Мислам дека зависи од големината на собата и од самата изолација, ако е поголема соба и без изолација, автоматски ти треба повисока температура за надокнадување, за чувството да ти биде " потопло ", а во помала соба и плус изолација, конкретно кај мене еве во една соба од 15 и друга од 25 квадрати, 22-23 степени е супер и не, нема потреба од кебе/ ѕиври/ вентијага и сличноИ кај мене е сетирана на 25 оди до 26.4а сега пошто е поладно е сетирана на 26,Инаку и јас се чудам како некој може да грее на 23,Да може но ако седи со Ѕиври,или грее шупичка или е во стан,во куќа посебно доколку плафонот е и повисок,не е возможно да се греете на 23,оти разликата од подот до таванот е околу 7степени,и подот е ладен и затоа бара повисока сетирана температура
23-7=16степени
Просто како грав

Собата каде што ми е сместена Хаиер Тундра 3.5kw е 25 квадрати и е изолирана, па температурата горе е 22 степени, а и долу на отприлика 1.5м висина е исто 22 степени. Еднаш сум пробал на повисока температура 24-25 степени ама не се дишеше од жешко и неудобно, така да од 22-23 не мрднувам.




