За 30 денови греење со климата (до вечерва) вкупна сметка за струја 3900 денари. 37м2 затоплувам, 2 соби и една кујна. Последната сметка за струја без клима ми беше 1800 ден, што значи околу 2100 денари одат за климата. Поточно ќе знам кога ке ставам мерач. Бидејќи немам мерач, одлучив да експериментирам. Климата работи на 100% капацитет, преку ден поставена на 25 степени на 7 брзина, преку ноќ на 21 степен на 5 брзина (доколку ги сметаме и двете ауто фан почетни брзини). Искрено задоволен сум од греењето и сметката за истото. Но да бидам искрен има голем простор за намалување на сметките, бидејќи кажав и претходно немам надворешна изолација, и ако се земи фактот дека терасата која ја преградив и ја споив со дневната, на истата ставив три метални столбови на надворешниот ѕид. Тие метални столбови кои се неизолирани ни од внатре ни од надвор влечат ладно и влага поприлично многу. За оваа зима не стасав да ставам изолација ама на пролет ќе ја завршам таа работа. Е сега кога ќе го земам предвид тој факт, мислам дека воопшто не е голема потрошената струја. Најважно ми е да сум стоплен, а да не плаќам премногу за тоа. Ќе видиме како ќе биди остатокот од зимава.