Интересно функционира темава, на прашања од лаици (како јас на пример) ретко кој одговара, секој си тера своја дискусија (реклама) и си го фура филмот... ама ајде ќе си пробам среќата пак.
Дневна од 30-35м2 и соба од 10м2.
Во дневната во моментов имам Gree клима (во атачмент спецификација за истата).
Сега имам прилика за Вивакс Аери 12ка...
Дали да ја монтирам виваксот во дневна, а gree-то да ја демонтирам и ставам во собата од 10ина м2?
Појака е виваксот до толкку за да осетам разлика?
Фала на одговор