Еднаш викаш Кариер се купени од Мидеа, сега викаш 50-50. Па не разбираш изгледа!
Кариер за амерички пазар нема допирна точка со Мидеа! Нула! Америчката фирма си е самостојна и 100% Америчка!
За остатокот од светот(глобално), Кариер има џоинт венчр со Мидеа и го користи брендот(името) за да штанца пари со кинески клими.
Истиот случај со Тошиба и GMCC, со таа разлика што лани или преклани Мидеа целосно ја купи Toshiba Life Product. Од клими до шпорети се! Целиот огранок на Тошиба за апарати за домаќинство.
И трето. Еднаш викаш Чиго се прават во "фабриките" на Мидеа, сега викаш "под раководство на Мидеа". Не ми целта да ти дадам испит од економски факултет, ама се мислам дека не ти се јасни основни појмови како ДОО или АД!

Чиго не ти е фирмичка со 50 вработени, туку со 100 000 и десет фабрики и уште 4 фирми под нив!
И четврто, увозникот на линкот што ти го пуштив ги рекламира Чиго дека користат лиценцирана Митсубиши технологија, а ти викаш ГМЦЦ?!
На кој да му верувам?