Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Искуство со климатик gree soyal 5.5 штеловање со далинското и упатство за истото пошто неможе да се најде
Автоматски споено мислење:

 
Стигна брат. Тоа ти што рече сензорот реагира на мирис и штом отворам тераса овде кај нас у Скопјево Winix-от реагира портокалово или црвено и автоматски се засилува дувањето. Ова за пролет лето е закон иначе во зима кога е ладничко најдобро е да дува во комбинација со инвертер или клима. Ко што пишав ништо посебно штом прочистувачот го прочисти воздухот се намалува дувањето на минимум. Само се чувствува пријатен свеж воздух иначе ништо посебно.
Добро дај малку поопширно имаш ли сеа прав дома,и колку е застапен правот,оти мене кога ми работи климата секое утро на плотната од кујната се познава прав и на плочките оти се пијано финиш црна боја, дали може да покрие 99м2,како функционира она со водородни и кислородни јони
 
Добро дај малку поопширно имаш ли сеа прав дома,и колку е застапен правот,оти мене кога ми работи климата секое утро на плотната од кујната се познава прав и на плочките оти се пијано финиш црна боја, дали може да покрие 99м2,како функционира она со водородни и кислородни јони
Прав нема додека работи Winix.На пример дома чистите со правосмукалка и пожелно би било да работи прочистувач. Самиот Winix на копчето auto проценува дали треба да забрза ако имаш мирис од готвено дома или отворена тераса или да се врати на минимум ако воздухот во просторијата е чист. Воздухот во просторијата е свеж и чист како кога ќе застанеш кај превојот Стража на пауза.Јас можам да ти пишам она што го гледам и чувствувам од Winix-от а инаку имаш прочистувачи и од 700€ нагоре кои работат многу подобро да не се лажеме.
IMG20220317191520.jpg
 
Добро дај малку поопширно имаш ли сеа прав дома,и колку е застапен правот,оти мене кога ми работи климата секое утро на плотната од кујната се познава прав и на плочките оти се пијано финиш црна боја, дали може да покрие 99м2,како функционира она со водородни и кислородни јони
Има прашина по стварите, и тоа никаква битна разлика не забележувам јас!
Кога се луфтира, се правосмука, се готви нешто што мириса(а ни аспиратор на помага),
прочистувачот се гаси!

Јас две години имам, и ова со гаранција ти го кажувам.
Соба од 4х4х2.55 задимена од цигари ја чисти за 5мин, ама ова како тест!
Нема сврха да купиш прочистувач за да ти го чисти чадот од цигари!

Исто сум приметил дека не е толку битно каде стои! Може да стои во соседна соба со отворена врата и да го чисти салонот. Кај мене 60-70м2 ги работи како ништо. Сум го преместувал, сум пробувал, нема разлика! Му наоѓаш место и си ја брка работата.
 
Има прашина по стварите, и тоа никаква битна разлика не забележувам јас!
Точно така. Секогаш ќе има малку прашина по полиците ама тие се чистат рачно. Winix-от е прочистувач на воздух не е робот за да ми ги чисти полиците.
 
Точно така. Секогаш ќе има малку прашина по полиците ама тие се чистат рачно. Winix-от е прочистувач на воздух не е робот за да ми ги чисти полиците.
Кај мене има многу... :oops:
Ама јас сум во куќа до прометен пат. Не е исто тоа со станче на 6-ти спрат...

Едит: инаку е толку осетлив, што ако е на ауто, а јас здиплам ќебе или само ја откријам постелата.... одма засилува!
Мада најчесто мануелно си го работам т.е. си стои на втора брзина.
 
Кај мене има многу... :oops:
Ама јас сум во куќа до прометен пат. Не е исто тоа со станче на 6-ти спрат...
Јасно е. Поентата е да не си помисли некој овде дека ако имаш прочистувач ќе немаш грам прашина по полиците.
 
Не знам кој ги оддобрува овие зделки у уса али купување конкуренција и само крупнење на капитал на долг рок ништо нема да им донесе. Освен повеќе милијарди за милијардерите. Квалитетот опаѓа на се и све што гледаме е тешко ѓубре последниве неколку години.
 
Тоа колку пишува на упатството е релевантно исто колку и на климиТе.мк или сетек кога пишуваат за колку квадрата се! :rolleyes:
Иако проста математика е барем за прочистувачите...
Се бараат од 2 до 6 измени на воздухот во саат. Или во превод... за квалитетен пречистувач и 2 се доволни под услов да не е нешто екстремно загадено.
Пр: 65м2 х 2.7м = 175м3
Виниксот имат кадр 390, што значи со две измени на час би можел да опслужува трособен стан.

Е ама исто како и климите... друг е штосот и оптимизацијата ;)
1.Никој нејќе да слуша вентилатор на макс!
2.Некогаш ти треба и повеќе од 2 измени...
3.Ако го работиш цело време на максимум и филтерот побрзо ќе се затести...
4.Некогаш сакаш да го пуштиш за 5-10мин да заврши работа...
Итн итн итн

Ја би ја преполовил квадратурата за реално користење и добра оптимизација.
Значи 30-35м2 без маркетиншки трикови...
 
Различни модели. Конкретно мојот Winix Zero покрива 99м2
Прегледај го приврзокот 325527
Во 99м2 со висина 2,6м има 257м3.
А има инфо дека бара барем 5пати измена на волуменот на час што 390м3/h неможе да го направат 390/257=1,5....само еден ипол пати, ама 35м2 се 90м3 и блиску до тие 5 пати.
Квадратите се само реклама, време им треба на сите прочистувачиза да исчистат и не треба да се гасат кога е загадено.
 
Последно уредено:
време им треба на сите прочистувачиза да исчистат и не треба да се гасат кога е загадено.
Не се согласувам со оваа констатација!
Кога надвор е многу загадено и отвориш врата, прозор, pm рипаат преку 100, 200, прочистувачот "полудува" оди на 4та,5та брзина, фучи како торнадо!
Ама за кратко време го средува воздухот. Буквално во realtime гледам како паѓа концентрацијата, и тоа со брзина понекогаш и како секунди(најчесто за 1 во 3-5сек)!
Од 200пм може да го симне на 30-40пм за 5-10мин.
Е после е "тешкото"!
Додуша како паѓа концентрација он сам намалува и брзина, ама дури и мануелно да го оставам на таа брзина, побрзо ќе стигне од 200пм до 30пм, отколку од 30пм до 20пм. Испод 20пм многу многу тешко, а испод 10-12 никад! (Ова под претпоставка дека до толку му е точен сензорот).
Значи и ова посебно за тие што би сакале да купат! Прочистувачот е најдобар баш за најголеми концентрации да ги врати во нормала, ама тешко му оди за "релативно чист" воздух да го исполира до (да го цитирам ред зурла) планински воздух како на Стража!
Кога има ветре надвор знае да биде и 16пм, и фино-лепо си отворам прозори,врати и правам промаја.
Нема сврха од прочистувач да работи тогаш.

И да бидеме реални, за нашиве градови, еве јас сум од Велес, ама и Скопје е исто... да дишиш дома 20-30пм е подобро него ли 120-130! Ама природно 16пм кога е, а знае да биде, тоа е подобро од било кој прочистувач!

Друга работа... еднаш препорачав да не се зима прочистувач со дисплеј оти е подобро да не знаеме што дишиме, или барем ПМ да покажува, а не друго. Траги-комично звучи ама така е! Кога ќе видам VOC(volotaile organic compounds) како е често длабоко во портокалово-црвено, страв ме фаќа...
Јас дека и на ќумбе се греам CO2 е често 1200-1400ппм (нормално е 600-800).
А па тек што не мери, а знаеме дека има сулфур диоксид и оксиди на азот(од коли,камиони)...
Не за џабе рекле ignorance is bliss.

П.С. заборавив за првата точка да додадам, ако го исклучиш, пм не оди нагоре, па не ни мора цело време да работи, мада на ауто е убаво да биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom