Ова барем не е никаква новост и немам ништо против тоа. Јасно ми е и дека форумот не може сам да се рани и мора да заработи за да опстои.
Но, во исто време и претставува еден вид пораз за „форумџиски начин на живот“. Барем во моите 15+ разноразни форумџиски години, секогаш постоеле неколку основни правила меѓу кои за мене најбитни: казнување за спам и навреди и некои непишани како лаги и манипулации.
Секогаш форумите служеле за да се најди добро корисничко искуство, за да се добие добра информација, знаење и помош.
Добро е што барем се призна дека парите можат да победат и тука, па од сега ќе знаеме за „искреноста“ и „добронамерните совети“ за тоа што се претставува.