Најголемиот светски атеист: Признавам, постои Бог!

Поправка од оригиналниот текст на интернет



Некој си замешал прсти тука и си го направил текстот согласно своите верувања и однесување да се искриви се што може за нивна корист.
Да веруваш во Исус или Алах од една,и да оставиш простор за постоење на Бог од друга страна,се две сосема различни работи.
 
Незнам за вас, но за мене самото верување во Бог значи верување во Исус и обратно. Целина е тоа
:eek:

Како што рече The Dictator, ако оставиш простор за верување (во смисла beleiving, не faith) во Бог во некаква смисла не значи нужно треба да бидеш приврзаник на некоја религија. Концептот на бог има многу паралелни тумачења, не само во теолошка смисла... и научниците го користат како метафора за сеопштата креација, за се што постои, конзистентноста на универзумот. Интелегенција во поставеноста на универзумот и живиот свет воопшто не е ни малку наивна теза и ако некој мисли дека тоа е поверојатна опција од теоријата на инцидентно, рандом креирање и тн. не треба да се исмева во смисла ако го променил мислењето „забегал“ како што многу милитантни атеисти знаат арогатно да се постават во тој случај. Сигурно си има свои причини да верува во тоа како што и големи научници Ајнштајн, Планк имале слични гледишта не затоа што не разбирале како нештата функционираат, туку сметале потребно е нешто повеќе. Тоа не повлекува верување во Бог како фигура, како некој омнипотентен ентитет кој што му е приоритет неговата креација на верува дека постои, тоа не значи следење на религиски догми. Тоа не ја оспорува ни науката, ни природните закони, ни еволуцијaта... само што во тој случај еволуцијата е начинот, а во причината или смислата има поголема мудрост :)
 
Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу.
Шампион на атеизмот?
Дај кажи каде и кога се одржува Светско првенство во Атеизам, да се пријавам, може и јас ќе станам шампион на атеизмот.

И обожавам вакви артикли без ниту една референца, бројни камери спомнува а никаде нема видео, за човеков никој не слушнал а е шампион на атеизмот, во финале на атеизмот на пенали го победил Ричард Докинс.
 
Јас верувам во сама себе, повеќе од што верувам во било што друго.
Многу сум побожна, што да правам.

Браво чедо.
Некој непознат рекол: Ако не веруваш и не се цениш себе си,не очекувај другите да го сторат тоа. ;)
 
Со ова всушност не докажуваш ништо. Чист пример за Argument from authority.
„Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека книгата настанала во умот на писателот, а не во печатницата.
Второ прашање: „Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации, запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?“
Тука се имплицира дека сите информации во универзумот настануваат во умот на некое свесно мислечко битие, што не мора да значи. Moжам да разберам зошто би размислувал така, зошто нели, ти веруваш дека универзумот е креација на некакво свесно битие, па оттука сите информации вградени во универзумот би потекнувале од Творецот. Но, не сите се согласуваат со тебе, нели? What if I told you the universe wasn't created by a creator? morpheus.jpg :)
Развојот на науката фрли ново светло на безбројните чуда на природата кои потврдуваат дека овој свет е создаден и дека не можел да настане случајно, како што тврди современата теорија на еволуцијата.
Баш напротив. Науката се повеќе открива докази за тоа како за настанокот на универзумот не е неопходен творец. Стивен Хокинг зборуваше на оваа тема неодамна. Ја би ти препорачал да гледаш еден документарец на БиБиСи. Се вика The secret life of chaos. Таму убаво се објаснува како Е всушност возможно целиот универзум да се создал и подредил спонтано, како од неред настанува ред. Мислам дека ќе ти се допадне. :)
 
Само не кажува кој Бог го признава дека постои... оти има неколку стотици...

Samo da prasam, kako i so koj metod e izmereno koj e najgolemiot svetski ateist?
Според методот на глупост.
 
Овој ботов што ја oтворил темава како се замислува:
Steven%20Colbert%20says%20I%20told%20you%20so.gif
.
Што мислам јас за темава:
HB44I.jpg
.
 
Тука се имплицира дека сите информации во универзумот настануваат во умот на некое свесно мислечко битие, што не мора да значи. Moжам да разберам зошто би размислувал така, зошто нели, ти веруваш дека универзумот е креација на некакво свесно битие, па оттука сите информации вградени во универзумот би потекнувале од Творецот. Но, не сите се согласуваат со тебе, нели? What if I told you the universe wasn't created by a creator? morpheus.jpg :)
Прашањето во неговиот текст имплицира дека мора да има ум за да настанат и се пренесат информации.
Импликацијата се побива со многу едноставен и секојдневен пример - компјутерите и артифицијалната интелигенција.
Арно ама не троши нерви да се дискутираш со него, некој го плаќа да врши ваква идиотска пропаганда.
 
Незнам за вас, но за мене самото верување во Бог значи верување во Исус и обратно. Целина е тоа

Не е така. Може си веруваш во свој Бог, каде што ги нема Исус и компанија. Не е само христијанството кој го има богот. Всушност, секој треба да си верува во што сака, ако сака и без етикета.
 
Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу. Пред бројните камери овој доктор изјавил „Ја свикав оваа конференција да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.

Овој професор по филозофија на најпознатите светски универзитети е автор на бројни книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофијата“ – книга која имала бројни изданија.
Професорот Флу беше идол на сите светски атеисти, а неговите дебати со религиозните научници им бea омилена програма на атеистите ширум светот. Големиот успех на атеизмот во современиот свет доведе до формирање на бројни клубови на атеисти, а икона на секој од тие клубови беше токму доктор Флу. А тогаш се случи нешто шокантно, неочекувано…
На една дебата со еден религиозен научник, доктор Флу ги изнел познатите атеистички аргументи, а тогаш спротивната страна му поставила две прашања:
Прво прашање: „Господине Флу, јас во рацете ја држам книга. Каде настанала оваа книга?“
Доктор Флу одговорил: „Настанала во печатницата, секако“.
Тогаш религиозниот научник проговорил: „Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека книгата настанала во умот на писателот, а не во печатницата. Дали се согласувате?“ Флу одговорил дека се согласува.
А потоа следело второто прашање на кое доктор Флу немал одговор.
Второ прашање: „Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложени информации, запишани во гените, во чиј ум настанале тие информации?“
Долготрајното молчење на Флу било шокантно за неговите атеистички симпатизери, па разговорот бил пренасочен на друга тема, а споменатото прашање останало неодговорено.
Девет месеци по дебатата доктор Флу сеуште размислувал за прашањето чиј одговор не го знаел. Неговото мото, со кое подучувал генерации студенти, гласело: „Треба да ги следите фактите без оглед на тоа каде тие ќе ве одведат“.
И така фактите го одведоа најголемиот свестски атеист до заклучокот кој го изнел пред новинарите на свиканата конференциа и кој предизвикала вистински земјотрес кај поголемиот дел од научната заедница. Пред бројните камери доктор Флу изјавил:
„Дами и господа, поитувани пријатели, ја свикав оваа конференција за новинарите за да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои. Во најновото издание на мојата книга ‘Бог и филозофијата’ ќе пишува дека сите мои досегашни дела се надминати“.
Шокот бил преголем. Кога оваа вест одекнала во светските медиуми, во исто време поттикнала лавина коментари од страна на атеистите дека доктор Флу „не мислел така“, дека медиумите „лошо ја пренеле неговата изјава“ итн. Тогаш доктор Флу повторно излегол пред камери и повторно го потврдил своето јасно определување дека Бог постои и дека тоа е научен факт кој е јасен и несоборлив.
Но, знаејќи дека на овој свет постои онаа страна која агресивно ја прикажува светлоста како темнина, белото како црно, а слаткото како горко, така е продолжена агресивната кампања во бројните медиуми дека доктор Флу не изјавил дека ќе стане религиозен , туку дека „религиозните фанатици погрешно го интерпретираат“ и дека атеизмот е единствениот вистински пат во животот.
Доктор Флу тогаш во 2007 година седнал и напишал авобиографска книга „Признавам. Постои Бог!“ – за да го промени ставот на најортодоксните светски атеисти. Во таа книга тој го опишува своето растење во религиозно семејство, станувањето атеист под влијание на атеистичката литература и долгогодишниот труд на местото професор по филозофија на бројните светски универзитети како најборбен промотер на атеизмот во светот. А, тогаш, следи промената предизвикана од јасни научни факти.
Во својата книга доктор Флу, како маестрален филозоф и логичар, покажува дека најпознатиот светски еволуционист, доктор Ричард Докинс, потполно погрешно ги објаснил феномените во природата и го злоупотребил своето влијание како професор по биологија на универзитетот во Оксфорд. Книгата понатаму обработува и други прашања во врска со односот на науката и религијата, како и науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здравата логика и едноставното научно резонирање.

Развојот на науката фрли ново светло на безбројните чуда на природата кои потврдуваат дека овој свет е создаден и дека не можел да настане случајно, како што тврди современата теорија на еволуцијата. Археологијата, геологијата, астрономијата и другите научни дисциплини покажаа дека постои потполн склад помеѓу современите научни откритија и извештаите дадени во Куранот. Творецот не само што го создал овој свет, туку и на човекот му дал јасни упатства за квалитетен и успешен живот, запишани во Куранот и претходните објави.
Доктор Ентони Флу, свесен за овие факти храбро настапи во одбрана на она што е вистинито и животно важно. Оној кој го создал човекот е во состојба повторно да го создаде, и по неговата смрт повторно да го оживее, а за оние кои се упорни во побуната и непокорувањето не постои ниту еден доказ кој би можел да ги покрене во позитивна насока, како што вели Аллах во Куранот:
25.Има такви кои доаѓаат да те слушаат, но Ние на срцата нивни перде им ставивме, за да не го разберат Куранот, и глуви ги направивме, па и сите докази да ги виделе, повоторно во нив не би
поверувале. А кога доаѓаат со тебе да се расправаат, тие што не веруваат велат: „Тоа се само измислици на дамнешните народи!“
26. Тие забрануваат да се верува во Куранот, и самите од него се оддалечуваат, и самите себеси се упропастуваат, а и да не забележуваат.(Поглавје 6)

Иако не го прифатил ниту Исламот ниту Христијанството, како деклариран Деист, Ентони Флу е доказ против сите оние кои непотребно си докажуваат на себеси дека Бог непостои.

Преземен е дел од текст на Мирољуб Петровиќ за „Геополитика“
E арно бе...незнам што се чудиш. Ова е субината на сите атеисти и аналогно на сите верници.
Еден ден атеисти друг ден верници...:facepalm:
 
Незнам за вас, но за мене самото верување во Бог значи верување во Исус и обратно. Целина е тоа
Извини, но јас си верувам во единствениот и вистински Бог Сварог. Слава му!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom