@LudPetel
Вака на слики океј излгеда монтажата, не не многу во таван,... само малце глуп односот на мајсторов ако ти му речеш ваму сакам и тој од чист инат и без никакви причини и објаснувања да ти речи е јас не сакам таму ,ваму сакам или не ти ја потпишувам гаранцијата
Тоа што неќел да буши нова дупка е сигурно за да си одмали од работата (тоа му е вклучено во парите што ти ги наплаќа за монтажата) сем ако не ти одмалил некој стотка што шансите да се случило се 0.01%.
Е сеа околу тестирањето, во ладна куќа можеш едино максимум да и измериш, ништо друго....
Бапни ја на максимален ФАН и степени дури оди 30-31С и да видиш колку струја ќе тргне од штекер, а и барај некоје термометраче да моеш да измериш колку топол воздих ќе извади кај издувот а не само на осетот на рака да се ослонуваш. Оптимално би било и најгоре над клима да измериш колку е температурата при усисот, и веднаш пред отворот колку е на издувот па така ќе може и COP да се пресмета.
Модулација ќе тестираш откако ќе се загрее просторот и ќе почне постабилно да работи.
За тоа со Влажноста на ваздухот, климите се сметаат за ниско-температурно грејно тело и во реалност не ја намалуваат влагата во воздухот.
Да такво е чувството веднаш пред климата зашто сепак го загрева воздухот до 60С ама штом тој воздух се олади си ја повраќа влагата.
Затоа и кога се користат на греење климите не кондензираат од внатрешната единица т.е. не извлекуваат влага од просторот.
Кога е на ладење е друга приказна.
Откако следам по дома со термометрите ми е јасно дека зимно време просторот подома е со повисока влажност а надвор е со многу мала преку ден, па при секое проветрување низ дома на графиконите се бележи пад на влажноста. Гледај колку е очигледно на график за последниве 5 денови.
Прегледај го приврзокот 400883
Честа заблуда кај луѓето е дека климите им го сушат воздухот па отвараат да влезе свеж воздух, а во суштина сушењето се прави при проветрувањето (кое е неизбежно па ете ја и потребата од дополнителен навлажнувач за во зимно време)
За крцкањето на пластиките, тоа се случува кога ќе има нагли промени на температурата во изменувачот во внатрешната....
Пример, секогаш кога прави дефрост.. и можеби ако ја иссилиш на 30С да дува и потоа ја згасниш па може ќе крце додека лади.
А за ова, јесте да е внатрешната со 4 реден изменувач, ама ќе треба да покажиш и докажиш околу издувот