И кај мене вивакс аери мириса на расипани чорапи и ми рекоа со оваа средство да ја испрскам а климата е 3 години, плус кај виваксот после гасење без разлика топло ладно надворешниот мотор повторно се вклучува на 30тина секунди можеби и повеќе.
Прегледај го приврзокот 385175
Добро е оваа средство и која е процедурата ако може некој да објасни?
Првпат го слушам средствово, ама ако ти го препорачале од сервис… користи го.
Ја најобичен дизентал(хлор) користам.
Ја исклучуваш климата од струја, зимаш стол или скала…
Ја отвораш капакот. Филтрите прво во када со тушот, па после со средство, па плакнење…
Капакот исто треба лесно да се вади со нрдање лево или десно! Пластиката е на 6-8 штравчиња… и таа можеш да ја извадиш!
Кога работиш на пластиките, да знаеш дека ќе пукаат и испушаат звук како да ќе пукнат во секој момент
Страшно звучи првиот пат… ама веруј нема ништо да се деси… само пажљиво кај треба стисни, повлечи… немаш мака!
Прскалка за цвеќиња, или ако веќе немаш, некоја пумпица што распрснува… види во кој сооднос се раствара(вода), наполни и терај!
Изменувачот посебно темелно! Можеш колку сакаш до утре сабајле да го прскаш! Ем и кадичката ќе се измие убаво…
Е сега од десно е електрониката и моторчето, па или со ќесе покри, и пази таму да не испрскаш оти сиве овие средства се помалку-повеќе корозивни!
Капакот, крилцата, турбината исто можеш да ги испрскаш, со тоа што ќе ти тече на земја, па или во рака земи или на земја стави некоја вангла, кадиче…
Во рака поубаво и полесно бар мене ми иде, ама пак треба наземја некој најлон или упте едно кадиче, леген…
Ако некаде неможеш или те страв да прскаш, натопи крпа(че) и рачно пребриши!
Ако тиристорот(сензорот за темп.) е на изменувачот.. слободно извади го, и тргни го настрана.. (на жица е, само преметни го!
Дисплејот е на конектор со неколку пинови… отштекај го без страв, само запамти како бил уштекан!
Вака страшно и сложено звучи, ама веруј ми просто е ко грав…
Како за почеток да се престрашиш, земи само изменувачот испрскај го без ништо да расклопуваш…
Ако има подобрување супер, ако не процедурава… ем попрестрашен ќе бидеш
