- Член од
- 17 август 2009
- Мислења
- 3.685
- Поени од реакции
- 5.315
Ако земеш просек за моќност(предавање на топлина) фенкулерите киловат за киловат се најефтина варијанта од трите!
Е сега тоа треба да ти каже нешто, оти во Македонија испаѓаат најскапа опција од сите.
Хинт: секој приучен/недоучен е парнаџија, водоводџија, а елементите се чкарт до чкарт! Само затоа радијатори, па дури и подно можат да испаднат поефтини и никако поинаку.
Ти го кажувам ова со друга сврха! Инсталација се мести еднаш засекогаш! Таа без проблем треба да има животен век како и куќата, значи со мали поправки 50+ години. Оти изворот на топлина е потрошен/расиплив/заменлив! Инсталацијата не. (Е сега кај нас местат парно за 1500€ и мислат го заебале системот! Таков ни е менталитетот и се е од денес за утре.)
Со ова кажано, тие прикаски што ти ги продаваат за мешачки вентили, бафери, разделници и сл. Се само матна вода! Ако сакаш да те боли глава утре повели....
Една вреќа пари не ти стигнува за да направиш таков систем саглам, и пак не е гаранција дека ќе работи беспрекорно!
Трето, гледам си загреан за ТП. Ме мрзи надолго да пишувам, ама побарај во темава имавме дискусија дали се исплати не. Кратко:не!
Трајно жаречо ли е? Ако е!? Не се заебавај може враќа назад. Ај остај мирисот тежок, јаглерод-моноксидот нема мирис и опасен по живот е.
Напиши подетално што е маката.
Не друже само кога се загрева ќумбето/ железото мириса. Онака кога ќе наставам у старт дрва/брикети и додека има голем оган, се загрева до макс и вцрвенува ќумбето и железото/ лулите (некои ми спомнаа дека и тие се премачкани па може и до нив да е). Мирисот неможам да ти го опишам, нешто како рерна/ рингла загреана само пута 5 појако. И во упатството пишуваше дека "ќе мириса додека не прегори бојата/премазот". Иначе ова ми е ќумбето:
https://setec.mk/index.php?route=product/product&product_id=64816
А во која смисла мислиш дека враќа назад, не сум чул за тоа нешто. Онака си функционира како што треба, си го подесувам на тие отворите за јачина на оганот. Али тоа си е засебно, не ми е изгледа дека е поврзано со миризбата.