Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Некогаш, кога ќе налетам на некој филм за кој се чудам како е можно до толку да не знам ништо за него, како прв пат да го среќавам насловот, а кој потоа ќе ме освои, воодушевувањето е мултиплицирано неколку пати. Така сега, со Warrior, филм од 2011, кој веројатно цело време сум го мешал со Wrestler на Аронофски, мислејќи дека е ист филм, па затоа испадна ко прв пат да дознавам дека постои. Филмот е од една страна спортска драма (какви што обично мразам), нормално, полна со клишеа, и од друга страна семејна драма за едно скршено семејство кое се обидува повторно да биде семејство, дел кој буквално ме освои. Емоциите победија тука над клишеата. Јас останав без зборови. Па уште и "oh, captain, my captain" моментот од филмов, кој секогаш ме освојува... Па, па, па... Филмов за мене е вистински masterpiece!
 
Општо познато е дека луѓе што не го слушаат Ио пропуштаат добри филмови.
 
Народе, народе, чујте и почујте! @Anon ги изгледа сите филмови од IMDB TOP 250! :aplauz:
Хаха чек.
1582822065132.png

~3 месеци ми требаа а почнав од некаде ~130.
Го завршив квестот еве го кај и да е... иако листата се менува секојдневно, горе долу се ми е покриено.
Имаше солиден број прејаки филмови, солиден број на просечни, солиден број на разочарувачки... имаше и 3 многу добри индиски филмови!

Сега следен квест ми е да имам повеќе филмови изгледано од Злате во следниве листи
Планот е да се сортираат тие што не ми се гледани според runtime и да ги гледам најкратките пошо оваа имдб 250 ме уби, 3+ часовни филмови колку сакаш...
А најдобро е да направам и cross-reference и да видам кои негледани филмови ги има во повеќе листи :zloo:
така да со 1 камен 2, 3, 4, 5.. птици. Сега ПЕТА ако ме казни???
 
И дури ги гледал, листата се сменила :pos:
Има и таква листа, кај што се сите филмови што биле во IMDB TOP 250.

И тука ме стигна. Јас сум моментално на 389/961 - 40%
Автоматски споено мислење:

Планот е да се сортираат тие што не ми се гледани според runtime и да ги гледам најкратките пошо оваа имдб 250 ме уби, 3+ часовни филмови колку сакаш...
Има листа на пократки од 100 минути. Бујрум:

126/499 - 25%
 
Гледани 87/100 од првата страна. После ми се смачи да бројам.
 
Босанецот Данис Танович го снимил првиот амерички филм The Postcard killings - трилер со Ниган од TWD и Фамке Јансен, по роман од Џејмс Патерсон.

Не верувам дека Синеплекс ќе го донесе, па ќе се чека на торент ова.
 
Гледани 87/100 од првата страна. После ми се смачи да бројам.
Па не треба да се брои бре. Ти одамна требало да си направиш Letterboxd и да си ги додадеш гледаните филмови... ќе ти одземе неколку саати и неколку денови ама после ќе ја имаш привилегијата да ти кажува самиот LB колку од листата ти се гледани.
1582903855147.png
 
Ја гледам листава добитници на оскар од неанглиско говорно подрачје и си правам листа на филмови што би ги изгледал. Да не претерам, ама во 60-70 посто од филмовиве во плот имаш WW2. (n)

Убеден сум дека за пола од тие филмови имало некој подобар кандидат за Оскар во скратената листа номинирани.
 
Јас имам гледано 23 од нив, од тие 23 само 5 се за WW2. Е сега не знам за останатите, може си во право. Инаку од тие 5 што сум ги гледал за WW2, ако не си го гледал The Lives of Others, тоа е лектира, a must! И не е директно поврзан со WW2, ама нејсе.
 
Ги отварам на летербокс и во кратка содржина многу често имаше Наци, WW2 или Аушвиц.
Еве не биле 60 проценти ко што тропнав на почеток.
Сега ги броев во 15 филма од 72 добитници имаш некои од тие три збора. Значи 21 процент од добитниците се со сетинг Ww2, уште 7 филма во кои се споменуваат други војни или 31 процент од добитниците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom