Здраво. Конечно по 2-3 сезони размислување годинава вградив 2 инвертери во станот (70 квадрати, јужна положба, фасада со термоизолација, термопан прозори). Буџетот ми беше минимален, па за 57.000 денари набавив 2 Тесла од 3,5 KW, цена со монтажа. Е сега чекав прв месец (декември) кога цело време работи барем еден инвертер, мада не беа посебно ниски температури и искрено многу ме изненади сметката. Излезе некои 3.700 денари. Ако од оваа сума тргнам минимум 2.000 кои секако ги плаќам на месечно ниво кога не се ни грее ни лади, излегува дека греењето за декември излезе некои 1.500 денари. Не знам колку може да се зголеми сметката во јануари и февруари, меѓутоа на прва ова ми изгледа исклучително прифатливо. Претходно бев на трајножаречки камин, можеби 30 години, ама при цена на дрва од 6.000 денари дефинитивно се откажав. Некој да сподели искуства и да знам што отприлика ме чека во наредните 2 месеци?