Шала на страна другар можеби твојата е некоја добра клима,оваа е тешко ѓубре мојава.
Тоа не значи дека инвертер е лошо за греење. Туку дека ти имаш поддимензионирана клима. Тоа е многу различно едно од друго. Ти можеш да си ставиш соодветна клима како Daikin FTXF50 на пример кај тебе, или пак Panasonic VZ12SKE или пак Daikin Ururu Sarara 32. Или барем една кинеска Gree Hansol 18ka и ќе бидеш презадоволен.
Ама знаеш како викаат сиромавиот плаќа 2 пати, а со климиве понекогаш е и 5-6 пати дека плаќа. Ќе се земе слаба клима за 30000 денари, па нема да грее доволно, па ќе се палат панели, па струја ќе стигне висока И НЕ СЕ КРИВИ ПАНЕЛИТЕ - КЛИМАТА ТРОШЕЛА! Па после ќе се вратат на дрва пак, па ќе земат сега неспремни касно дрва, нема да се досушени, па дека е веќе сезона ќе се поскапи, па нема да горат добро. Пак климата крива што не земале дрва! Пари изнадавани насекаде. Па КОМШИЈАТА ИМАЛ ПЕЛЕТИ. Па ајде за следна година пелети ќе става, па од бор пелети од србија ќе шверца. Па ќе се глупира. Пари уште. Пак ладно, нема пелети се заглавил полжавот не биле квалитетни. Или 30Ц дома, или ладно. Нема средина. Комфор ТОПЛО БИЛО СО ПЕЛЕТИ СЕГА. На крај пак испаднало отров скапо со пелети. Па ќе се продаде печката, па после пак дрва ама позајмени. Па дрвото во двор го исекле, па тоа го цепат. Влажно, влажно... труе цела населба!
Вкупно трошок за 3-4 години и максимално мрцварење КЛИМА НЕЧИНИ!!! СР*ЊЕ Е КЛИМА!!!! СЕ ИЗНАДАВАВМЕ ПАРИ. А уствари тоа врска нема со климата. За да уштедат на „Климата“ кутра ни крива ни дужна, наменета за 2.4KW да грее, ja шибнале во простор со 4.5KW загуби. Она грее пустата, не дека не грее, ама толку и е намената. Наместо да земат клима од 80000 денари рецимо, земале од 30000 денари. И „УШТЕДИЛЕ“ 50000 денари на климата, а потрошиле 200.000 денари на глупирање и мрцварење и вкочанет грб. Да си ставеле соодветно, на рати на 3-4 години плаќање климата, никому ништо. Чистење секоја есен 1500 денари, филтри миење секој месец. Чист воздух. Време за со децата и пријателите вишок. Топло дома. Мозок на пасење. Или ќе се замараш дали било 800W денес просек, или ууу заладило па на 920W кренало.

Па си ставаш силиконче наесен по прозори, проверуваш провев, ставаш дихт траки. Ти останале пари и време за да се замараш со побитни работи како изолација и прозорци. Па сметките дошле, се смеете на глас коклу ефтино е греењето со клима. До сега сте давале 10000 за дрва или 20000 за на струја, сега по 5000 во најладното. Па останала паричка и за прозорец да се смени. Останало време да се сработи и нешто плус. Па за година-две PVC прозорци. Па обично сте кречеле на 2 години со дрвиштата, сега на 5-6 кречите. Па останала паричка за на следно кречење едниот најкритичен надворешен ѕид да се налепи со 2цм стиропор... Па ова па она. И така.
Е затоа клима истовремено нечини, и истовремено е идеално грејно тело. За некому мајка, за некому маќеа.
Новијат флагман на Панасоник Panasoinic CS-VZ12SKE / CU-VZ12SKE HeatCharge Работен режимк с непрек'снато отопление до -35°C; фреон R32
www.youtube.com
Daikin Ururu Sarara con R-32 y Etitquetado A+++
www.youtube.com