Најголем дел од интелигентните и талентирани тинејџери одбираат да слушаат хеви метал

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Mac)) напиша:
Give me a break,стилот на музиката кој го слушате не ја одразува вашата интелегенција,сосема две различни нешта во мозокот репрезентираат тие две.

Ако слушаш метал,не значи дека си паметен,ни дека си глуп.
Едноставно,ништо не значи,а вие трагичните,само продолжете да се тешите :)
Кои се тргичните ?
Оваа анкета вели едно, друга вели друго. Исто како што еден "металец" ја користи анкетата да се погордее со според него големата интелегенција, во исто време некој друг сака да се одбрани себе си со побивање на анкетата :smir:
 
Koeфициентот на интелигенција нема никаква врска со тоа каква музика им се допаѓа, т.е. ја слушаат...или има?
Јас мислам дека нема...зошто би имало, и каква би била таа?
 
Релативна работа е тоа, има и екстремно глупи луѓе што слушат хеви-метал. И оние што слушат турбо-фолк не мора да значи дека се глупи. Јас си слушам и метал и турбо-фолк, ќе да сум просечен :)
 
Може да се констарира дека најголемиот дел од интелигентните тинејџери,НЕ слушаат турбо-фолк.Тоа е факт.А други генерализации,не би требало да се прават.Не секој слуша метал поради тоа што е интелигентен и секако,не секој што слуша метал е интелигентен.Зависи од поединецот и од неговата идеја за остварување и исполнување на самиот себеси.А тоа може да го направи со различни видови музика,во зависност од неговиот карактер.Ако некој е поагресивен,нормално дека ќе слуша метал,посмирените одбираат реге можеби,а оние кои сакаат да го истражуваат својот мозок-транс.Сепак,и ова е само релативна класификација.Она од кое вистински зависи каква музика ќе слуша една личност,тоа е неговиот вкус,и ултимативно,факторите што го моделираат и дефинираат тој вкус.А тие се премногу комплексни за една ваква генерализација,што е направена во насловот на темата.
 
Може да се констарира дека најголемиот дел од интелигентните тинејџери,НЕ слушаат турбо-фолк.Тоа е факт.А други генерализации,не би требало да се прават.Не секој слуша метал поради тоа што е интелигентен и секако,не секој што слуша метал е интелигентен.Зависи од поединецот и од неговата идеја за остварување и исполнување на самиот себеси.А тоа може да го направи со различни видови музика,во зависност од неговиот карактер.Ако некој е поагресивен,нормално дека ќе слуша метал,посмирените одбираат реге можеби,а оние кои сакаат да го истражуваат својот мозок-транс.Сепак,и ова е само релативна класификација.Она од кое вистински зависи каква музика ќе слуша една личност,тоа е неговиот вкус,и ултимативно,факторите што го моделираат и дефинираат тој вкус.А тие се премногу комплексни за една ваква генерализација,што е направена во насловот на темата.


А ти па која генерализација ја напраи.
Ја демек агресивна сум па затоа слушам метал?
Ама и у исто време смирен карактер сум па затоа слушам реге?
И би требало да почнам да слушам транс оти ме интересира да си го истражувам мозокот?
Ај батали тоа шематизирање.
Да останеме само на тоа дека најголем дел од интелигентните тинејџери не слушаат турбо:D
 
А ти па која генерализација ја напраи.
Ја демек агресивна сум па затоа слушам метал?
Ама и у исто време смирен карактер сум па затоа слушам реге?
И би требало да почнам да слушам транс оти ме интересира да си го истражувам мозокот?
Ај батали тоа шематизирање.
Да останеме само на тоа дека најголем дел од интелигентните тинејџери не слушаат турбо:D
Не праам генерализација,само кажуам дека некои од луѓето слушаат одредена музика,пошто им одговара на карактерот,како на пример,луѓето кои се лути и агресивни поради нешто,слушаат метал,бидејќи таа музика најлесно им овозможува да ги искажат своите чувства и ставови.Сигурно нема да слушаат поп-балади.
Ама тоа важи само за одредени луѓе.
Реков на крајот,клучен е вкусот и факторите шо го одредуат него.
Генерализација нема.
Турбо-фолк рулз.
Ја сум глуп.
Peace.:):)
 
Кутрите вие интелегнтни мора да покажете дека не слушате метал.
Голем ташак, кажал некој што си истражувал дека тоа и тоа... и што, тоа е некое официјално правило?
Нормално дека не е, ја сум прв пример...слушам метал, ама сигурен сум дека немам некое IQ којзнае какво, не сум праел, а не ни сакам да праам. И да имам големо нема да се разбацувам. Поентата на темата сите ја утињате, со тоа што ја користите како прво за малограѓански бранења на вашите неслушања на метал. Голема ви е интелегнцијата.
Вистината боли...многу боли....мноооооооогуууууу боли-посебно ако кажуваш на 80% од популација ваков податок.:(
 
.....покажуваат новите истражувања, кои како причина ја посочуваат катарзичната моќ на овој вид музика.

Во студијата спроведена од Стјуарт Кадваладер и Џим Кембел од Националната академија за талентирана младина при Универзитетот во Ворвик, бил регистриран голем број на студенти кои го селектирале хеви металот како свој омилен музички жанр.

Постои општоприфатено верување дека надарените студенти го минуваат времето читајќи книги и слушајќи класична музика, но истражувањето покажа дека тоа е само погрешен стереотип. Испитаните 1.000 студенти на возраст од 11 до 18 години, кои се дел од 5% најпаметни луѓе во цела Британија, го побија верувањето дека т.н. металци најчесто се деликвенти и необразувани личности.

Студентите требале да ги опишат своите семејства, ставот кон образованието, своето хоби и предностите на медиумите а потоа и да ги рангираат жанровите музика кои најчесто ги слушаат. Од резултатите јасно се видело дека рок музиката е најпопуларниот тип на забава, но и дека постои одредена поврзаност помеѓу музиката која ја слушаат младите и нивните животни ставови.

Авторите на истражувањето тврдат дека оние на кои металот им е омилен издувен вентил, имаат недостиг на самодоверба, проблеми во односите со семејството и потешкотии при склопувањето нови пријателства. Некои од анкетираните студенти признале дека ја користат хеви метал музиката за да се справат со притисокот кој им го предизвикува нивната интелигенција, но и со фрустрациите и гневот кој секојдневно го чувствуваат.

_______________________________________________


Музиката која мнозинството ја сметате за агресивна и неандерталска, сатанистичка, одвратна...вистина е, има агресивност, има сатанизам во одредени поджанрови... но, зошто тинејџерите прибегнуваат кон оваа музика? дали затоа што овозможува идувување и искажување на своите мисли-емоции-размислувања, и не се пронаоѓа оваа музика во луѓе со затворени умови, конзервативни размислувања...

Let's go...пишујте
На ова јас имам вакво гледање.Значи,поинтелегентните луѓе(според мене не значи дека се поинтелегентни,туку повеќе начитани),или како што е пишано погоре,луѓето што во слободно време читаат книги и сл. т.е луѓето што помалку обрнуваат внимание на социјален живот,во суштина во училиштата се етикетирани како бубалици,лузери и сл...одтука тие почнуваат да слушаат таква музика,знаејќи дека металците и сл. не се луѓе со стереотипи(што јас многу го почитувам),се поинакви,т.е исто како и самите тие,и сметаат дека ке бидат без проблем прифатени од нив.Токму заради ова,јас мислам, дека почнуваат да ја слушаат оваа музика.....
мое мислење:smir:
 
А ти па која генерализација ја напраи.
Ја демек агресивна сум па затоа слушам метал?
Ама и у исто време смирен карактер сум па затоа слушам реге?
И би требало да почнам да слушам транс оти ме интересира да си го истражувам мозокот?
Ај батали тоа шематизирање.
Да останеме само на тоа дека најголем дел од интелигентните тинејџери не слушаат турбо:D

Ух, верувај дека би се разочарала ако ги познаваш истите што и јас.
Ептен интелегентни со огромен потенцијал во нив ќе откачат шабанарија тешка.:)
 
Ух, верувај дека би се разочарала ако ги познаваш истите што и јас.
Ептен интелегентни со огромен потенцијал во нив ќе откачат шабанарија тешка.:)
Тоагш не се интелигнетни, секој што совесно го одбира тоа или е луд или има блага форма на ретардација...а лудаците се ретки.
 
Не споменав прееска,исто така сметам дека интелефенцијата не игра ама баш никаква улога во изборот на стилот на музиката...блијание има пред се слухот,околината,менталитетот,и тн...А за воведниот дел од темава го искажав моето мислење зошто е тоа така..
 
Верувам дека некои од вас знаат дека композиторите, па и слушателите на класичната музика имаат повисок коефициент на интелигенција.

http://www.psychologicalscience.org/pdf/ps/musiciq.pdf
http://www.cerebromente.org.br/n15/mente/musica.html

Метал музиката е структурирана на скоро ист начин како и класичната музика.

http://infernality.blogspot.com/2006/12/classical-influence.html

Значи, постои веројатност истражувањето да е точно. :smir:
 
Дечките кои слушаат метал се повеќе затворени во себе,и се она кое ке го кажат сакаат да биде “нашминкано“ што кај другите остава впечаток на повисока интелегенција, додека пак интелегентен тип кој се вклопува добро во околината, да речеме кажува пропрости вицеви и ја искажува својата блага ретардираност... не може да се смета како интелегентна личност на прв поглед...
 
во metal се претставени случки од вистинскиот живот,проблеми со семејство,другари,дрога и незнам шо уште не. И очигледно е дека сите сакаме да слушаме песни во кои се пронаоѓаме себеси или барем е опишана некаква слична ситуација.И на некој начин таквите бегаат од реалноста, но проблемот не се решава сам од себе.
 
Аууу каква одбрана на турбо фолкот... ова... мувата на капата а ?
Мрсни коси а, сите металци носат црно, се дрогираат итн, малку дискриминираш нели ?
Ќе позајмиш малку шампонче од коприва... или било какво де... битно да го користи некоја твоја турбо хероина.

Значи да разбереше што сакам да кажам, верувам немаше да ме цитираш. Како и да е, не го бранам турбо фолкот туку се обидувам на луѓево да им објаснам дека постои друга музика освен метал и турбо фолк, а не сите ебани поделби што се коментираат на форумов и воопшто насекаде се металците се паметни, фолкерите глупи, а што е со другите? Или случајно музиката нема везе со интелектот, туку со (НЕ)вкусот... И да дискриминирав немаше да имам другарки и другари металци, тоа го кажав поради тоа што одредени металци не сакаат да ги генерализираат и да ги зборат како луѓе со мрсни коси, наркомани и слично, а кога се генерализира у однос на тоа дека се паметни поради тоа што слушаат метал не чув некој да рече не е така, тоа е генерализирање и слично. Се надевам сеа појасно ти е на што целев и дека мојот пост не беше бранење или напаѓање било кого.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom