам, иако се знаеше неговата цел што беше како беше и кој беше и што беше Брејвик.
--- надополнето: 18 декември 2012 во 16:20 ---
Атеизмот е полош од војна пријателе, прави што душа ти сака, не одговарај за ништо, прави што ти е ќеф, прави неред на земјата, закони секој нека си донесува сам. Ако кажеш дека ова не е атеизам, дека атеизмот е демократија, правда и така натаму, тогаш и демократијата денеска одишла некаде да војува за да се наметне, нели?
Оф леле.Атеизмот,за разлика од,на пример религиите,нема мотив да се шири низ целата земјина топка,нема мотив да се убива во негово име,не е организиран во некакви си системи или верувања,нема догми.Затоа не можеш ама баш за ништо да го обвиниш.Истотака,атеизмот не е-прави што ти душа сака,за тоа си постојат закони во секоја држава,што смееш а што не смееш да правиш.И на крај,атеизмот не е воопшто демократија и пак нема допирни точки со неа.Дај бе научи што е атеизам,за твое добро.
--- надополнето: 18 декември 2012 во 16:27 ---
Samo da prasam, kako i so koj metod e izmereno koj e najgolemiot svetski ateist?
И кои се мерните единици за атеистичност:LOL:
 
Поправка од оригиналниот текст на интернет

Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу. Пред бројните камери овој доктор изјавил „Ја свикав оваа конференција да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.

Овој професор по филозофија на најпознатите светски универзитети е автор на бројни книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофијата“ – книга која имала бројни изданија.
Професорот Флу беше идол на сите светски атеисти, а неговите дебати со религиозните научници им бea омилена програма на атеистите ширум светот. Големиот успех на атеизмот во современиот свет доведе до формирање на бројни клубови на атеисти, а икона на секој од тие клубови беше токму доктор Флу. А тогаш се случи нешто шокантно, неочекувано…
На една дебата со еден религиозен научник, доктор Флу ги изнел познатите атеистички аргументи, а тогаш спротивната страна му поставила две прашања:
Прво прашање: „Господине Флу, јас во рацете ја држам книга (во текстот Библијата . Каде настанала оваа книга?“
Доктор Флу одговорил: „Настанала во печатницата, секако“.
Тогаш религиозниот научник проговорил: „Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека книгата настанала во умот на писателот, а не во печатницата. Дали се согласувате?“ Флу одговорил дека се согласува.
А потоа следело второто прашање на кое доктор Флу немал одговор.
Второ прашање: „Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации, запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?“
Долготрајното молчење на Флу било шокантно за неговите атеистички симпатизери, па разговорот бил пренасочен на друга тема, а споменатото прашање останало неодговорено.
Девет месеци по дебатата доктор Флу сеуште размислувал за прашањето чиј одговор не го знаел. Неговото мото, со кое подучувал генерации студенти, гласело: „Треба да ги следите фактите без оглед на тоа каде тие ќе ве одведат“.
И така фактите го одведоа најголемиот свестски атеист до заклучокот кој го изнел пред новинарите на свиканата конференциа и кој предизвикала вистински земјотрес кај поголемиот дел од научната заедница. Пред бројните камери доктор Флу изјавил:
„Дами и господа, поитувани пријатели, ја свикав оваа конференција за новинарите за да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои. Во најновото издание на мојата книга ‘Бог и филозофијата’ ќе пишува дека сите мои досегашни дела се надминати“.
Шокот бил преголем. Кога оваа вест одекнала во светските медиуми, во исто време поттикнала лавина коментари од страна на атеистите дека доктор Флу „не мислел така“, дека медиумите „лошо ја пренеле неговата изјава“ итн. Тогаш доктор Флу повторно излегол пред камери и повторно го потврдил своето јасно определување дека Бог постои и дека тоа е научен факт кој е јасен и несоборлив.
Но, знаејќи дека на овој свет постои онаа страна која агресивно ја прикажува светлоста како темнина, белото како црно, а слаткото како горко, така е продолжена агресивната кампања во бројните медиуми дека доктор Флу не изјавил дека ќе стане религиозен , туку дека „религиозните фанатици погрешно го интерпретираат“ и дека атеизмот е единствениот вистински пат во животот.
Доктор Флу тогаш во 2007 година седнал и напишал авобиографска книга „Признавам. Постои Бог!“ – за да го промени ставот на најортодоксните светски атеисти. Во таа книга тој го опишува своето растење во религиозно семејство, станувањето атеист под влијание на атеистичката литература и долгогодишниот труд на местото професор по филозофија на бројните светски универзитети како најборбен промотер на атеизмот во светот. А, тогаш, следи промената предизвикана од јасни научни факти.
Во својата книга доктор Флу, како маестрален филозоф и логичар, покажува дека најпознатиот светски еволуционист, доктор Ричард Докинс, потполно погрешно ги објаснил феномените во природата и го злоупотребил своето влијание како професор по биологија на универзитетот во Оксфорд. Книгата понатаму обработува и други прашања во врска со односот на науката и религијата, како и науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здравата логика и едноставното научно резонирање.

Развојот на науката фрли ново светло на безбројните чуда на природата кои потврдуваат дека овој свет е создаден и дека не можел да настане случајно, како што тврди современата теорија на еволуцијата. Археологијата, геологијата, астрономијата и другите научни дисциплини покажаа дека постои потполн склад помеѓу современите научни откритија и извештаите дадени во Куранот. Творецот не само што го создал овој свет, туку и на човекот му дал јасни упатства за квалитетен и успешен живот, запишани во Куранот и претходните објави.
Доктор Ентони Флу, свесен за овие факти храбро настапи во одбрана на она што е вистинито и животно важно. Оној кој го создал човекот е во состојба повторно да го создаде, и по неговата смрт повторно да го оживее, а за оние кои се упорни во побуната и непокорувањето не постои ниту еден доказ кој би можел да ги покрене во позитивна насока, како што вели Аллах во Куранот:
25.Има такви кои доаѓаат да те слушаат, но Ние на срцата нивни перде им ставивме, за да не го разберат Куранот, и глуви ги направивме, па и сите докази да ги виделе, повоторно во нив не би
поверувале. А кога доаѓаат со тебе да се расправаат, тие што не веруваат велат: „Тоа се само измислици на дамнешните народи!“
26. Тие забрануваат да се верува во Куранот, и самите од него се оддалечуваат, и самите себеси се упропастуваат, а и да не забележуваат.(Поглавје 6)

Иако не го прифатил ниту Исламот ниту Христијанството, како деклариран Деист, Ентони Флу е доказ против сите оние кои непотребно си докажуваат на себеси дека Бог непостои.

Преземен е дел од текст на Мирољуб Петровиќ за „Геополитика“

Некој си замешал прсти тука и си го направил текстот согласно своите верувања и однесување да се искриви се што може за нивна корист.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom